Author: Sashko

Унгарија ја понижи Англија на стадионот „Молино“ во Вулверхемптон со 4:0, а Германија ја декласира Италија во Менхенгладбах со 5:2 во последниот термин од јунската репрезентативна акција во фудбалската Лига на нации. Изненадување на вечерта приредија Унгарците кои за првпат славеа против англиската репрезентација на Островот по 1953 година. Големиот триумф го најави Роланд Салај во 16-та минута, а потопот на Англичаните беше комплетиран во последните 20-тина минути од натпреварот. Салај беше стрелец и на вториот погодок во 70-та минута, десет минути по него погоди и Наѓ, додека конечните 4:0 ги постави Даниел Гасдаг во самиот финиш. Англија го одигра…

Read More

Тенисер(к)ите од Русија и од Белорусија ќе може да настапат на годинашното издание на Ју-Ес опен, и покрај руската инвазија на Украина, соопштија организаторите на американскиоот гренд слем. Извршниот директор на Тенискиот сојуз на САД, Лу Шер за агенцијата АП изјави дека УСТА решила да дозволи настап на руските и на белоруските тенисер(к)и под неутрално знаме, како што беше случај и на други тениски турнири во светот, вклучувајќи го и Ролан Гарос кој заврши на 5 јуни. По почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари, спортистите од Русија се соочија со забрана за учество во натпревари во бројни…

Read More

Верба и надеж дека бугарскиот премиер Кирил Петков ќе успее да состави ново парламентарно мнозинство во наредните неколку дена и со поддршка на Европската Унија (ЕУ) да се тргне ветото за Македонија за почеток на преговорите за членство, испорача Васко Наумовски, поранешен вицепремиер на македонската влада и политички аналитичар во вечерашното гостување во „Клук плус“ на ТВ 21. „Бугарија минува низ нова политичка неизвесност што е својствено за нив во изминатите две или три години. Една од темите за кои постојат разлики меѓу коалициските партнери, секако, е односот со Македонија и билатералниот спор што го имаме. Излегувањето од владата на…

Read More

Турција е подготвена да го блокира членството на Шведска и на Финска во НАТО повеќе од една година, доколку не добие гаранции од двете земји дека ќе се справат со курдските групи кои Анкара ги смета за терористички организации. Ова е прашање што може да го наруши Самитот на НАТО во Мадрид на 29 јуни, пишува „Гардијан“. Турција ги обвинува Шведска и Финска за криење на наводни членови на Курдската работничка партија (ПКК) и, исто така, се противи на нивните одлуки од 2019 година да забранат извоз на оружје во Анкара поради турските воени операции во Сирија. „Ова е прашање…

Read More

Украина доби само десет отсто од оружјето што го побара од западните земји, изјави денеска заменик-министерката за одбрана, Ана Малиар, за време на телетонот организиран од украинскиот јавен сервис. „Капацитетите на Русија во однос на персонал и оружје се неспоредливо поголеми од нашите. Колку и да вложуваме труд и колку и да е професионална нашата армија, без помошта на западните партнери нема да можеме да победиме во оваа војна“, изјави Малиар, пренесува ТАСС. Таа предупреди дека во овој момент украинската армија нема доволно оружје и воена опрема за рамноправно да ѝ се спротивстави на руската војска. Како пример, таа наведе…

Read More

Рускиот дисидент Алексеј Навални е префрлен во казнена колонија со високо обезбедување (ИЦ-6) во селото Мелехово, во Владимирска област, изјави претседателот на комисијата за јавен надзор, Сергеј Јажан за агенцијата ТАСС. „Тој пристигна во ИЦ-6 и таму се наоѓа“, рече Јазан. Адвокатите на Навални претходно соопштија дека нивниот клиент бил префрлен од колонијата Покров, во Владимирска област, каде што престојуваше досега, на нова, непозната локација под строг режим, откако во сила стапи новата казна против него.

Read More

Ребалансот на Буџетот за 2022 година доаѓа по инвазијата на Русија на Украина, што ги наруши пазарите во Европа, која е наш главен трговски партнер, а кај нас се одрази со зголемување на цените на основните прехранбени производи и на енергенсите за што уште во март почнавме со подготовки на пакет мерки, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими во вечерашното гостување на телевизија „Сител“. „Ова што сега го правиме со ребалансот е одговор на тие мерки, значи приспособување во Буџетот. Иако имавме обезбедено само 50 милиони евра, како бафер, ние отидовме со пакет кој вредеше многу повеќе. Сега пренамените се…

Read More

И официјално раскинување на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, останување во опозиција и самостоен настан на наредните парламентарни избори. Ова се заклучоците од вчерашниот Централен одбор на партијата на кој се дебатирало по неколку важни точки за идното дејствување на ГРОМ. „Пo исцрпна дебата, Централниот одбор донесе одлука за раскинување на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението од ГРОМ. Од партијата нагласуваат оти ќе продолжат да дејствуваат како опозиција и во наредниот период ќе се подготвуваат за самостоен настап на наредните парламентарни избори. Ваков епилог и се насетуваше по неодамнешната изјава на претседателот на партијата и градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски…

Read More

Министерката за европска интеграција на Србија, Јадранка Јоксимовиќ изјави дека кластерот 3 во преговорите со Европската Унија (ЕУ) нема да биде отворен во јуни, бидејќи земјата нема воведено санкции против Русија, јави дописникот на МИА од Белград. Кластерот 3, кој Србија го очекува во евроинтеграциите, го вклучува, меѓу другото, информатичкото општество и медиумите, даночниот систем, економски и монетарни политики. Јоксимовиќ за РТС изјави дека овој кластер нема да биде отворен, иако е подготвен, а како причина за неотварањето на нов кластер, ја посочи „неусогласеноста со режимот на рестриктивни мерки кон Руската Федерација“. Србија, иако гласаше за неколку резолуции на ООН…

Read More

Владата на денешната седница донесе решение за распуштање на Советот на Општина Тетово, согласно исполнувањето на еден од условите во членот 75 од Законот за локална самоуправа, според кој општинските совети ќе бидат распуштени доколку не ја донесат завршната сметка и Буџетот до 31 март како што е предвидено со законската одредба.За ова решение, согласно законот, Владата ќе го извести Собранието на Република Северна Македонија по што ќе следува спроведување на постапката за организирање вонредни избори за Советот на Општина Тетово согласно законските одредби.

Read More

Заменик претседателот на ГЕРБ, Томислав Дончев денеска соопшти дека неговата партија ќе иницира гласање за недоверба на владата на бугарскиот премиер Кирил Петков. Гласањето во Народното собрание на Бугарија против премиерот Кирил Петков, според Дончев, ќе биде поради неуспехот на финансиската политика. „Ова поглавје од историјата на Бугарија ќе биде срамно, единствено што можеме да направиме е да го задржиме кратко“, додаде тој. Според бугарскиот устав, за гласање недоверба се потребни потписи од најмалку една петина од пратениците или во случајот 48. ГЕРБ, чија пратеничка група има 59 места, ќе нема проблем да ги обезбеди, но за изгласување недоверба потребни…

Read More

Скендер Реџепи од „Алтернатива“ одлучи да ја напушти партијата и во наредниот период да делува како независен пратеник. За својата одлука тој и официјално го известил собранискиот претседател, Талат Џафери. „Алтернатива“ е дел од владеачкото мнозинство и во Владата влезе по излегувањето на БЕСА.

Read More