Author: Sashko

Екипи од зимската служба на Град Скопје се излезени на терен и активно работат, со цел булеварите и улиците под надлежност на градот да бидат чисти и проодни и да нема застој во сообраќајот поради снегот, се вели во соопштението на Град Скопје. Притоа се наведени десетина локации низ поширокиот дел на главниот град на кои било интервенирано досега. Како исчистени се посочени: булевар „Словенија“, булевар „Никола Карев“, населба „Даме Груев“ кон новоселски пат, улица „Радишанска“, улиците низ Општина Шуто Оризари, улиците низ населба Драчево, последна 24-ка во Сопиште, патот кон Детската клиника во Козле, патот од Горно Нерези кон…

Read More

Битолчани и попладнево вознемирени од афтершокови по синоќешниот земјотрес во околината на Лерин. Според податоци на ЕМЦС, земјотрес е регистриран и денеска во 16:43 часот што, исто така, се почувствувал во Градот на конзулите. Јачината на последниот потрес, според мерните апарати на ЕМЦС, бил 3,1 степен, на длабочина од еден километар и на оддалеченост од 18 километри од Битола.

Read More

Четири години од потпишувањето на Договорот од 2017 година, Северна Македонија не направила доволно за негово спроведување, но, исто така, не дава и гаранции за негово исполнување. Ова е заклучокот што бил констатиран по неколкучасовниот советодавен Совет за национална безбедност, а го објави бугарскиот претседател Румен Радев пред малку во Софија. Давањето на согласност за почнување на преговори за Северна Македонија со ЕУ, посочи Радев, не треба да се врзува со рокови, туку со реални остварувања, вклучувајќи ги правата на македонските Бугари. Тој на почетокот на обраќањето пред јавноста го нагласи националниот интерес на Бугарија за проширување на Европската Унија…

Read More

Од утре (вторник, 11.01.2022 год.) во 22 часот до среда ќе нема плаќање на автобуски билет со мобилен телефон преку бројот 185, известуваат од ЈСП Скопје. Причина, како што се вели во соопштението на компанијата, е надградба на системот за електронска наплата. „Ве информираме дека утре, вторник (11.01.2022 год) од 22 часот, нема да функционира опцијата за плаќање билет во јавен превоз со мобилен телефон (валидација преку бројот 185). Прекинот на оваа услуга, ќе биде од времен карактер, поради надградба на системот за електронска наплата. Од среда (12.01.2022 год), опцијата за плаќање со мобилен телефон ќе биде достапна“, истакнуваат од…

Read More

Новак Ѓоковиќ добива поддршка од голем број на светски познати спортисти за проблемите со кои се соочи во пресрет на Австралија опен на кој треба да ја брани титулата. Најголемиот играч во историјата на американскиот фудбал, Том Брејди на Инстаграм профилот на Ѓоковиќ напиша „Среќно“, а се јавија и хрватските фудбалски репрезентативци. „Легендо, сите сме со тебе“, гласи пораката на Иван Ракитиќ до српскиот тенисер. Покрај Ракитиќ, се јави и Дејан Ловрен, кој покрај поддршката за Ѓоковиќ не заборави да го спомене и Рафаел Надал. Првиот сет добиен. Сега освој го вториот, почнувајќи од Надал. Гази и со среќа, напиша…

Read More

ВМРО – Бугарско Национално Движење организира мирен протест пред зградата на Претседателството на Република Бугарија во Софија, додека се одржува состанок на советодавниот Совет за национална безбедност што го свика претседателот Румен Радев. Како што јави дописникот на МИА од Софија, од ВМРО-БНД се категорични и бараат да се гарантираат правата на македонските Бугари во Северна Македонија. ВМРО-БНД, исто така, инсистира да се признае заедничката историја меѓу двете земји до 1944 година, како и да се стави крај на јазикот на омразата. Тие предлагаат и одржување референдум на оваа тема во Бугарија. Лидерот на ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов, рече дека властите…

Read More

Во Софија започна состанокот на советодавниот Совет за национална безбедност што го свика претседателот на Бугарија, Румен Радев на тема „Улогата на Република Бугарија во проширувањето на ЕУ и во процесот на стабилизација и асоцијација: Република Северна Македонија и Албанија“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, претседателот на Бугарија на 16 декември во Брисел ја објави намерата да свика Советодавниот совет на кој ќе се разговара на темата Северна Македонија. Тој пред неколку дена изјави дека Бугарија продолжува да биде отворена за дијалог со Северна Македонија. Радев повика на „гарантирање на правата на македонските Бугари, откажување од јазикот…

Read More

За околу 150 денари се зголемени минималните трошоци на едно семејство во декември во однос на ноември, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), кој секој месец ја објавува вредноста на минималната синдикална кошничка. За храна и пијалоци, според пресметките на Синдикатот, во декември биле потребни минимум 15.091 денар, а за режиски трошоци 10.930 денари. За превоз, минималните трошоци изнесувале 2.633 денари, а за хигиена 2.397 денари. Споредено со последно објавените податоци на Државниот завод за статистика за просечна нето плата исплатена во октомври, минималните трошоци се повисоки за 5.848 денари.

Read More

Повторно е воспоставен ред во Казахстан, изјави денеска претседателот Касим-Жомарт Токаев на состанокот на безбедносниот сојуз предводен од Русија по неколкудневните насилни немири во кои загинаа над 160 луѓе, а илјадници беа приведени. Редот во Казахстан е целосно воспоставен. Заканите за безбедноста на земјата се избегнати, истакна Токаев на видео состанокот на Организацијата на Договорот за заедничка безбедност (ЦСТО), асоцијациите на Русија, Ерменија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан. ЦСТО, како и НАТО, има член во договорот кој предвидува дека напад врз една членка е напад врз сите членки. Токаев нагласи дека наскоро ќе заврши антитерористичката операција, додавајќи дека имало „обид…

Read More

Уште едно лице, по Новак Ѓоковиќ и Рената Ворацова, се најде во проблеми во Австралија, откако властите почнаа ретроактивно да трагаат по тенисер(к)и и службени лица кои претходно ја минале границата и влегле во земјата. Се почна со запирањето на српскиот тенисер на аеродромот во Мелбурн по што „протече“ информација дека сите останати со статус на „медицински исклучок“, освен него, ја минале границата. Најпрво Ворацова беше приведена и сместена во истиот хотел во кој се наоѓа и Ѓоковиќ, а сега доаѓа вест и за протерување. Како што пренесува локалниот портал „Ејџ“, лицето само ја напуштило Австралија. Во прашање не е…

Read More

Бразилскиот фудбалер Филипе Кутињо ќе настапува за Астон Вила до крајот на сезоната како позајмен играч од Барселона, потврдија денеска двете екипи. Астон Вила соопшти дека Кутињо треба да пристигне во Бирмингем во наредните 48 часа и оти премиерлигашот има опција да го откупи неговиот договор со шпанскиот клуб. Кутињо дојде во Барселона од Ливерпул во јануари 2018 година за 142 милиони евра, но не успеа да избори стандардно место во првиот тим и на 106 натпревари постигна 26 голови. Бразилскиот 29-годишен репрезентативец во Астон Вила повторно ќе соработува со Стивен Џерард, кој му беше капитен во Ливерпул, а сега…

Read More

Австралиската полиција денеска ја приведе чешката тенисерка Рената Ворацова и ѝ наложи да ја напушти земјата, објави локалниот портал „Ејџ“. Ворацова без проблем влегла во земјата, иако не била вакцинирана, а виза добила врз основа на потврда за прележан коронавирус во изминатите шест месеци. Виза врз истата основа доби и Новак Ѓоковиќ, кој беше приведен уште на аеродромот во Мелбурн. Чешката тенисерка до денеска без проблем играше на турнирот во Мелбурн, но беше уапсена по скандалот со Ѓоковиќ и спроведена во карантин во кој се наоѓа и српскиот тенисер. Австралиската гранична полиција сооошти дека и на неа, како и на…

Read More