Author: Sashko

На местото викано „Змиите“, во атар на гевгелиското село Петрово, вчера била пронајдена почината мигрантка. Според соопштението од СВР Струмица, настанот бил пријавен вчера во 9 часот во Полициската станица во Гевгелија, а лекар од Итна медицинска помош од Гевгелија ја констатирал смртта кај мигрантката. Бил извршен увид на местото од полицијата, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција.

Read More

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) соопшти дека користењето на буџетски средства за промовирање активности на локалната власт е во спротивност со член 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Реакцијата на АВМУ следува по информациите дека Град Скопје склучил договор вреден околу пет милиони денари за промоција на кампањи за посебни активности на Град Скопје преку маркетинг агенција. „И во оваа прилика, како и во повеќе претходни наврати, потенцираме дека средствата на даночните обврзници не смеат да се користат за рекламирање на власта, на кое било ниво, преку приватни радиодифузери. Ваквиот начин на финансирање отвора…

Read More

Паневропската манифестација „Европрајд 2022“  почна денеска во Белград со кревање на знамето пред Палатата Србија. На меѓународната конференција за човекови права, покрај големиот број странски гости, дипломати, претставници на странски влади, ќе бидат организирани и голем број на изложби, активистички, едукативни, културни и забавни настани. Според најавите на организаторите, „Неделата на гордоста“ во Белград треба да заврши во сабота, на 17 септември со прошетка на учесниците, јави дописникот на МИА од Белград. Белградскиот „Европрајд“, исто така, ќе биде историски, бидејќи е прв што се одржува во регионот на Западен Балкан и воопшто во овој дел од Европа. Координаторот на „Европрајд“,…

Read More

Актуелни теми во регионот и во Европа, процесот на проширување на Европската Унија (ЕУ) со земјите од Западен Балкан, безбедносната состојба и руската агресија врз Украина, како и мерките и начините за справување со енергетската и економската криза како последица на војната во Украина, биле темите во фокусот на денешните дискусии на 11. состанок на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони, на кој учествуваше и претседателот на државата Стево Пендаровски. Проширувањето на ЕУ, посочил претседателот Пендаровски, придонесува за одржување на мирот и стабилноста во нашиот регион, за подобрување на демократијата, владеењето на правото и заштитата на човековите права и…

Read More

Полицијата на граничните премини „Табановце“ и „Блаце“ на 10, 11 и 12 септември, при извршена дополнителна контрола на влез и излез од државата на седум моторни возила, од кои три патнички возила, три автобуси и еден минибус, кои вршеле меѓународен превоз на патници, констатирала прекршоци, односно непоседување на законски пропишаната документација, соопшти МВР. На ГП „Блаце“, при контрола на автобус со тетовски регистарски ознаки, управуван од З.С. (41) од Гостивар, било констатирано дека врши меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација. На ГП „Табановце“, при контрола на минибус, управуван од Б.Џ. (60) од Желино, патничко возило комби „форд…

Read More

За еден денар поевтинуваат бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, Еуродизел (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Новата цена на литар Еуросупер БС-95 изнесува 84,5 денари, а 87 денари на Еуросупер БС-98. Дизел горивото Еуродизел БС (Д-Е V) ќе се продава по 97денари, а екстра лесното за 93,5 денари. Се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, за 0,990 денари за килограм и ќе изнесува 51,473 денари за килограм. Со одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати…

Read More

Членовите на собраниска Комисија за прашања на избори и именувања на денешната седница не дадоа поддршка за универзитетскиот професор Саво Климовски да биде избран за уставен судија, како предлог на опозицијата. Комисиската расправа ќе продолжи по едночасовната пауза, кога треба да биде разгледана биографијата на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, предложен за уставен судија од страна на владејачките партии. Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека кандидатите за уставни судии предложени од владејачките партии не ги исполнуваат условите и не се соодветни за да бидат избрани за оваа функција. Тие, исто така, укажаа дека кандидатите од опозициските партии се попрофесионални и…

Read More

Министерството за правда најави дека во наредниот период ќе поднесе нови барања за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски, кој е обвинет и осуден за неколку случаи, а престојува како азилант во Унгарија, како и за Африм Исмаиловиќ и Алил Демири, осудени на доживотен затвор за случајот „Монструм“, кои се наоѓаат во бегство во Косово.  „За Никола Груевски досега е испратено едно барање за екстрадиција од ноември во 2018 година и едно дополнување на барањето за екстрадиција од јуни во 2019 година. Екстрадицијата е побарана за сите случаи за кои имавме сознанија дека се водат постапки пред македонските правосудни органи,…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски со сопругата ќе присуствуваат на државниот погреб на Кралицата Елизабета Втора во Лондон, соопшти денеска кабинетот на претседателот Пендаровски. Погребот ќе се одржи на 19 септември (понеделник) во Лондон. Кралицата Елизабета Втора почина на 96-годишна возраст на 8 септември. Таа беше монарх со најдолго владеење во британската историја и најстар шеф на држава во светот.

Read More

Речиси во исто време со Фејсбук постот на поранешниот генерален секретар на Град Скопје, Ѓоко Велковски во кој ги образложува причините за неговата одлука да замине од позицијата и да се посвети на советничката улога во Општина Чаир, со соопштение се јавија и од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска во кое информираат дека тој заедно со в.д. директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Златко Перински се разрешени во петокот. „Од функцијата Секретар на Град Скопје во петокот беше разрешен Ѓоко Велковски, а причина за разрешувањето е неговото влијание во спорна тендерска постапка за изведба на пречистителна станица во вредност од…

Read More

Генералниот секретар на Град Скопје, Ѓоко Велковски се повлече од функцијата поради, како што наведува во неговиот пост на Фејсбук, насоката што ја добил од Државната комисија за спречување на корупција да бира меѓу таа позиција и позицијата советник во Општина Чаир. Меѓутоа, удел во одлуката имала и, како што вели, разочараноста од слабиот потенцијал за работа и несоработката од градоначалничката Арсовска во реализацијата на капиталните проекти за градот Скопје. „Како човек кој секогаш одговорно и професионално ги извршувал своите работни задачи, морам да потенцирам дека за мене беше вистински предизвик да бидам на позицијата генерален секретар на Градот Скопје,…

Read More

Девизните резерви на крајот на август оваа година изнесувале 3.285,7 милијарди евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за  89,1 милион евра. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (72 отсто) по што следуваат валутите и депозитите (16,5 отсто) и монетарното злато (11,5 отсто), соопшти Народна банка.

Read More