Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски: Од новото раководство на СДСМ очекувам ефикасност, одговорност и чесност во работата

0
By Sashko on December 28, 2021 НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 28, 2021 21:55

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски одговарајќи на прашање околу спорот со Бугарија порача дека историјата не може да биде единствена тема на разговор меѓу две соседни држави.

Со Бугарија треба да разговараме и за иднината, иднина преточена во инвестициски проекти, во инфраструктурни проекти, во економска и културна соработка. Тоа ќе ги зближи граѓаните а ќе донесе и економски придобивки за граѓаните, преку зголемената економска соработка. Така што нормално е да разговараме на тие теми, нормално е да имаме стручни работни групи по тие теми, посочи Ковачевски вечерва во интервју за телевизија Сител.

Тој се осврна и на најавената временска рамка од страна на Бугарија, истакнувајќи дека решението треба да се бара преку европските вредности.

Разговорите треба да се водат во духот на европските вредности. Ние како држава имаме свои позиции изградени во Собранието, Бугарија исто така има изградено свои позиции и во рамките на европските вредности, почитувајќи го достоинството на двете држави сметам дека може да се најде решение и да ја почнеме првата меѓувладина конференција, порача Ковачевски, додавајќи дека го очекува премиерот на Бугарија, Кирил Петков во Скопје за да разговараат околу изнаоѓање начин за решавање на проблемот.

Од новото раководство на партијата очекува ефикасност, одговорност и чесност во работењето.

Тимот е избран врз основа на основите за кои се залагав во програмата и во самото презентирање на мојата кампања, а тоа е дека ќе бидат стручни и ефикасни во извршувањето на своите одговорности. Тоа го побарав од сите пред да бидат практично номинирани. Очекувам со својата одговорност и чесност дека ќе дадат пример во работењето на партијата, но и во институциите во кои ќе бидат. Да бидат првите кои што ќе покажат чесност во работењето, а не само да се зборува за реформи, за спроведувањето на правдата и правото во државата, рече Ковачевски.

Осврнувајќи се на структурата на Извршниот одбор на СДСМ, оцени дека тоа е тимот кој ќе донесе нови успеси на СДСМ и посветено ќе работи за интересите на граѓаните.

Во структурата на Извршниот одбор се вклучени кадри, лица од сите делови на државата. Педесет отсто се застапени жените што значи дека имаме родово балансиран извршен одбор. И се застапени младите со 33 проценти. Значи имаме еден спој на искуство, на знаење, на стручност од различни профили на професионалци, и докажани партиски другари и на млади луѓе кои што ќе дадат дополнителна енергија, порача Ковачевски, додавајќи дека очекува поддршка во работата од сите претходни раководства на партијата.

Ковачевски утре треба да го добие мандатот од претседателот Стево Пендаровски за состав на нова Влада.

Бугарија Димитар Ковачевски Македонија партија разговори раководство решение СДСМ спор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.