Тројца тинејџери се убиени, а еден е тешко ранет во пукотница во продавница на бензинска пумпа во поширокото предградие на Далас во Тексас. Полицијата трага по осомничениот напаѓач кој сè уште е на слобода, откако побегнал од местото на крвавиот пир во бел камионет.

Како што се гледа на видео-снимка од надзорните камери, маж со светол тен излегува од бел камионет од типот „доџ“, отвора оган со пиштол врз продавница во Гарланд, предградие на Далас, при што смртно погодил три жртви, соопшти локалната полиција, пренесува „Еј-Би-Си њуз“.

Тешко повреденото момче, според полициски извори, е во животно загрозувачка состојба, додека настраданите тинејџери биле на возраст од 14 до 17 години.