Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Водечкиот британски имуниолог за „Би-Би-Си“: Ова повеќе не е истата болест од лани, хорор глетките се минато

0
By Sashko on December 28, 2021 СВЕТ
Фото: acmedsci.ac.uk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 28, 2021 22:30

„Омикрон не е истата болест што ја имавме пред една година, а високата стапка на смртност од ковид-19 во Обединетото Кралство е минато”, истакна водечкиот британски имунолог, Џон Бел во разговор за „Би-Би-Си“.

Бел, професор по медицина на Оксфорд и еден од научните советници на британската влада, вели дека, и покрај растот на хоспитализациите во последните недели поради ширењето на омикрон меѓу популацијата, „изгледа дека болеста е помалку опасна, а пациентите во болница минуваат релативно пократко време”.

Помалку пациенти завршуваат на кислородна поддршка, а просечното време што го минуваат во болница паднало на три дена, додал Бел.

„Повеќе научници ја критикуваа одлуката на британската влада да не воведе нови построги мерки во Англија пред новогодишната ноќ. Некои ја опишаа одлуката како најголемиот јаз меѓу научните совети и законот од почетокот на пандемијата“, пренесува „Гардијан“.

Тие велат дека се загрижени затоа што, и покрај фактот што се чини дека омикрон предизвикува помалку сериозни симптоми, тоа е екстремно заразна варијанта на ковид-19, што значи дека бројот на хоспитализирани и починати може нагло да се зголеми без интервенција на владата.

Имавме многу социјални контакти меѓу генерациите за време на Божик, па сега ќе видиме дали ќе имаме значително зголемување на бројот на пациенти во болниците со тешки симптоми на омикрон, рече Крис Хопсон од јавниот здравствен систем на Велика Британија.

Но, професорот Џон Бел вели дека ситуацијата со омикрон, сепак, треба да биде подобра од минатата година.

Ужасните сцени што ги гледавме минатата година во преполните единици за интензивна нега, многу луѓе умираат… според мене, тоа е нешто од минатото, рече Бел.

Тој, исто така, вели дека за време на брановите на ковид-19, вклучително и делта и омикрон соевите, инциденцата на тешки симптоми и смрт практично не се променила откако сите се вакцинирале.

Бел додаде дека напуштените улици во изминатите неколку недели покажаа дека луѓето се доста одговорни во однос на заштитата од вируси.

Велика Британија Ковид-19 Свет Џон Бел
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.