Новак Ѓоковиќ добива поддршка од голем број на светски познати спортисти за проблемите со кои се соочи во пресрет на Австралија опен на кој треба да ја брани титулата.

Најголемиот играч во историјата на американскиот фудбал, Том Брејди на Инстаграм профилот на Ѓоковиќ напиша „Среќно“, а се јавија и хрватските фудбалски репрезентативци.

„Легендо, сите сме со тебе“, гласи пораката на Иван Ракитиќ до српскиот тенисер.

Покрај Ракитиќ, се јави и Дејан Ловрен, кој покрај поддршката за Ѓоковиќ не заборави да го спомене и Рафаел Надал.

Првиот сет добиен. Сега освој го вториот, почнувајќи од Надал. Гази и со среќа, напиша Ловрен.

Пораки со поддршка за Ѓоковиќ стигнаа и од Никола Миротиќ, некогашниот фудбалер на Милан, Бразилецот Пато и бројни други.