Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Последниот советски лидер и добитник на Нобелова награда за мир, почина вчера во Москва на 92-годишна возраст, по долгогодишно боледување, јавија руски медиуми. Други светски лидери, исто така, му одадоа чест на Горбачов. Генералниот секретар на Обединетите Нации (ОН), Антонио Гутереш изрази „длабока тага“ и го нарече Горбачов „уникатен државник, кој го промени текот на историјата“. „Направи повеќе од кој било друг, за да поттикне Студената војна да заврши на мирен начин“, пишува во соопштението на Гутереш. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен го опиша Горбачов како „водач кој беше достоен за доверба и почит“. „Последниот советски лидер…
По обилните врнежи од дожд и силниот ветар кои вчера попладне го зафатија Скопје, на телефонскиот број 195 и преку бројот за итни повици 112 беа примени околу 180 пријави. Од нив, за поплавени простории од објекти – 80, за паднати дрва – 40, за оштетени возила и поплавени улици и подвозници – по 20, оштетени кровни конструкции – 15, скинати проводници, навалени бандери и други проблеми со струја – пет. Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), сите овие пријави и проблеми, по приоритет, редоследно биле проследени до Бригадата за противпожарна заштита БППЗ, Градот Скопје, до…
Од утре стапуваат во сила мерките за штедење на електрична енергија со кои потрошувачката треба да се намали 15 отсто. Мерките беа донесени со владина одлука на 16 август, а ќе важат до 31 март 2023 година. Се однесуваат на домаќинствата и на компаниите како препораки, но и на државните институции како задолженија. Како што рече министерот за економија, Крешник Бектеши, кој ги соопшти и образложи мерките, пред нас е една од најтешките зими на енергетски план и сите заеднички треба да придонесеме за нејзино полесно пребродување. Исклучување на декоративното осветлување на фасадите на јавните објекти и културните споменици, гаснење…
На Твитер се шири дезинформација дека рудниците во Радовиш се затвараат поради високите цени на струјата. Оваа дезинформација ја објави твитер налогот Раинконен и има 70 споделувања, над 250 допаѓања и десетина коментари. Меѓу споделувачите на оваа дезинформација е и членот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски. Оваа дезинформација оркестрирано се шири од Твитер профили кои се поддржувачи на опозицијата. Најголемиот дел од коментарите се за добивање на политички поени, или ширење на етничка нетрпеливост. Ви пренесуваме дел од коментарите кои се напишани при споделување на дезинформацијата: „Таа е агендата на калето и стратешките (не) пријатели“. „Жално… Што чекаме народе!?“. „Гајле му…
Екипи на ЕВН денеска влегоа во Арачиново и работат на отстранување на дефектите кои поголем дел од Општината го оставија без струја. Паралелно со тоа, ќе се поставуваат и броила надвор од дворовите на куќите за, како што велат надлежните, „подобра евиденција и контрола на користењето на електричната енергија“. Вработените на ЕВН во Арачиново беа во придружба на припадници на Агенција за обезбедување. Полициски припадници немаше, според информциите од терен, состојбата била мирна и без проблеми со локалното население. Градоначалникот на Општината, Ридван Ибраими апелира до компанијата за почесто присуство на нејзини екипи во Арачиново во иднина, во насока на…
Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), информира дека во последните три дена (од 26 август до 28 август) се регистрирани 389 случаи на ковид-19 од 1.561 тестови, две починати лица и 698 оздравени пациенти. Нови случи на коронавирусот се регистрирани во Скопје – 205, во Битола – 34, во Охрид – 22, во Куманово – 20, во Прилеп – 14, во Кавадарци и во Делчево – 11, во Тетово – 10, во Кочани – осум, во Велес – седум, во Штип – шест, во Гостивар – пет, во Кичево, во Гевгелија, во Неготино, во…
Во Музејот на современа уметност завршија јавните презентации на двата предлог детални урбанистички плана за населбата Кале, при што се предвидува помала катност на објектите и зачувано зеленило на површина од 30.000 м2. Како што соопштија од Општина Центар, Секторот за урбанизам при Општината, заедно со претставници од планерската куќа која ги изработуваше плановите, на жителите од населбата им ги презентираа измените и придобивките од новите планови. „Од 20-ти јули до 16-ти септември, предлог-деталните урбанистички планови за Градска четврт-ЦС 01 Француски гробишта, Тетовска трошарина и Парк 2 и Градска четврт-ЦС 14 Кале и СРЦ Кале се изложени на јавна анкета…
Студенти од Република Северна Македонија да бидат ослободени од сите такси и да студираат целосно бесплатно високо образование на државните универзитети во Бугарија, се предвидува со измените што се предложени од бугарскиот министерт за образование Сашо Пенов, јавија бугарските медиуми. Досега, студентите прифатени според уредба од 1997 година (до 300 лица годишно) ги плаќаа таксите, а износот зависеше од специјалноста. Каква ќе биде организацијата за прием на македонските студенти и докторанти ќе се утврдува секоја година со налог на министерот за образование. Приемот на кандидатите ќе го организира бугарското Министерство за образование и култура во соработка со Министерството за надворешни…
Според анализа на јавните податоци од страната за отворени финансии и пресметаниот износ од потрошените пари, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов за шест месеци потрошил 8.200 евра, пари на граѓаните од општина Гевгелија, за угостителски услуги. Еве ги информациите објавени на електронскиот систем за јавни набавки: За период 01.01.2022 до 31.03.2022 и За период 01.04.2022 до 30.06.2022 Лесно се собираат сумите, се доѓа до просек, градоначалникот Андон Сарамандов да троши по 1.400 евра месечно за седенки во кафани од Гевгелија и регионот, кои ги плаѓаат граѓаните. Дали во услови на глобална криза е нормално оваа сума на народни пари, пари…
Осум цивили загинаа во руското гранатирање на регионот Доњецк, непријателските сили гранатира цивилна инфраструктура во регионот Днипропетровск, десет лица повредени во непријателско гранатирање на станбени квартови Енергодар. Осум цивили загинаа, а седум се повредени во руското гранатирање на регионот Доњецк во изминатиот ден, објави началникот на регионалната воена управа на Доњецк, Павло Кириленко на Телеграм, јавува дописникот на Укринформ. „На 28 август 2022 година, Русите убија осум цивили во регионот Доњецк: четворица во Бахмут, двајца во Раихородок, еден во Тетианивка и еден во Миколаивка. Повредени се уште седум лица“, се наведува во објавата. „Во моментов е невозможно да се пресмета точниот број…
Со Основното јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) ќе раководи Трајче Пеливанов додека шефицата Вилма Русковска е под суспензија. Тој беше предложен од Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески и избран на седница на Советот на јавни обвинители. Пеливанов едногласно мина во Советот на јавни обвинители, откако во петокот беше потврдена на Русковска чиј мандат на чело на Обвинителството е до ноември. Тој ќе остане на чело на ОЈО ГОКК до завршување на суспензијата на Русковска или до избор на нов шеф на Обвинителството. Пеливанов беше дел од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) од 2015 година до…
Дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапи за три денари и литар ќе чини 101,5 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) на денешната седница. Поскапување ќе има и кај бензините за 0,5 денари за литар. Па, така, Еуросупер БС 95 од ноќеска на полноќ ќе чини 89,5 денари за литар, додека Еуросупер БС 98 ќе се продава по цена од 92 денара.