Author: Нова ТВ

Српските медиуми денеска ја соопштија информацијата дека на институтот „Торлак“ во Србија отпочна производството на руската вакцина „Спутник В“, а ваквата информација преку соопштение ја потврдил и Рускиот фонд за директни инвестиции (РФПИ). Со тоа, Србија стана првата држава во јужна Европа која ќе произведува „Спутник В“. Производството во Србија е во согласност со најстрогите стандарди“, се вели во соопштението од фондот. Директорот на рускиот фонд, Кирил Дмитријев истакнал дека од почетокот на оваа година вакцината „Спутник В“ активно се користи за вакцинација на луѓето и благодарејќи на започнувањето на локалното производство, обемот на вакцинација ќе биде значително зголемен. Со…

Read More

-Вистината нека се провери преку институциите. Нема затскривање позади функции. Достоинството и интегритетот се пред се. Ова е дел од содржината на писмото до премиерот Зоран Заев, со кое поранешниот генерален секретар и советник во Владата Драги Рашковски поднесе неотповиклива оставка од функцијата која ја извршуваше. Писмото на Рашковски според неговиот датум е испратено во понеделникот на 12 април, а одлуката за ваков чекор доаѓа по многубројните обвинувања од опозицијата, написите во дел од медиумите но и отворањето на повеќе случаи од страна на ДКСК како и отворањето на предмет од страна на Обвинителството по допрен глас. Изминатиот период името…

Read More

Не можам да менувам систематизација за некој без соодветно образование, односно за некој што не ги исполнува посебните услови за вработување во ДПИ, да отворам такви места, па по одредено време истите места да ги укинуваме, правам и јас одреден прекршок, односно правам можеби и кривично дело, истакна на денешната прес-конференција директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, во однос на 35-те вработувања во ДПИ, наложени од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците. Тој нагласи дека ДПИ од Владтаа барал прием на инспектори и да се пополнат испразнети инспекторски места. – За жал она што го добивме од…

Read More

„МГ Фешн“ сака искуството од проектот „Скопје сити мол“ да го примени на градежната парцела 1.1 на паркингот спроти „Холидеј Ин“, каде во проектот „Гранд“ ќе инвестира 60 милиони евра, во чија реализација би се вклучиле голем дел од домашните градежни компании, а нуди и нови вработувања и средства за развојни проекти за локалниот и државниот буџет, најавија денеска од домашната компанија. – Замислата е во истиот дух да го претвориме запоставениот, руиниран простор во центарот на градот во нов зелен, урбан и модерен комплекс кој е еколошки и енергетски ефикасен, изјави Илија Божиновски на денешната презентација на проектот преку платформата Зоом. Тој нагласи дека станува збор за станбено-деловен комплекс што ќе се реализира во три фази. – Во проектот се инкорпорирани многу јавни површини и зеленило. Идејата е овој комплекс да претставува ново обележје на градот, како нов модерен деловен центар на Скопје, рече Божиновски и се заблагодари на жителите на Ново Маало за како што рече, нивната поддршка и соработка за реализација на проектот. Тој посочи дека „МГ Фешн“ останува отворена за комуникација со сите сопственици на имот и нивно адекватно обесштетување со цел закружување на проектот. Градежната парцела 1.4, додаде Божиновски, е со приближна големина на Плоштадот „Македонија“ и на неа според ДУП-от не се предвидува градба на објекти, туку…

Read More

Иако изминатиот период се забележува намалување на трендот на новозаболени лица од ковид 19, сепак доколку се востанови дека се уште има потреба од тоа, рестриктивните мерки ќе останат на сила и по 20 април, истакна министерот за здравство Венко Филипче. – Во зависнот од индикаторите ќе утврдиме дали има потреба, и доколку има секако дека ќе ги продолжиме, истакна ресорниот министер. Во однос на вакцините уште еднаш истакна дека сите се безбедни, проверени. За себе вели ќе се вакцинира кога ќе пристигне поголема количина и кога ќе му дојде редот, додавајќи дека не сака да не го земе редот…

Read More

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања изјави дека оставката на владиниот функционер Драги Рашковски, иако е прв морален чин, таа требала да се случи многу порано. -Оставка треба да си поднесе целата Влада, не само Рашковски. Тој одамна треба да биде таму каде што припаѓа, а тоа е во затвор. Не може службеник со плата од неколку стотици евра или професор на факултет да поседува и да гради хациенда со по илјадници метри квадратни, да летува и да дезертира во ек на пандемија и да ни кажува дека таму биле евтини аранжманите, да се вози со нови џипови од 70000 евра, според информации во медиумите. Ако сето ова се потврди дека е точно, ова е уште еден срам и блам на оваа Влада, рече Мицкоски. Рече дека иако оставката на Рашковски требала да се случи многу порано, ова треба да продолжи во континуитет и со Владата, изразувајќи жалење што, според него, вакви луѓе…

Read More

Прес – службата на Здружената команда на украинските вооружени сили соопшти дека украинската војска спроведува големи вежби во близина на Крим. Тензиите во Донбас значително се зголемија во последните неколку недели. Двете страни во конфликтот меѓусебно се обвинуваат за ескалација на гранатирањето. Во исто време, Западот ја обвинува Русија за засилување на агресивната акција во близина на украинската граница и трупање војска околу Украина и овластите Донбас и Луганск каде доминантното население го сочинуваат Руси. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, ја повика во вторникот Русија да престане со наводните провокации. „Изминатите седмици Русија доведе илјадници војници подготевни за борба…

Read More

Во Франција ќе се извезе линданот, а во Холандија ќе биде извезена контаминираната земја под линданот во кругот на фабриката ОХИС. Од малата депонија до почетокот на наредната година до колку дозволат условите со пандемијата, би се отстраниле првите количини од 700 тони контаминирана почва. Ова како што информира портпаролот на Владата Душко Арсовски го предвидува планот за ремедијација на локацијата во фабриката, кој започнува со денешното издавање дозволи од министерот за животна средина. -Со издавањето на ова решение денеска од  министерот за животна средина почнува имплементацијата практично на планот за ремедијација. Во постапката за издавање на две дозволи за извоз на опасен…

Read More

Откако стана јасно, а и самиот изјави дека нема да седне на премиерската фотелја како предлог на победничката ГЕРБ, Бојко Борисов најави дека партијата ќе предложи ново име кое како што најави ќе биде кандидат за премиер со проевропска и про – НАТО ориентација. Денеска софиски „24 часа“ повикувајќи се на партиски извори пренесува дека новото име кое ќе го предложи ГЕРБ е Даниел Митов. Според описот на Борисов токму Митов, кој во Министерството за надворешни работи влезе како човек на Реформаторскиот блок, како министер поддржуваше таква ориентација. Даниел Митов на 6 август 2014 година беше предложен од тогашниот претседател…

Read More

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери за попладнево свика вондредна средба со координаторите и претставниците на политичките партии во Собранието во врска со начинот и динамиката на продолжување на тековната работа на Собранието, пленарните седници и седниците на работните тела. Се очекува тој и претставниците на парламентарните партии да разговараат кога ќе продолжат заостанатите седници на кои има точки на дневен ред кои беа одблокирани по средбата на премиерот Зоран Заев со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, а потоа и со лидерите на АА и Алтернатива Зијадин Села и Африм Гаши за законот за државјанство. Меѓу нив…

Read More

Оставката на Драги Рашковски од функцијата во Влада нема да влијае врз предметите што Државната комисија за спречување корупција ги отвори за него. Првата антикорупционерка вели ДКСК ќе продолжи да постапува. – ДКСК ќе продолжи со постапување по предметите поврзани со Драги Рашковски, ДКСК информира дека оставката на поранешниот генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија не влијае на работата по споменатите предмети. Постапувањето ќе продолжи согласно надлежностите и процедурите на ДКСК, вели претседателката Билјана Ивановска. ДКСК разгледува три предмети за Рашковски – Инвока, Леонардо и имотната состојба.

Read More

Сите заинтересирани компании кои сакаат да ја искористат мерката за помош за исплата на плати за месеците февруари и март, мерка од петтиот пакет економска помош, може да аплицираат за истата до 30 април годинава. Комисијата за финансирање и буџет со амандман изврши уште една интервенција во рокот и го продолжи за уште петнаесет дена бидејќи законот до сега беше блокиран во собраниските процедури. Поради доцнењето на усвојувањето на мерките, прифатен е едногласно амандманот на Законот за финансиска поддршка за самостојни вршители на дејност за месеците февруари и март, по скратена постапка, како и на законот за финансиска поддршка на…

Read More