Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Во регионот Харков, руските трупи отворија оган врз градот Харков и локалните области во текот на изминатиот ден, вклучувајќи ги и неодамна деокупираните области. Како резултат, загинаа тројца цивили, објави началникот на регионалната воена управа на Харков, Олех Синиехубов на Телеграм, јавува дописникот на агенцијата „Укринформ“. „Во текот на изминатиот ден, непријателот масовно го гранатираше Харкoв, областа Харкoв, областа Чухуив и областа Купјанск. Според податоците од Центарот за итна медицинска помош, во Харкoв загинал еден цивил, а шестмина се повредени. Покрај тоа, еден цивил е повреден во областа Изjум. Двајца цивили се повредени во областа Харкoв, а еден од нив –…
Украина вчера соопшти дека повратила поголема територија во војната со Русија и ги удвои своите повици до Москва да се предаде на југот. Следните чекори на Украина би можеле да го одредат краткорочниот тек на војната. Лажниот потег може да ги потроши достапните можности, но предолгото чекање може да дозволи првите линии да се замрзнат со почетокот на зимата, пренесува „Њујорк тајмс“. Со протерување на руските војници од голем дел од стратешката територија во североисточниот регион Харкив, украинските сили сега се позиционирани да направат потег кон Донбас, од кој речиси 90 отсто е под контрола на Русија. Ако Украина повторно…
Во изминатите 24 часа се регистрирани 165 нови случаи на ковид-19 од направени 1.088 тестови. Од вкупниот број на позитивни, 39 се реинфекции. Оздравени се 384 пациенти, а во изминатото деноноќие не е пријавено ниту едно починато лице. Како што информира Министерството за здравство (МЗ), од 165-те нови случаи на ковид-19, во Скопје се 91, во Куманово и во Прилеп по 11, во Кавадарци – девет, во Велес – седум, во Охрид и во Берово – по четири, во Битола, во Тетово и во Струмица – по три, во Гостивар, во Штип, во Кичево, во Кочани, во Гевгелија, во Кратово…
Снабдување со лигнит и јаглен од рудниците во Грција во следниот период, снабдување со мазут, но и можност за грчка инвестиција со изградба на гасна централа до 200 мегавати, соопшти премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски од Атина, веднаш по средбата со неговиот грчки колега Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Во изјава за македонските медиуми кои ја следат еднодневната работна посета во Грција, премиерот истакна дека во фокусот на разговорите со Мицотакис била енергетската криза и енергетската соработка во пресрет на тешката зима. За конкретните договори за снабдување со лигнит, јаглен и мазут преку Грција, потенцираше дека…
Секоја иницијатива што би можела да биде назадување и со тоа да го попречи патот на земјата во ЕУ интеграциите, навистина би требало да се избегнува, вели евроамбасадорот Дејвид Гир за иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум против договорот со Бугарија. „Се сеќавам дека кога за прашањето за уставни измени се разговараше првпат, а тоа беше минатата година, тогаш немаше противење низ политичкиот спектар, беше доста тивко за ова конкретно прашање“, вели Гир во интервју за 360 степени. Според него, Европската Унија не гледа со наклонетост на иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за распишување референдум против Договорот со Бугарија. Тој потсетува дека „добрососедските…
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски го објави списокот со фудбалери за последните два натпревара, против Грузија (23 септември) и против Бугарија (26 септември) од групата 4 во Ц-сегментот од Лига на нации. На списокот на селекторот Милевски се наоѓаат следните 27 фудбалери: Голмани: Столе Димитриевски, Дамјан Шишковски, Кристијан Наумовски и Игор Алексовски. Одбрана: Стефан Ристовски, Дарко Велковски, Висар Муслиу, Езѓан Алиоски, Тодор Тодоровски, Стефан Ашковски, Никола Серафимов, Ѓоко Зајков, Бојан Димоски. Среден ред: Елиф Елмас, Енис Барди, Аријан Адеми, Енис Фазлагиќ, Агон Елези, Јани Атанасов, Стефан Спирковски. Напад: Милан Ристовски, Бојан Миовски, Дарко Чурлинов, Александар Трајковски, Ваљон Етеми,…
Неопходно е да се означи Русија како државен спонзор на тероризмот и да се зајакнат санкциите, особено поради нејзините воздушни напади врз енергетската инфраструктура на Украина, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно видео обраќање. „Вчера и денеска руската армија ја погоди украинската енергетска инфраструктура. Стотици илјади Украинци се најдоа во мрак – без струја. Куќи, болници, училишта, општинска инфраструктура… Руските проектили гаѓаа објекти кои немаат никаква врска со инфраструктурата на вооружените сили на нашата земја“, рече тој. Според него, тоа е знак на очајот на оние кои ја започнаа оваа војна. Вака реагираат на поразот на руските сили…
Познатиот српски и југословенски музичар Корнелиe Ковач почина на 81-годишна возраст во Белград. Ковач беше пијанист и аранжер, а компонираше музика и за театар, филмови, телевизија и бројни популарни музичари и ансамбли. Тој беше текстописец, композитор, продуцент, во областа на жанровите прогресивен рок, симфониски рок, џез-рок и класична музика. Роден е во Ниш во 1942 година, а својата прва композиција „Пусти тротоари“ ја составил на 14-годишна возраст – во 1956 година. Станал член на популарниот сараевски рок-бенд „Индекси“ во 1966 година, а во 1968 година се преселил во Белград. Таму ја основал „Корни групата“, што 1974 година ја претставуваше Југославија на…
ЦИВИЛ денеска (11 ч.) ќе одржи панел дискусија на која ќе се отвори прашањето за постојаната дискриминација на Општина Шуто Оризари од институциите. Учесници на панелот ќе бидат градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, лидерот на политичката партија ОПРЕ Рома, Тефик Махмут и Алберт Мемети од Ромалитико/АВАЈА. Модератор на панел дискусијата ќе биде Дехран Муратов, ЦИВИЛ. Тема на панелот ќе биде вчерашниот протест на жителите на Шуто Оризари, кој ќе се одржа пред Град Скопје, на кој граѓаните го изразија своето незадоволство од системското игнорирање на општина Шуто Оризари од страна на Советот и раководството на Град Скопје. 1.…
Сојузот на средношколци изразува разочарување што и на почетокот на учебната 2022/23 година се соочуваат со познатиот проблем со недостиг на учебници и бара од институциите решавање на проблемот за да имаат непречен наставен процес. Овој проблем, посочуваат тие, е исклучително алармантен, особено во претходните неколку години. „Оваа година забележуваме зголемен број на проблематични случаи во многу од средните училишта ширум државата. Учениците пријавуваат дека добиваат оштетени учебници далеку од употреблива состојба, а во најлош случај, комплетен недостатокот на дел од учебниците. Сојузот утврди дека вакви ситуации се присутни во Скопје, во Битола, во Велес, во Прилеп, во Делчево и…
Северна Македонија e на 42 место по стапка на смртност на листата на ЦИА на која се рангирани 229 држави во светот. Земјава има коефициент од 9,61 смртни случаи на 1.000 жители годишно. Kоефициентoт, според методологијата на анализата, се пресметува како просечен годишен број на смртни случаи на 1.000 жители на средината на годината. Според листата на ЦИА, убедливо на прво место во светот по стапка на смртност е Србија со коефициент 16,39. Во првите десет места, покрај Србија, се и Романија, Литванија, Летонија, Бугарија, Украина, Русија, Естонија, Белорусија и Хрватска. Сите овие држави се од Европа, па затоа истата група ги…
Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), информира дека од 9 до 11 септември се регистрирани 179 нови случаи на ковид-19. Најголем број од нив се пријавени во Скопје – 94, во Битола – 16, во Куманово – 11, во Прилеп, во Кавадарци, во Велес и во Неготино – по шест, во Штип и во Делчево – по пет, во Охрид и во Кочани – по четири, во Тетово и во Берово – по три, во Гостивар и во Крива Паланка – по два, во Струмица, во Ресен, во Радовиш, во Валандово, во Кратово и…