Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѓоковиќ не е единствен во карантин во Мелбурн: Приведена и поништена визата и на чешката тенисерка Рената Ворацова

0
By Sashko on January 7, 2022 СПОРТ
Фото: tenisovysvet.cz
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 7, 2022 13:32

Австралиската полиција денеска ја приведе чешката тенисерка Рената Ворацова и ѝ наложи да ја напушти земјата, објави локалниот портал „Ејџ“.

Ворацова без проблем влегла во земјата, иако не била вакцинирана, а виза добила врз основа на потврда за прележан коронавирус во изминатите шест месеци. Виза врз истата основа доби и Новак Ѓоковиќ, кој беше приведен уште на аеродромот во Мелбурн.

Чешката тенисерка до денеска без проблем играше на турнирот во Мелбурн, но беше уапсена по скандалот со Ѓоковиќ и спроведена во карантин во кој се наоѓа и српскиот тенисер.

Австралиската гранична полиција сооошти дека и на неа, како и на Ѓоковиќ, е поништена визата, меѓутоа засега не е познато дали и таа ќе поднесе жалба.

Во соопштението се наведува дека полицијата трага по уште еден тенисер кој, исто така, добил виза поради прележан ковид-19, но неговото име не е наведено.

Тениската федерација на Австралија и Министерството за здравство на сојузната држава Викторија им одобруваат визи на оние кои не се вакцинирани, а прележале коронавирус во изминатите шест месеци, додека федералната влада не одобрува.

Поради тоа настана хаос што треба да го решава судот. Правните експерти во Австралија сметаат дека се направени доста пропусти и дека не е јасно кој за што е надлежен, ако некои тенисери влегле во земјата, а некои не, иако имале идентична основа за добивање на виза.

Австралија виза Карантин Ковид-19 приведување Рената Ворацова спорт тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026

Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026

Сибига: Русија не покажува подготвеност за мир, Украина бара повеќе одбрана, користење на замрзнатите руски средства и заеднички европски одговор

September 27, 2026

„Разговори за иднината во 12:05“: По 35 години независност, повик за нов општествен договор

September 26, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026

Меѓу восхитот и апокалипсата

September 28, 2026

Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 28, 2026

Сибига: Русија не покажува подготвеност за мир, Украина бара повеќе одбрана, користење на замрзнатите руски средства и заеднички европски одговор

September 27, 2026

„Разговори за иднината во 12:05“: По 35 години независност, повик за нов општествен договор

September 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.