Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Општина Тетово го усвои буџетот за 2022 година: Дефицит од 33 милиони денари, 28 милиони ќе се покриваат со кредити

0
By Sashko on December 28, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 28, 2021 16:50

Советот на Општина Тетово на денешната четврта седница го усвои буџетот за 2022 година кој има дефицит од 33 милиони денари. Општина Тетово има предвиден приход од една милијарда 623 милиони 769 илјади денари (над 26 милиони евра) додека за расходи една милијарда 656 милиони 826 илјади и 526 денари.

Овој буџет не е развоен и не ги рефлектира моите програмски определби. Имаме законска рамка да се подготви буџетот кој не ни овозможува да предвидиме тоа што ние би сакале да биде предвидено во делот на капиталните инвестиции. Согласно законската рамка, ние сме ограничени на просекот од реализација на последните три години кои, за жал, беа катастрофални во делот на прибирање на изворните приходи на Општината. На вчерашната дебата имавме многу предлози за вметнување на проекти кои се во интерес на граѓаните кои ги имаме во предвид и истите во првиот ребаланс кој ќе биде предложен во текот на 2022 година, ние сме сигурни дека со подобрување на прибирање на приходите ќе се создадат дополнителни средства кои ќе бидат ориентирани во делот на капиталните инвестиции, изјави градоначалникот Биљал Касами.

Според него за овој буџет се предвидени минимални тековни активности како што се плати и некои проекти неопходни во делот на инфраструктура. Тој рече дека значително ќе се намалат средствата наменети за луѓе со договори на дело.

Се работи за општинска администрација со решение за вработување кои ги штити законот, а има од нив кои не доѓаат на работа и не ги извршиуваат работни задачи, за што ќе се преземат соодветни мерки. Има некои неопходни активности кои се надвор од систематизација. Една таква е и легализација на дивоградби каде не е предвиден процесот на систематизација за постојните активности кај веќе вработени за што ќе ни требаат дополнително ангажирање на луѓе кои ќе се занимаат со таа проблематика. Досега биле предвидени околу 400 договори на дело за кои биле определени 54 милиони денари за хонорари. Сега ќе бидат предвидени само седум милиони денари за ангажирање на професионалци, пример за експерти за ДУП и ГУП, тоа ќе бидат 15-20 луѓе за конкретни активности, изјави Касами.

За буџетот гласаа 18 советници, додека 12 беа воздржани. За разликата од 33 милиони денари, 28 милиони ќе се надминуваат со кредити.

буџет Дефицит. Кредити Македонија Општина Тетово
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.