Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Гостиварец се задобил со тешки повреди, откако возилото со кое возел налетало на коњ, кој слободно се движел по коловоз. Според СВР Тетово, ноќеска (29 декември), пола час по полноќ било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, патничко моторно возило „фолксфаген поло“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од З.Н. (27) удрило во животно. Во несреќата, сопатникот во возилото, Г.М. (48) од Гостивар, се здобил со тешки телесни повреди. Помош му била укажана во гостиварската болница „Ферид Мурад“. Увид на местото на несреќата извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. Годинава, по гостиварските сообраќајници имало 16 несреќи предизвикани…
Владата на денешната седница ја разгледа и усвои информацијата на Центарот за управување со кризи (ЦУК) за потребата од обезбедување на телекомуникациски сервиси за единствениот комуникациско-информативен систем со единствен број на повикување во случај на ризици и опасности и други несреќи на целата територија на државата – Е-112.Согласно препораките на ЦУК, Владата ги прифати заклучоците за телекомуникациските оператори Телеком и А1 Македонија да бидат задолжени да ги активираат сервисите за Е-112 бесплатно за корисниците и за операторот на системот за алармирање.„Како заклучок е усвоена и препораката операторите да обезбедат бесплатно препраќање на СМС пораките, за корисниците и за операторот на…
На денешната владина седница е утврден текстот на Предлог-законот за платежни услуги и платни системи кој треба да го замени постојниот Закон за платниот промет донесен во 2007 година. Како што соопштија од владината прес-служба, со новото предлог законско решение се усогласуваат одредбите од платниот промет со Директивата 2007/64/ЕЗ за платежни услуги и Директивата 2009/110/ЕЗ за електронски пари на Европската Унија како на укажувањата на Европската комисија дека домашното законодавство не е усогласено со директивите на ЕУ. Станува збор за предлог законско решение со реформски карактер со кое што ќе се обезбеди сигурен, стабилен и ефикасен платен систем во Република…
„Омикрон не е истата болест што ја имавме пред една година, а високата стапка на смртност од ковид-19 во Обединетото Кралство е минато”, истакна водечкиот британски имунолог, Џон Бел во разговор за „Би-Би-Си“. Бел, професор по медицина на Оксфорд и еден од научните советници на британската влада, вели дека, и покрај растот на хоспитализациите во последните недели поради ширењето на омикрон меѓу популацијата, „изгледа дека болеста е помалку опасна, а пациентите во болница минуваат релативно пократко време”. Помалку пациенти завршуваат на кислородна поддршка, а просечното време што го минуваат во болница паднало на три дена, додал Бел. „Повеќе научници ја…
Театрите и други културни установи во Белгија денеска извојуваа правна победа со која е поништена владината одлука за нивно затворање поради пораст на бројот на заразени лица со омикрон сојот на коронавирус. Државниот совет, највисока уставноправна инстанца во Белгија, ја суспендира владината одлука за затворање што беше донесена минатата недела, а стапи на сила викендот, образложувајќи ја мерката како „непропорционална“. Во првостепената пресуда што беше објавена денеска се наведува дека, дури и такви рестрикции поради омикрон сојот да се неопходни, „владата морала со јавноздравствени аргументи да докаже дека таквата мерка е потребна“. Нејасно е што се спаѓа под културни установи,…
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски одговарајќи на прашање околу спорот со Бугарија порача дека историјата не може да биде единствена тема на разговор меѓу две соседни држави. Со Бугарија треба да разговараме и за иднината, иднина преточена во инвестициски проекти, во инфраструктурни проекти, во економска и културна соработка. Тоа ќе ги зближи граѓаните а ќе донесе и економски придобивки за граѓаните, преку зголемената економска соработка. Така што нормално е да разговараме на тие теми, нормално е да имаме стручни работни групи по тие теми, посочи Ковачевски вечерва во интервју за телевизија Сител. Тој се осврна и на најавената временска рамка…
Разговорите со новото раководство ги водев сам. Во партијата сум 30 години и досега со сите сум имал одлично искуство и соработка. Со поранешниот претседател, Бранко Црвенковски не сум разговарал во последниот период, истакна претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата влада, Димитар Ковачевски при гостувањето на ТВ Сител. Тој нагласи дека сè уште го нема составено владиниот кабинет за што ќе почне разговори од утре по што ќе направи и конечен избор. „Јас сум човек со визија и интегритет. Тимот што беше одбран на Централниот одбор синоќа беше направен од мене. Владиниот кабинет не е комплетиран и…
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во наредниот период дополнително ќе се демократизира, но и ќе се отвори за јавноста, особено за стручната, преку новиот систем на функционирање на комисиите, за што синоќешниот Ценгтрален одбор беше и основан Советот за креирање и имплементација на политики, порача во интервју за Телевизија 24, Стефан Богоев, еден од тројцата нови потпретседатели на СДСМ. Богоев најави и силно теренско присуство на сите функционери и активисти на партијата. СДСМ ќе биде силно присутна на терен, онаму каде му е местото, во сите градови, во сите села и општини. Покрај присуството на терен на носители на јавни функции,…
Владата на денешната 130-та седница донесе измени и дополнувања на Уредбата за критериумите и условите за прогласување на кризна состојба во случаи на временски и природни непогоди, хаварии и нарушувања на пазари на електрична енергија, начинот на снабдување со електрична енергија во кризна состојба, мерките што се преземаат, како и правата и обврските на носителите на лиценци за вршење на електроенергетски дејности. Со предложените измени, како што информираат од владината прес-служба, во услови на кризна состојба се овозможува ЕВН Хоум да не набавува електрична енергија од повластените производители на електрична енергија коишто користат обновливи извори на енергија со што се…
Владата на денешната 130-та седница донесе Одлука за одобрување на средства од Буџетот за 2021 година за реализација на Програмата за поддршка за печатените медиуми.Согласно одлуката, како што информираат од владината прес-служба, 30 милиони денари ќе им бидат распределени на 11 медиумски компании кои ги исполниле условите на јавниот повик за поддршка за печатење и дистрибуција.
„Фотоволтаични електрани во Јамуларци и Скандалци“, проект на Друштвото за производство и промет со електрична енергија од обновливи извори „ПРОМАРК ЕНЕРЏИ ДООЕЛ“ Скопје, со одлука на Владата доби статус на стратешки инвестициски проект. Одлуката е донесена на денешната седница на Владата. „Фотоволтаични електрани во Јамуларци и Скандалци со вкупен капацитет од 280 мегевати, а вредноста на инвестицијата изнесува 184 милиони евра“, информира владината прес-служба по седницата на Владата.
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), согласно поднесените изјави за интереси за 2021 година, констатирала пет случаи на кумулација на функција, од страна на избрани и именувани лица за кои ќе поднесе прекршочен платен налог. Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, на денешната 58 седница, информираше дека согласно поднесените обрасци за изјави за интерси за 2021 година од избраните и именувани лица, ДКСК констатирала прекршување на одредби од Законот за спречување на корупција, по што по службена должност ќе достави известувања со записник за констатиран прекршок и прекршочен платен налог до овие лица. Имаме член на Совет на Општина Аеродром,…