Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Полската тенисерка Ига Свјонтек и Онс Жабер од Тунис ќе играат во финалето на последниот гренд слем турнир во сезоната – Ју-Ес Опен. Свјонтек, која е најдобро рангирана на ВТА листата, во полуфиналето ја совлада белоруската тенисерка Арина Сабаленка со 3:6, 6:1, 6:4, додека петта тенисерка во светот, Жабер беше подобра од Каролин Гарсија од Франција со 6:1, 6:3. За 21-годишната Свјонтек ова е прво финале на Ју-Ес Опен во кариерата, во која има две гренд слем титули на Ролан Гарос. Нејзината противничка во утрешното финале, Жабер ќе игра во второ гренд слем финале во кариерата, а нејзин најголемн успех…
Бројни спортски настани во Велика Британија се откажани по смртта на кралицата Елизабета Втора, која почина вчера на 96-годишна возраст. Во знак на жалост по повод смртта на британската кралица, денешниот дуел во англискиот Чемпионшип меѓу Барнли, во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, и Норич е откажан, а нема да се одигра и натпреварот во Лига 2 меѓу Транмере и Стокпорт. За овој викенд се откажани и коњските трки, натпреварите во рагби и крикет, како и голф турнирот во Вентфорт. Откажана е велосипедската трка низ Англија која требаше да финишира в недела. Засега нема официјално известување дали овој викенд ќе се играат натпреварите во Премиерлигата. Англиските медиуми наведуваат…
Од ново лице на банкнотите и поштенските марки до текстот на националната химна, Британија ќе претрпи одредени промени по смртта на кралицата Елизабета Втора и преземањето на тронот на нејзиниот син Чарлс Трети. Зборовите на британската национална химна, која потекнува од 18 век, ќе се сменат од „Боже чувај ја кралицата“ во „Боже чувај го кралот“. Според веб-страницата на кралското семејство, химната била напишана во екот на патриотскиот занес по победата на принцот Чарлс Едвард Стјуарт над војската на кралот Џорџ Втори во септември 1745 година во Шкотска. „Боже чувај го кралот“ била патриотска песна за првпат јавно изведена во Лондон во 1745 година, а станала позната како Национална химна…
Лидерите на ЕУ и на НАТО изразија сочувство по повод смртта на британската кралица Елизабета Втора. „Малкумина имале такво влијание во светската историја“, напиша претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола на Твитер. Таа додаде дека Елизабета Втора е пример за сите и ја нарече „одлична“. Претседателот на Европскиот совет, Шарлс Мишел истакна дека покојната британска кралица секогаш можела да ја покаже важноста на трајните вредности во современиот свет преку нејзината посветеност на работата. „Со длабока тага ја примив вестта за смртта на нејзиното височество кралицата Елизабета Втора. Таа беше шеф на државата со најдолг стаж во светот и една од…
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска упати честитка по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија – 8 септември. „На 8 септември 1991 година, ние граѓаните одлучивме да живееме во слободна и независна Македонија и гласајќи за независноста и сувереноста на државата се обврзавме сите да ја градиме нашата татковина, Македонија, со јасна визија во која преовладуваат хуманоста, солидарноста и заедништвото и со јасна цел – дел од евроатлантското семејство“, стои во честитката. Многуте предизвици коишто сме ги надминале во три деценискиот развој на нашата држава, како што наведува Спасовски, нѝ даваат мудрост да продолжиме со вложувањето во…
По повод одбележување на 8 септември – Денот на независноста на државата, владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски утрово положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата Киро Глигоров и Борис Трајковски на Градските гробишта „Бутел“. Во делегацијата, покрај премиерот Димитар Ковачевски, беа и министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за здравство Беким Сали, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, како и заменик-министерот за правда Агим Нухиу. Покрај владината делегација, цвеќе положија и делегации на Кабинетите на претседателот на Република Северна Македонија, на Собранието, потоа на Сојузот на Борците, дипломатскиот кор како и претставници на политичките…
Силно верувам во успехот на Северна Македонија и знам дека единството и добрососедските односи се клучот за нашата заедничка иднина во Европа, порача лидерот на Европските либерали, европратеник и известувач на Европскиот парламент за земјава, Илхан Ќучук во честитката по повод Денот на независноста на Северна Македонија – 8 септември. „Изминатите три децении Северна Македонија измина долг пат и треба да бидете горди на она што го постигна во однос на демократијата, слободата, човековите права и владеењето на правото“, истакнува Ќучук. Тој додава дека денеска, 31 година подоцна, ја гледа Северна Македонија како составен дел од евроатлантското семејство, а неодамнешните…
Претседателот Стево Пендаровски денеска на свечена церемонија, по повод Денот на независноста на Македонија – 8 Септември, ќе ги одликува македонските спортисти Оливера Наковска-Бикова, Бранимир Јовановски, Шабан Трстена и Дејан Георгиевски со орден „8 септември“ Како што соопштија од претседателскиот кабинет, Оливера Наковска-Бикова ќе биде одликувана со Орден „8 Септември“ за својата извонредна, богата и успешна спортска кариера во параолимпиското и во спортското стрелаштво. Наковска-Бикова постигнува бројни успеси на натпревари во стрелачки спортови. Таа е повеќекратна државна шампионка и апсолутна рекордерка на Република Северна Македонија во дисциплината воздушен пиштол. Во оваа дисциплина го освојува златниот медал на Летните параолимписки игри…
Македонија денеска одбележува 31 година независност од успешно спроведениот референдум во 1991 година на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава. По повод 8 Септември – Денот на независноста, во организација на Владата под мотото „Обединети во слободата“, ќе бидат одржани повеќе свечени и културни активности во целата држава. Централната прослава ќе се одржи на платото кај паркот Ибни Пајко, каде ќе се обрати премиерот Димитар Ковачевски, по што планирани се изведби и музички солистички нумери од познати пејачи и групи. Во рамки на свечената прослава, ќе се одржи и атрактивно шоу на ди-џеј, а истата ќе…
Граѓаните на градот Скопје да бидат спокојни, сметките на БЕГ за топлинска енергија се сторнирани и ќе добијат нови корегирани сметки за месец август, изјави попладнево претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимоски. „Оние кои веќе ги имаат платено августовските повисоки сметки, сумата ќе има биде намалена соодветно за повисоката уплатена сума во следните сметки. А во тек на месецот останатите ќе добијат нови коригирани сметки за месец август“, рече Бислимоски. БЕГ на крајот на август достави сметки за парно до скопјани кои беа повисоки за околу 40 проценти. Единствена причина за зголемувањето на сметките…
Актерката Силвија Стојановска денеска во Кривичниот суд доби ослободителна пресуда по обвинението за шверц на кокаин. Апелацискиот суд претходно донесе одлука да го врати предметот на повторно судење, откако актерката Стојановска со првостепена пресуда беше осудена на три и пол години затвор за делото што ѝ се ставаше на товар – шверц на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија. Првообвинетиот Воислав Будисављевиќ, пак, кој беше првостепено осуден на седум години затвор, поднесе жалба, но наместо ослободување или враќање на судењето отпочеток како што бараше, Апелацискиот суд му ја зголеми казната на 12 години затвор. Актерката се гонеше за делото…
Во рамки на нејзината официјална посета на Северна Македонија, претседателката на Словачка Зузана Чапутова и претседателот на државава Стево Пендаровски денеска положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје. Пендаровски претходно во претседателскиот кабинет, на официјална церемонија со највисоки државни и воени почести, ја пречека претседателката Чапутова, а по одржаната тет-а-тет средба и пленарниот состанок на официјалните делегации на двете земји, претседателите Пендаровски и Чапутова одржаа заедничка прес-конференција.