Гостиварец се задобил со тешки повреди, откако возилото со кое возел налетало на коњ, кој слободно се движел по коловоз.

Според СВР Тетово, ноќеска (29 декември), пола час по полноќ било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, патничко моторно возило „фолксфаген поло“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од З.Н. (27) удрило во животно. Во несреќата, сопатникот во возилото, Г.М. (48) од Гостивар, се здобил со тешки телесни повреди. Помош му била укажана во гостиварската болница „Ферид Мурад“. Увид на местото на несреќата извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Годинава, по гостиварските сообраќајници имало 16 несреќи предизвикани од животни. Најмногу од нив, десет биле со кучиња, а две со коњи. Возачите имале „блиски средби“ со дива свиња, јазовец, срна и една овца.