Author: Sashko

Кошаркарите на Голден Стејт се пласираа во финалето во плејофот во НБА лигата, откако во петтиот натпревар во завршницата на Западот го совлада Далас со 120:110 за конечни 4:1 во конференциската финална серија. За „вориорси“ тоа ќе биде шесто финале во последните осум сезони. Нивни ривал за шампионскиот прстен ќе биде подобриот од источното финале меѓу Бостон и Мајами. „Селтикси“ водат со 3:2 во серијата.

Read More

Италијанскиот весник „Кориере дела Сера“, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека британскиот премиер Борис Џонсон има таен план за формирање на нов економски и воен сојуз како алтернатива на Европската Унија (ЕУ). Весникот наведува дека Џонсон за првпат го претставил својот план на 9 април при неговата посета на Киев. Според Џонсон, лидер на новиот сојуз би била Велика Британија, а членки покрај Украина, би биле и Полска, Естонија, Литванија, Летонија, а во подоцнежната фаза, евентуално и Турција. Британската иницијатива се потпира на држави кои го потврдуваат својот национален суверенитет, имаат либерални економски ставови и се спротивставуваат на политиките…

Read More

Односите со Македонија ќе бидат главна тема на вонредниот совет на коалициските партнери во бугарската Влада што треба да се одржи вечер во Софија на барање на премиерот Кирил Петков, јави БНР. Од Петков се очекува да им објасни на партнерите зошто побарал од претседателот на Бугарија, Румен Радев да го свика Консултативниот совет за национална безбедност и да го претстави досега постигнатото во дијалогот со Скопје. Во пресрет на вечерашниот состанок, дел од партнерите во Владата се изјаснија дека нема да поддржат промена на позицијата на Софија кон Скопје и тргање на ветото за ЕУ.

Read More

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска престојува во работна посета на Киев, каде ќе оствари средба со неговиот украински колега Дмитро Кулеба и со други високи државни претставници на Украина. Како што соопшти МНР, предвидено е Османи и Кулеба да разговараат за руската воена агресија на Украина и начините како меѓународната заедница, вклучително и Северна Македонија, можат да помогнат. Османи во Киев беше пречекан од амбасадорот на земјава во Украина, Крум Ефремов кој деновиве се врати во украинскиот главен град и заедно со останатите членови на дипломатската мисија продолжува да ја врши својата функција.

Read More

Русија и Кина го искористија правото на вето за време на гласањето во Советот за безбедност (СБ) на Обединетите Нации (ОН) за заострување на санкциите за Северна Кореја. Во нацрт резолуцијата на САД се осудува лансирањето на балистичка ракета на 24 март и уште едно неодамнешбно тестирање, пренесува агенцијата ТАСС. Притоа е предложено намалување на испораките на сурова нафта и нафтени деривати за земјата. Споменато е воведување на санкции за една севернокорејска организација која, наводно, е вмешана во злонамерни сајбер активности, но и воведување на санкции кон други субјекти.

Read More

Осум лица загинаа, меѓу кои и петмесечно бебе, при гранатирање на вториот по големина град во Украина, Харков. Повредени се вкупно 17 лица. Три лица настрадаа во руските напади и на областа Лисичанска, град на истокот на земјата на кој, покрај Северодоњецк, руските сили ги фокусираат своите активности на терен во изминатите денови. Гувернерот на Харков, Олег Шинехубов информира за двајца загинати мажи на возраст од 64, односно 82 години, и десетина повредени, меѓу кои и деветгодишно девојче, при гранатирање на градот Балаклија. Украинските власти наведуваат дека руските сили и натаму се обидуваат да напредуваат во областа Северодоњецк, преостанатиот дел…

Read More

Во 2021 година дипломирале вкупно 7.753 студенти на додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите во земјава, што претставува зголемување за 12,2 отсто во споредба со 2020 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Од вкупниот број на дипломирани студенти, 6.528, односно 84.2 отсто, биле редовни, а 1.225, односно 15.8 проценти, вонредни студенти. Од дипломираните, 58.8 отсто се студентки. Во рок дипломирале 28 проценти од вкупниот број на студенти, а по рокот 72 отсто.

Read More

Времето претпладне ќе биде сончево и топло, со слаб до умерен ветар од променлив правец, а попладне ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Утринските температури ќе биде во интервал од 10 до 16 степени, а дневните ќе достигнат од 28 до 34 степени. Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветар. Доцна попладне, во делови од котлината, ќе има краткотраен пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе биде до 15-от степен, а дневната ќе достигне 32 степена. Во деновите од викендот…

Read More

Софија не дава сигнали за промена на ставот и одобрување на барањата од Скопје за тргање на ветото и отворање на преговорите за влез на Македонија во Европската Унија (ЕУ). Претседателот Стево Пендаровски вели дека не гледа значителна промена во однесувањето на Бугарија и смета дека шансите за деблокада до крајот на јуни се половични. Во интервју за „Еуроњуз“, Пендаровски истакна дека и покрај сите случувања на европскиот континент со руската инвазија на Украина и сите геополитички мотиви што го доведуваат во прашање концептот на обединета Европа, бугарската позиција сè уште е тешка и не се забележани значителни промени, во…

Read More

Поранешниот претседател на Молдавија, Игор Додон, кој е осомничен за корупција и предавство, синоќа доби 30-дневен куќен притвор. Мерката за Додон е одредена по два дена од претресот во неговиот дом, кога му беше одреден 72-часовен притвор. Тој тврди дека е невин и оти случајот против него претставува политички прогон инсцениран од актуелната претседателка Маја Санду. Молдавското обвинителство на 25 мај поведе обвинителен акт против Додон, товарејќи го за кршење на законот по четири точки – за пасивна корупција, за финансирање политичка партија на криминална организација, предавство и незаконски стекнато богатство. Додон, проруски политичар, беше претседател на Молдавија од 2016 до 2020 година.

Read More

https://www.youtube.com/watch?v=CEDzDq1aNO8 Додека уште ги средуваме впечатоците од завчерашниот историски настан во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, порталот НоваТВ низ видео и фотогалерија се навраќа на клучните моменти од заедничката литургија меѓу МПЦ-ОА и СПЦ на која патријархот Порфириј на насобраните верници им соопшти дека Синодот на СПЦ ја одобри автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Веста беше дочекана со бурен аплауз, бидејќи означи крај на 55-годишната шизма меѓу двете сестрински цркви и означи ново поглавје во црковните, но и во политичките односи во регионот и пошироко. Одлуката била строго чувана тајна до одржување на литургијата во…

Read More

Сè уште се навикнувал на задолженото вооружување и воените напори, а рускиот војник Антон (21), изненадувачки за него, веќе се нашол опколен со украински војници. Куршуми фрчеле околу него, а еден го погодил во раката. „Тоа беше нашиот прв судир со непријателот. Не испаливме ниту еден куршум. Паднавме во заседа и не можевме да возвратиме. Моравме да се предадеме“, вели 21-годишниот Антон (измислено име) во интервју за „Гардијан“. Тој минал 45 дена во заробеништво во Украина. Бил заборен на 2 март со уште пет војници од неговата единица, додека руските сили изведуваа офанзива на стратешки важниот бродоградителски град Миколаев. Ослободен…

Read More