Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Четири тарифни блокови за домаќинствата и тоа само за потрошувачката во висока тарифа, намалени сметки кај најголем дел од домаќинствата (87 отсто) во зимскиот период и кај 92 отсто во летните месеци и раздвојување на тарифите за електрична енергија за пренос и за дистрибуција (мрежарина). Ова се дел од клучните елементи на концептот за промена на тарифните системи за електрична енергија што беа истакнати на денешната прва јавна дебата во организација на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на која професори од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) и од Машинскиот факултет ги презентираа изготвените анализи за реформа на тарифниот…
Државите кои ја опкружуваат Србија го затворија небото за прелет на авионот на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров и на тој начин затворија уште еден канал за комуникација, рече портпаролката на Министерството, Марија Захарова, истакнувајќи дека Москва не е таа која прави нова „железна завеса“, туку Европа е таа која ја оградува Русија. Захарова за италијанскиот ТВ канал „Ла7“ рече дека земјите кои ја опкружуваат Србија го затвориле каналот за врска, не дозволувајќи прелет за авионот на Сергеј Лавров кој се подготвуваше за посета на Србија. „Руската делегација требаше да во Белград поради разговори. Земјите членки на Европската…
Времето претпладне ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе следува зголемување на облачноста и на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, проследен со појава на грмежи и засилен ветар. Локално, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Од УХМР информираат дека минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20 степени, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 7. Слична е временската прогноза и за Скопје, со утрински температури до 18 степени и дневни до 30 степени. Во текот на новата работна седмица ќе преовладува…
Земјотрес со јачина од 4,1 степени е регистриран утрово во 6:15 часот, на пет километри југоисточно од Улцињ. Жариштето на потресот е лоцирано на длабочина од 12 километри. Засега нема информации за евентуални штети од земјотресот.
Тимот на Голден Стејт, ноќеска како домаќин, славеше над Бостон со 107:88 во вториот натпревар од големото финале во НБА-лигата. Првата ѕвезда на „вориорси“, Стеф Кари беше најефикасен со 29 поени. Во поразениот тим се истакна Џејсон Тејтум со 28 поени. Резултатот во серијата до четири победи е израмнет на 1:1. Третиот натпревар е закажан на 9 јуни.
НАТО вчера ја почна поморската вежба во Балтичкото Море – „БАЛТОПС 22“ на која во наредните, речиси, две недели ќе учествуваат над 7.000 морнари, пилоти и пешадија од 16 земји членки, но и од земјите кандидатки за членство во Алијансата – Шведска и Финска. Командантот на Здружените американски сили, генерал Марк Мили изјави оти, од перспектива на Москва, влезот на Финска и на Шведска во НАТО би бил „многу проблематичен“ и ќе стави Русија во тешка воена позиција, бидејќи таа ќе биде целосно опкружена со членки на НАТО. Финска и Шведска учествуваат во поморска вежба од средината на 1990-тите, а…
Српскиот патријарх Порфириј му врачи акт на поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г Стефан, со кој се потврдува одлуката на Српската православна црква (СПЦ) да одобри и упати благослов за автокефалноста на МПЦ-ОА, за ставање крај на 55-годишниот спор меѓу двете цркви. Патријархот Порфириј најави дека документот ќе биде доставен и до другите православни цркви. Со овој чин на СПЦ се отвори и процесот за стекнување на Томос за автокефалност, кој двете сестрински цркви очекуваат да биде доделен од вселенскиот патријарх Вартоломеј. „По Божјата благодет, имаме прилика да го овенчаме тоа што веќе постои меѓу нас, а…
Собраниската Комисија за деловнички и мандатно имунитетни прашања денеска ќе одржи седница на чиј дневен ред е пријавата за повреда на Етичкиот кодекс од спикерот Талат Џафери, поднесена од група пратеници на 18 мај 2022 година. Собранискиот претседател Талат Џафери на последниот брифинг со новинарите рече не чувствува одговорност да се извини на собраниските службеници кон кои се обратил со погрдни зборови. Тој не смета дека го прекршил Етичкиот кодекс и вели дека за ова прашање има процедура која тече во телата на Собранието.
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска ќе одржи јавна трибина на која ќе бидат презентирани заклучоците од анализите на предложената реформа на тарифниот систем за електрична енергија, подготвени од Факултетот за електротехника и информациски технологии и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “. Од РКЕ информираат дека сите дилеми кои потрошувачите ги имаат и ги доставиле во однос на скалесто тарифирање се земени во предвид во анализите. „Главната цел на воведување на скалестото тарифирање е да се формираат блок тарифи што ќе стимулираат намалување на потрошувачката на електрична енергија во текот на високата дневна тарифа,…
Велика Британија за првпат ќе испрати проектили со долг дострел во Украина, откако Русија, за првпат од април, ги погоди преградијата на Киев, јави агенцијата ДПА. Според министерот за одбрана Бен Валас, земјата ќе испрати системи М270, што можат да истрелат прецизни ракети до 80 километри, подолг дострел од која било ракетна технологија што сега се користи во војната. „Ако меѓународната заедница продолжи со поддршката, јас верувам оти Украина може да победи. Со промената на руската тактика, мора да се смени и нашата поддршка за Украина. Овие високо способни ракетни системи за повеќекратно лансирање, ќе им овозможат на нашите украински…
Посетата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на Србија е откажана, откако соседните земји соопштија дека го затвораат својот воздушен простор за неговиот авион, изјави висок функционер од руското Министерство за надворешни работи за руските медиуми. Британските медиуми наведуваат дека изворот од руското МНР потврдил дека Бугарија, Северна Македонија и Црна Гора го затвориле својот воздушен простор за авионот со кој денеска Лавров требаше да допатува во Белград. „Нашата дипломатија сè уште не ја совладала телепортацијата“, изјави изворот од руското МНР. Руското Министерство за надворешни работи засега не се појави со официјален коментар, а за денеска е најавена изјава…
Прашањето за повлекување на ветото за преговори на Северна Македонија за членство во Европската Унија (ЕУ) не треба да оди на референдум, смета Андреј Ѓоров, раководител на пратеничката група на најголема партија во бугарскиот парламент „Продолжуваме со промената“ на премиерот Кирил Петков. Како што пренесува дописикот на МИА од Софија, според Ѓоров, повлекувањето на ветото зависи од конкретни дејствија и гаранции од Европа и од Северна Македонија. Во изјава за БНР, тој вели дека ако има промена на таквата позиција на Бугарија, тогаш за неа ќе биде потребна заедничка одлука во парламентот, во владината коалиција, но и надвор од неа…