Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Нова ТВ
Шпанскиот поет Хусто Хорхе Падрон, лауреат на Струшките вечери на поезијата (СВП) во 1990 година, почина денес на 77 години во болница во Мадрид по компликации од Ковид-19. Веста на Фејсбук ја соопшти неговата сопруга која е Македонка, преведувачката и поетеса Клеопатра Филипова. Падрон и сопругата беа едни од најредовните гости на Струшките вечери. „Готово е, ја изгубив љубовта на мојот живот, мојот еден и единствен сопруг, мојот животен партнер. После 35 години, 24 часа на ден заедно, проклетиот ковид нѐ раздели засекогаш. Но, ти ветувам љубов моја, дека секогаш ќе се борам да ги бранам твоите соништа, да ја…
Владата денеска ја објави листата на лица кои се тековно ангажирани преку авторски договори за специфични задачи кои не може да се обезбедат од редот на вработените. Листата на професионални соработници, велат од Владата, потврдува дека нема „тајни хонорарци“, туку транспарентно ангажирани стручни лица за извршување задачи за Владата преку кои институциите им служат на граѓаните. -Како што беше најавено во текот на минатата недела, Владата на Република Северна Македонија денеска ја објавува листата на лица кои се тековно ангажирани преку авторски договори за специфични задачи кои не може да се обезбедат од редот на вработените, откако претходно беа извршени консултации со…
Хрватска и 12 земји членки на Европската Унија постигнаа договор околу критериумите за издавање на ткн. ковид-пасоши, со што навреме би се олеснил протокот на турсити, соопштено е денеска во Виена. „Наша цел „зелениот пасош“ брзо, и по можност, во единствен облик да се применува на ниво на ЕУ“, рече австриската министерка за туризам Елизабет Кестингер во разговор со АПА. Прашање на опстанок на европскиот туризам Таа рече дека се работи за „прашање на опстанок на европскиот туризам“. Хрватска, Австрија, Кипар, Данска, Франција, Германија, Грција, Италија, Малта, Португалија, Словенија и Шпанија уште кон крајот на март се договорија за седум…
Европската Комисија не го коментира случајот со фалсификуваните пасоши од Северна Македонија, но потсетува дека редовно врши ревизија на критериумите за безвизен режим, јави дописничката на МИА од Брисел. Откако се појавија шпекулации во јавноста дека Северна Македонија би можела да го изгуби безвизниот режим со ЕУ поради фалсификуваните пасоши во МВР, од Европската Комисија потсетуваат дека безбедноста на личните документи е клучна. -Она што можеме да го кажеме е дека прашањето за безбедноста на документите е еден од условите за либерализација на визниот режим, според кој земјите ослободени од визи имаат обврска да ги усвојат и имплементираат соодветните административни…
Павле Беловски е избран за в.д. претседател на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) на Собранието што се одржа во саботата. Како што соопшти ССНМ, на Собранието кое првпат се одржа онлајн, Беловски едногласно беше избран за претседател на ССНМ, каде го наследува Ѕвездан Георгиевски кој ја водеше организацијата во изминатите две и пол години. На Собранието, како што се наведува, беше донесена и одлука за проширување на Извршниот одбор (ИО) од досегашните 9 членови на 13, пред се со синдикалните претставници од медиумите кои имаат формирано синдикални групи. Покрај Маја Јовановска, Павле Беловски, Тамара Грнчароска, Роберт Атанасовски…
По пет години од почетокот на едно од најважните граѓански движења за демократија и правда, „Шарената револуција“,владините политики останаа доследни во почитувањето на барањата и заложбите, напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил. Според него „Шарена револуција“ предизвика огромни промени во македонската политичка и општествена реалност. Процеси кои потоа поминаа низ институционалната рамка откако претходеа реформи во правосудството, во изборниот законик, во медиумите и во јавната администрација. – Таа беше јасниот и гласен изблик на граѓаните дека никој не може да им ја одземе слободата и да ги зароби општеството и државата и дека тие знаат да застанат во…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, соопшти дека владината прес служба во насока на транспарентноста во однос на податоците од интерес на јавноста денеска ќе ги соопшти деталите за сите лица кои биле ангажирани хонорарно од Владата и кои се причините за ваквите ангажмани. -Владата е како кабинет, асистент на сите други ресори. Многу често ни требаат хонорарни ангажмани, од осветлување, до озвучување, до подготовка на прес-конференции, до соопштување на важни работи за јавноста за граѓаните, токму преку вас медиумите, за одредени други времени активности, за кои што немаат никаква потреба трајна да бидат згрижени, а се…
Министерството за култура и Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) денеска потпишаа меморандум за меѓусебна соработка, во областа на архитектурата и заштитата на недвижното културно наследство. Како што соопштија од ААМ, прва активност овозможена со потпишување на овој Меморандум за соработка е вклучувањето на тим професионални кадри, чија специјалност е заштита на објекти од културно наследство, во стручното тело при Министерството за поддршка на процесите на Охридскиот регион. Меморандумот предвидува соработка меѓу Министерството и архитектите во планирање проекти и активности поврзани со архитектурата во областа на заштитата на недвижното културно наследство. Исто така, и давање стручни мислења поврзани со архитектурата…
Лидерите на Алијанса за Албаците, Зијадин Села, оцени дека по денешната средба со премиерот Зоран Заев тие се надобар пат за да се изнајде решение за проблем стар три децении, односно да се реши статусот на лицата кои живеат без документи во оваа држава. – Овој закон го предложивме заради демократски напредок на државата, затоа што ќе нѐ одведе чекор напред кон демократските и цивилизирани држави кон кои тежиме со аспирациите за членство во ЕУ, а не кон тоталитарните, истакна Села по средбата со Заев. Тој додаде декадоколку не се постигнеше договор, земјата ќе биде ставена на листата на држави…
Премиерот Зоран Заев во врска со обвинувањата на опозицијата дека неговиот братучед Трајче Заев е вмешан во случајот со запленетата дрога во акцијата што во петокот ја спроведоа МВР и американската ДЕА, истакна дека пред законот сите се исто и доколку некој го прекршил ќе си одговара, без разлика со кого е близок, се дружел или пиел кафе. Премиерот нагласи дека неговиот прв братучет Трајче Заев веќе ги демантирал информациите што опозиционерите ги пуштија во јавност. – Впрочем, комбето има грчки регистарски таблички. Немам што да додадам, ниту да одземам, законот важи еднакво за сите. Александар може да дружи со…
Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, истакна дека по денешната средба со премиерот Зоран Заев постигнат е напредок во преговорите и како што посочи за неколку дена би можело да се дојде до заедничко решение за законот за добивање на државјанство. Како што посочи, за него и за лидерот на партијата Алијанса за Албанците, средбата е позитивна. „Ние сме оптимисти дека за неколку дена можеме да дојдеме до еден заеднички текст и решенија кои би довеле до завршување или окончување на проблемот со законот за државјанство. И ние и власта се базираме на стандарди кои се применуваат во најразвиените европски држави“,…
– Во однос на претходната средба и двете страни дојдоа подготвени, верувам дека до крајот на неделата врз основа на анализата која што експертите од МВР ќе ја направат ќе можеме да финишираме со закопнското решение за државјанствата, истакна премиерот Зоран Заев по денешната средба со лидерите од опозициската коалиција Алијанса – Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши. Заев додава дека врз основа на постигнатиот напредок на средбата било разговарано за сите отворени прашања кои што беа предлог во законското решение од ААА и изнајдени се механизми за законско решение. – За деталите не би зборувал бидејќи ние сме политички…