Author: Sashko

Советот на Општина Тетово на денешната четврта седница го усвои буџетот за 2022 година кој има дефицит од 33 милиони денари. Општина Тетово има предвиден приход од една милијарда 623 милиони 769 илјади денари (над 26 милиони евра) додека за расходи една милијарда 656 милиони 826 илјади и 526 денари. Овој буџет не е развоен и не ги рефлектира моите програмски определби. Имаме законска рамка да се подготви буџетот кој не ни овозможува да предвидиме тоа што ние би сакале да биде предвидено во делот на капиталните инвестиции. Согласно законската рамка, ние сме ограничени на просекот од реализација на последните…

Read More

Службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево при Регионалниот Центар Север завчера во 19:50 часот спречиле обид за криумчарење на поголема количина на разновидни лекови од Република Северна Македонија кон Косово, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи. „Во атарот на село Јажинце, тетовско, било забележано лице кое носело два поголеми пакета и не застанало на наредба на полициските службеници. При прегледот на терен биле пронајдени пакетите кои содржеле разновидни лекови, од кои 17.410 таблети, 970 ампули и 120 капсули. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, посочуваат од МВР.

Read More

Фатмир Битиќи, Перо Костадинов, Стефан Богоев и Биосера Костадиновска Стојчевска се новите потпретседатели на СДСМ, објави лидерот на владеачката партија, Димитар Ковачевски по вечерашната седница на Централниот одбор. За нов генерален секретар на СДСМ е назначен Миле Зечевиќ. Сања Лукаревска, директорка на Управата за јавни приходи, останува заменик претседател на СДСМ, додека Бојан Маричиќ ќе биде на позиција секретар за меѓународна политика.   Членови на Извршниот одбор на СДСМ ќе бидат Ана Данева-Маркова, Мишко Ралев, Нина Фити-Неделковска, Снежана Захариева, Даниела Колева, Милена Стефановиќ, Костадин Костадинов, Рената Јајовска, Мелиса Ценовска, Петре Шилегов, Дритан Исмаили, Тања Томиќ, Дарко Каевски, Андреј Петров, Ивона Кузмановиќ,…

Read More

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски ја доби довербата од членовите на Централниот одбор на партијата да биде мандатар за состав на новата влада. „За мене е огромна чест и одговорност што денес од ЦО на СДСМ ја добив довербата да бидам мандатар на иднаата Влада! Тоа е предизвик кој сум подготвен да го прифатам и посветено да работа за да ја оправдам довербата“, напиша Ковачевски пред малку на Фејсбук. Притоа тој посочи дека Централниот одбор продолжува со седницата за избор на ново раководство, како и нови членови на Централниот и Извршниот одбор. „СДСМ ќе се реорганизира, ќе продолжи да се…

Read More

Тројца тинејџери се убиени, а еден е тешко ранет во пукотница во продавница на бензинска пумпа во поширокото предградие на Далас во Тексас. Полицијата трага по осомничениот напаѓач кој сè уште е на слобода, откако побегнал од местото на крвавиот пир во бел камионет. https://www.youtube.com/watch?v=WjkzGlZXOZY Како што се гледа на видео-снимка од надзорните камери, маж со светол тен излегува од бел камионет од типот „доџ“, отвора оган со пиштол врз продавница во Гарланд, предградие на Далас, при што смртно погодил три жртви, соопшти локалната полиција, пренесува „Еј-Би-Си њуз“. Тешко повреденото момче, според полициски извори, е во животно загрозувачка состојба, додека…

Read More

Авиокoмпаниите во САД денеска откажаа уште 800 домашни и странски летови, откако вчера и за време на божиќните празници беа откажани илјадници летови. Поради брзото ширење на новиот сој на коронавирусот наречен омикрон, авиокомпаниите откажуваат летови, а пилотите и членовите на екипажите одат во карантин. Настрадаа и крузерските компании. Пилотите и членовите на екипажите се принудени да се изолираат, а патниците кои, сепак, се одлучија да патуваат користат друг вид на транспорт. Вредноста на акциите на авиокомпаниите како „Американ ерлајнс“, „Јунајтед ерлајнс“, „Делта ер лајн“ и „Саутвест ерлајнс“ денеска се намали за два до три отсто. За време на божиќните…

Read More

Корисниците на апликацијата „Телеграм“ низ светот пријавиле проблеми во нејзиното функционирање, покажуваат податоците на сајтот Даундетектор (Downdetector), кој ги следи грешките и поврзувањето на популарните интернет локации. Според сајтот Даундетектор, евидентирани се вкупно 789 поплаки. Вкупно 45 отсто од корисниците се пожалиле на проблеми со апликацијата, 36 отсто на проблеми со испраќање пораки, а 19 отсто имале проблеми при поврзувањето со серверот. Русија, Украина, Полска и Холандија се меѓу земјите каде корисниците на „Телеграм“ се соочиле со проблеми.

Read More

Никогаш не ги делам кадрите на стари и нови, туку ги делам на оние кои што допринеле повеќе или помалку во развојот и градењето на партијата, порача лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски во изјава за медиумите пред почетокот на седницата на Централниот одбор најавена за вечерва во 19 часот. Во медиумите се појавија голем број на имиња кои што значат нешто во Социјалдемократскиот сојуз и кои што во минатото извршувале високи партиски и државни функции, но да оставиме на Централниот одбор да ги донесе одлуките и потоа ќе ја информираме јавноста, порача Ковачевски пред да влезе во седиштето на владеачката…

Read More

Современо опремен и целосно реновиран по сите европски стандарди e ургентниот центар во Специјалната болница за гинекологија и акушерство во Чаир, напиша министерот за здравство, Венко Филипче на неговиот Фејсбук профил. Целосно се реновирани операционите сали, делот за интензивна нега, воведен е современ мониторинг за жените кои се породуваат. Целосно се реновирани амбулантите и опремени со нова опрема. Значително го зголемивме степенот на квалитет што се дава во интензивната нега на новородените. Со сето ова, нивото на опременост на болницата се подигна на втор-а степен, нагласува Филипче. Филипче порача дека е обновена и пералната на болницата, а потсети дека објектот…

Read More

На патниот правец Свети Николе – Миладиновци, на 10 километри пред Миладиновци, поради свлечиште и голем одрон, сообраќајот е пренасочен само на една коловозна лента во должина од 150 метри, информираат од АМСМ. На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. На учесниците во сообраќајот АМСМ им препорачува внимателно возење. Од АМСМ информираат дека сообраќајот на патниот правец Струмица – Мокрино – Смолари кај Мокрински извори е во прекин поради нанос на коловозот и поплава. Екипите на ЈП „Македонијапат“ работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.

Read More

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски поднесе писмена оставка на функцијата во партијата. Николовски во писмената оставка изразува посебна благодарност до претседателот Зоран Заев и на сите членови на партијата. „Чесно и посветено одработив во тежок период за партијата. Денес СДСМ е најбројната, најмодерната, дигитализирана, динамична и европска партија. По 18 години, СДСМ и коалицијата победија на парламентарни избори минатата година. На претседателот Ковачевски и новото раководство им посакувам многу мудрост, единство, ангажман и чување на вредностите. Со ова оставам можност за избор на нов генерален секретар, согласно концептот на претседателот Ковачевски. Во однос на неговиот натамошен ангажман во политиката…

Read More