Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Со официјални обраќања на премиерите на Македонија, Димитар Ковачевски, на Албанија, Еди Рама и на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и на претседавачот со Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија, денеска во Охрид почнува Самитот на „Отворен Балкан“. Обраќање е најавено и на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи, а преку видео порака ќе се обрати и заменикот помошник на државниот секретар на САД, Габриел Ескобар. Лидерите на земјите учеснички на Самитот, предвидено е да потпишаат договор за соработка и меѓусебно признавање на дипломи и научни оценки издадени во високообразовни установи и други овластени…
Времето денеска ќе биде прoменливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветар. Процесите локално ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен дожд и појава на град. Утринските температури ќе биде во интервал од 9 до 16 степени, а дневните од 23 до 29 степени. Во Скопје, времето ќе биде прoменливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветар, а во делови од котлината и со поинтензивни процеси во форма на невреме. Утринската температура ќе се спушти до 15 степени, а дневната ќе достигне до 27 степени. До петок, според најавите од УХМР, ќе…
Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу соопшти дека поголем дел од самопрогласените Доњецка и Луганска Народна Република е „ослободен“, долж јужниот брег на реката Северни Доњецк за време на руската специјална воена операција во Украина. Тој нагласи дека со „ослободувањето“ се опфатени градовите Свјатогорск и Красниј Лиман, како и уште 15 други населени места, пренесува агенцијата ТАСС. „Значителен дел од Доњецката и Луганската Народна Република е ослободен, долж левиот брег на реката Северни Доњецк, вклучувајќи ги и градовите Свјатогорск и Красниј Лиман, како и уште 15 населени места“, наведе Шојгу. Шојгу истакна дека „целосно се ослободени станбени области во…
Најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил Лазаров денеска објави дека ја завршува професионалната кариера како играч. Одлуката ја образложи преку својот Фејсбук профил за која наведе дека била „тешка, но, сепак, очекувана“. „Моето долго и прекрасно патување дојде до самиот крај. Одлуката беше тешка да се донесе, но, сепак, очекувана. Тешка, затоа што го работев тоа што го сакам од срце, со многу страст и ентузијазам. На моја возраст не е нималку лесно да играш на високо ниво во клуб со големи амбиции и очекувања, и во лига чија национална репрезентација веќе две децении доминира во светот на ракометот“,…
Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар со состана со претставници на „тројката“ во БиХ. „Тројката“ ја сочинуваат претставници на партиите „Народ и правда“, Социјалдемократската партија на БиХ и „Наша партија“. Тие се состанале во резиденцијата на американскиот амбасадор во БиХ, Мајкл Марфи. „Фокусот на реформа на здравиот разум е поважен од било кога. Мило ми е што разговарав со претставници на „Народ и правда“, на „Наша партија“ и на Социјалдемократската партијата на БиХ и за тоа како го унапредуваат Кантонот Сараево“, наведе Ескобар на Твитер профил на Амбасадата на САД во БиХ, објавувајќи и фотографија со претставници…
Претседавачот со Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија, кој денеска и утре ќе присуствува на дводневниот Самит на иницијативата „Отворен Балкан“ во Охрид, побара согласност од Претседателството на БиХ за пристапување на земјата во регионалната иницијатива. Тегелтија, во пресрет на доаѓањето во Охрид, прати писмо до Претседателството на БиХ во кое, покрај известувањето за патување во Охрид, побара да се разгледа и даде согласност за пристапување на БиХ во „Отворен Балкан“ за, како што навел, граѓаните и бизнис заедницата во БиХ не би биле единствени во регионот кои ќе бидат надвор од иницијативата. Ова го објави агенцијата „Срна“, повикувајќи…
Францускиот претседател Емануел Макрон, по синоќешните телефонски разговори со бугарскиот претеседател Румен Радев и со македонскиот премиер Домитар Ковачевски, соопшти дека е подготвен да ги пречека во Париз „кога ќе дојде време“, со цел да се склучи билатерален договор што ќе овозможи отворање на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија (ЕУ). Франција, која претседава со ЕУ до 1 јули, „веќе неколку недели ја поддржува потрагата по решение за спорот меѓу двете земји“, потсети Елисејската палата по разговорите со бугарскиот претседател Румен Радев и премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски. „Емануел Макрон во разговорите ја изразил својата „целосна…
Во врска со одлуките на Македонија, на Црна Гора и на Бугарија да не дозволат прелет на авионот со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров за Белград, Стејт департментот денеска соопшти дека тие како суверени држави „донесоа суверени одлуки за воздушниот простор, што ја одразува решеноста на Европа да ја повика Русија на одговорност поради инвазијата на Украина“. Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс на прес-конференција кажа дека САД ја повикуваат и Србија да се фокусира на својата цел за членство во Европската Унија (ЕУ), вклучително и усогласување на нејзината надворешна и безбедносна политика со остатокот од Европа, јави…
Британскиот премиер Борис Џонсон синоќа „преживеа“ гласање за доверба како лидер на партијата и на владата, а резултатот го оцени како „убедлив“ и „одлучувачки“. „Мислам дека ова е многу добар резултат за политиката и за државата“, рече тој. Запрашан за споредба со претходните гласања за доверба на конзервативните премиери, тој рече: „Добив многу поголем мандат од моите колеги во парламентот, отколку што имав во 2019 година“. Џонсон додаде дека „сигурно не е заинтересиран за предвремени избори“ откако доби доверба во неговото раководство. „Ова значи дека можеме да се фокусираме на тоа што го правиме, помагајќи им на луѓето, правејќи ги…
Руските универзитети се исклучени од Болоњскиот процес, информираше заменик министерот за наука и високо образование, Дмитриј Афанасиев. Болоњската група на 11 април соопшти за укинување на застапеноста на Русија и на Белорусија во сите поврзани структури, појасни Афанасиев, јавија руски медиуми. „Бидејќи нашите ректори, раководители на образовни институции го потпишаа обраќањето на Рускиот сојуз на ректори за поддршка на претседателот во врска со специјалната воена операција, па сите образовни организации во земјата се исклучени од Болоњскиот процес. Јас би рекол дека Болоњскиот систем нè напушти нас, а не ние него“, изјави заменик министерот. Како што тој додаде, воведувањето на основни…
Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветар, претежно во западните и јужните делови. Утринските температура ќе бидат во интервал од 9 до 17 степени, а дневните ќе достигнат од 25 до 31 степен. Во Скопје времето ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Утринската температурта ќе биде до 15 степени, а дневната ќе достигне 30 степени. До петок ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално, процесите ќе бидат…
Културата и туризмот ќе бидат во фокусот на иницијативата „Отворен Балкан“ што денеска и утре ќе се одржува во Охрид. За денеска е предвидена работна вечера на премиерите на Македонија и на Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ и претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Зоран Тегелтија. Според агендата, за утре се предвидени официјални обраќања на Самитот, а видео обраќања треба да имаат и еврокомесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји и заменик помошникот државен секретар и специјален пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел…