Никогаш не ги делам кадрите на стари и нови, туку ги делам на оние кои што допринеле повеќе или помалку во развојот и градењето на партијата, порача лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски во изјава за медиумите пред почетокот на седницата на Централниот одбор најавена за вечерва во 19 часот.

Во медиумите се појавија голем број на имиња кои што значат нешто во Социјалдемократскиот сојуз и кои што во минатото извршувале високи партиски и државни функции, но да оставиме на Централниот одбор да ги донесе одлуките и потоа ќе ја информираме јавноста, порача Ковачевски пред да влезе во седиштето на владеачката партија.

Тој најави дека ќе предложи Извршен одбор во кој ќе биде запазена родовата еднаквост, а притоа и 33 отсто од членовите да бидат млади, што, како што истакна, е статутарна одредба на партијата.