„Фотоволтаични електрани во Јамуларци и Скандалци“, проект на Друштвото за производство и промет со електрична енергија од обновливи извори „ПРОМАРК ЕНЕРЏИ ДООЕЛ“ Скопје, со одлука на Владата доби статус на стратешки инвестициски проект.

Одлуката е донесена на денешната седница на Владата.

„Фотоволтаични електрани во Јамуларци и Скандалци со вкупен капацитет од 280 мегевати, а вредноста на инвестицијата изнесува 184 милиони евра“, информира владината прес-служба по седницата на Владата.