Author: Sashko

Францускиот претседател Емануел Макрон за „Ле Паризиен вчера изјави дека сака да ги изнервира Французите кои не се вакцинирани против ковид-19 и да го ограничи нивниот пристап до социјалниот живот што е можно повеќе. Сакам да ги нервирам невакцинираните. Ќе продолжиме да го правиме тоа, до крај. Тоа е стратегијата, рече Макрон, додека во парламентот продолжи жестоката расправа за нацрт-законот за сертификатите за вакцинација. Франција лани воведе сертификати со кои на лицата со негативен ПЦР тест и вакцинирани им се дозволи да влегуваат во ресторани, кафулиња и други места, што владата сега сака да го промени и да воведе само…

Read More

Соединетите Американски Држави потврдија, речиси, милион нови случаи на коронавирус во понеделникот, што е најмногу во светот, додека високо заразниот омикрон сој не покажува знаци на забавување. Бројот на хоспитализирани пациенти е зголемен за речиси 50 отсто во изминатата недела и сега изнесува над 100.000, објавија американските медиуми. Во текот на изминатата недела, просечниот број на новозаразени изнесувал 486.000 дневно, а тој број е двојно зголемен за седум дена. Меѓу 978.856 новозаразени во понеделникот, се наоѓаат и некои случаи од саботата и неделата, бидејќи многу држави не известуваат за време на викенди. Просечниот број на смртни случаи од ковид-19 во…

Read More

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска заедно со претставници од Генералштабот и Армијата и претставници од Амбасадата на САД ќе го посетат Армискиот полигон „Криволак“ и ќе направат увид во реконструктивните активности кои се извршуваат на повеќе локации. Како што соопшти Министерството за одбрана (МО), со инвестиции во патната инфраструктура, објектите, обнова на полигоните за обука, „Криволак“ добива нов, модернизиран и современ лик. Во 2022 на полигонот „Криволак“ ќе се одржат седум меѓународни вежби – со учество на 5.200 припадници на сојузничките армии, како и на Армијата на Северна Македонија. Најголема меѓу нив е вежбата SWIFT RESPONSE – 22, на…

Read More

Православните христијански верници во земјава утре го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божиќ. Одбележувањето на Бадник ќе се одржи пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“. Од Одборот најавија дека традицијата, сепак, продолжува и покрај ситуацијата со коронавирусот, водејќи сметка за сите заштитни мерки и протоколи. Кумови за прославата на Бадник се естрадниот уметник и композитор Александар Митевски и актерот Драган Спасов Дац, а здравичар е Живко Поповски Цветин. Свештениците од Соборниот храм ќе ги осветат нафората, чајот и ракијата, како и бадникарските…

Read More

Македонија вчера регистрира девет случаи на омикрон сојот на ковид-19 од кои осум во Скопје и еден во Кочани. Според надлежните, вакцинацијата останува единствен излез од пандемијата. Во моментот, во државата, има вкупно 5.667 активни случаи. Во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се изработени 24 примероци позитивни на SARSCoV2, примероците се од пациенти од Скопје, од Кочани, од Велес, од Гевгелија и од Богданци. Од вкупниот број на тестирани, кај девет пациенти е детектирана Омикрон варијантата на вирусот, што изнесува 37,5 отсто од позитивните примероци, соопштија вчера од Министерството за здравство (МЗ). Во текот на вчерашниот ден…

Read More

Во очекување на формирањето на новиот владин кабинет и на интензивирање на комуникацијата со Бугарија со цел деблокирање на европскиот пат на земјава, Париз упати порака дека Скопје и Тирана не треба да се одвојуваат на нивниот пат кон интеграцијата во ЕУ. Од Софија, пак, не стивнуваат реакциите по „предлогот“ на лидерот на партијата „Има таков народ“ (ИТН), Слави Трифонов за врзување на стартот на преговорите на С. Македонија со Унијата со укинување на визите за влез на бугарските граѓани во САД и прием на Бугарија во Шенген зоната, а во меѓувреме стигна информација дека советничката за надворешна политика на…

Read More

Не можеме да ја вакцинираме целата планета на секои шест месеци, тоа не е одржливо, предупреди проф. Ендрју Полард, претседател на британското JCVI (национално тело за вакцинација и имунизација) во интервју за „Телеграф“. Полард верува дека за четвртата доза од вакцината треба да се почека „додека не се појават повеќе докази“ и повика приоритет во идната вакцинација да им се даде на ранливите групи, наместо да се даваат дополнителни дози на целата популација над 12-годишна возраст. Нема смисла да се обидуваме целосно да ја запреме инфекцијата, во одреден момент општеството едноставно мора да се отвори, рече британскиот експерт. Неговата изјава…

Read More

Талибанските власти во западната авганистанска провинција Херат им наредија на продавниците за облека да ги отстранат главите од куклите од излозите, тврдејќи дека се антиисламски. Провинцискиот директор на Министерството за промоција на доблести и спречување пороци, Азиз ул Рахман, за агенцијата ДПА изјави дека главите „мора да се отстранат“. Сопствениците на продавници се обидоа да им објаснат на талибанските власти дека цели кукли со глави не го нарушуваат исламот затоа што не претставуваат „идоли“, туку се користат само за изложување облека за продажба, но не успеаја. Така, продавниците за облека почнаа да ги отстрануваат главите на куклите, во согласност со…

Read More

Во последните 24 часа во Србија се тестирани 21.876 лица од кои 5.224 добиле позитивни резултати, додека во истовреме починале 19 пациенти. На респиратори во болниците ширум земјата се приклучени вкупно 79 граѓани. Српските здравствени власти вчера пријавија 2.765 случаи од 14.062 тестирани лица и 27 смртни исходи. Вчерашниот ден, колку за илустрација, донесе зголемување за 125 отсто на бројот на нови случаи во однос на изминатиот понеделник, а денешниот е уште поголем на неделно ниво. Омикрон апсолутно доминира во Србија, само што тоа не е реално согледано низ тестирањата. Нѝ претстојат петцифрени броеви на инфицирани лица на дневно ниво,…

Read More

Петкратно се зголемува бројот на антитела во организмот по една недела од примање на четврта доза на вакцина против ковид-19, рече денеска израелскиот премиер Нафтали Бенет, кој се повика на прелиминарни резултати на студија спроведена во земјата. Со сигурност знаеме дека четвртата доза е сигурна по една недела од нејзиното аплицирање, изјави Бенет во медицинскиот центар Шеба. Шеба, во рамки на својата студија, дава втора засилувачка доза на својот персонал во екот на пораст на инфекции со омикрон сојот на коронавирус. Втората добра вест е што по една недела од примање на чертвата доза, бројот на антитела кај вакцинираното лице…

Read More

Според податоци на СЗО, симптомите на грип и на ковид-19 се различни од лице до лице, но постои и група на исти симптоми што се забележани кај заболените, пишува Бизнис инсајдер. Хрватска го пријави првиот случај на флурона по што на социјалните мрежи почнаа да се споделуваат тврдења дека станува збор за нов сој на коронавирусот. Но, не е така. Последната идентификувана мутација на ковид-19 е омикрон по која Светската здравствена организација (СЗО) не објави друга. Па оттука, логично се поставува прашањето што претставува флурона? Објаснување нудат хрватските медиуми кои, повикувајќи се на тамошни здравствени лица, посочуваат дека флурона е…

Read More

Синдикатот на вработените во „Влеча на возови“ при Железници Транспорт информира дека на 80 нивни колеги не им се продолжени договорите за работа и најавува дека доколку во најкус можен рок не се најде решение за нив, ќе го блокираат железничкиот сообраќај. Во писмото испратено до јавноста, Синдикатот наведува дека овие работници им се потребни за нормално функционирање на компанијата. Како синдикат од, за нас, нејасни причини, Министерството за финансии кое е надлежно за давање на согласност за вработување, а со самото тоа и можност за продолжување на работниот ангажман на нашите 80 колеги од кои голем дел се извршен…

Read More