Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Макрон за „Ле Паризиен“: Сакам да ги нервирам невакцинираните Французи

0
By Sashko on January 5, 2022 СВЕТ
Фото: ft.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 5, 2022 08:53

Францускиот претседател Емануел Макрон за „Ле Паризиен вчера изјави дека сака да ги изнервира Французите кои не се вакцинирани против ковид-19 и да го ограничи нивниот пристап до социјалниот живот што е можно повеќе.

Сакам да ги нервирам невакцинираните. Ќе продолжиме да го правиме тоа, до крај. Тоа е стратегијата, рече Макрон, додека во парламентот продолжи жестоката расправа за нацрт-законот за сертификатите за вакцинација.

Франција лани воведе сертификати со кои на лицата со негативен ПЦР тест и вакцинирани им се дозволи да влегуваат во ресторани, кафулиња и други места, што владата сега сака да го промени и да воведе само сертификати за вакцинација.

Макрон рече дека не се залага за нервирање на Французите, но кога станува збор за невакцинираните, тој сака да ги нервира.

Не сакам да ги пратам во затвор, не сакам да ги терам да се вакцинираат, треба да им се каже: од 15 јануари повеќе нема да можете да одите во ресторани, на пијалоци, кафе, театар, кино…, објасни претседателот.

Жан-Лук Меланшон, кандидатот на екстремната левица на претседателските избори, изјавата на Макрон на Твитер ја опиша како зачудувачка.

Според кандидатката на крајната десница, Марин Ле Пен, еден претседател така не би требало да зборува.

Гарантот на единството на нацијата упорно сака да ја подели и сака невакцинираните да ги претвори во граѓани од втор ред. Емануел Макрон не е достоен за својата функција, рече Ле Пен.

Републиканецот Бруно Ретајло, пак, тврди дека „нема здравствена ситуација што би ги оправдала таквите зборови“.

Во интервјуто, Макрон ја отфрли можноста за воведување нови мерки за борба против ковид-19, кажувајќи дека одлуките од минатата недела остануваат на сила.

Емануел Макрон Ковид-19 невакцинирани Свет Франција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.