Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
По вчера обелоденетиот скандал, со јавно објавениот список на плати, единствени матични броеви и работни места на 637.138 албански граѓани, функционери, политичари, јавна и државна администрација, како и вработени во приватниот сектор, денеска реагираше и премиерот Еди Рама. Тој упати јавно извинување до граѓаните за „упадот во нивниот приватен живот“, ветувајќи темелна истрага, но не отфрлајќи ја можноста дека „целта на ова е насочена кон дестабилизација на земјата“. Сакам да се извинам на сите оние кои со право се загрижени за ваквото мешање, во овој аспект, од нивниот приватен живот, а во меѓувреме од почеток сакам да истакнам дека ова…
Земјите наследнички на поранешна Југославија се согласија на Северна Македонија и Србија да им го доделат станот на СФРЈ во Трст, соопшти словенечкото Министерство за надворешни работи. Како што јави дописникот на МИА од Белград, станот од распадот на поранешната држава е во сопственост на Словенија, но во последните години го користел студентскиот дом „Среќко Косовел” во Трст. Државите наследнички го поделија целиот дипломатски имот на поранешната СФРЈ во регионот на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), соопшти Министерството за надворешни работи на Словенија. Во завршна фаза е последната од петте продажби на недвижности на поранешна СФРЈ во Токио,…
Зоран Заев по четири и пол години на чело на Владата замина од премиерската функција. Собранието денеска ја констираше неговата оставка која тој ја оцени како логичен чекор што произлегува од исходот на локалните избори и како израз на преземената одговорност за изборните резултати. Заев, кој неодамна го напушти и лидерското место во владејачката СДСМ на чие чело беше од 2013 година, ја извршуваше функцијата претседател на Владата од 31 мај 2017 година, а втор премиерски мандат освои на изборите на 15 јули минатата година. Во неговиот премиерски мандат Северна Македонија стана полноправна членка на НАТО, но не успеа да…
Собраниската седница посветена на пратенички прашања што требаше да се одржи денеска e одложена, откако на нејзиниот почеток беше констатирана оставката на премиерот Зоран Заев, а со тоа и оставка на целата Влада. Претседателот на Собранието Талат Џафери оцени дека е нецелисходно да се одржат пратеничките прашања, бидејќи Владата е во оставка и тоа, рече, е воспоставена практика од минатото. На одложувањето на седницата за пратенички прашања процедурално реагираше пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Координаторот Никола Мицевски, оцени дека ова е уште еден обид за бегање на претставниците на Владата од одговорност за, како што рече, катастрофалните политики, криминалот и корупцијата.…
Доколку формално биде предложено за секое решение со Бугарија да расправа Собранието, Парламентот нема да бега од тоа, особено ако решението е во полза на граѓаните и на државата, изјави на денешниот брифинг со новинарите собранискиот претседател Талат Џафери. Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров на седницата на Националниот совет за евроинтеграции што се одржа во вторникот рече дека секое решение до кое би дошле Северна Македонија и Бугарија, а кое би овозможило кревање на бугарското вето за почеток на преговори на земјава со ЕУ, би требало да дојде пред пратениците во Собранието, на што се согласија пратениците и од…
Ако иницијативата „Отворен Балкан“ е показна вежба за членство во ЕУ ,тогаш тоа е добра работа Во интервју за Нова ТВ, поранешниот претседател на Хрватска, Иво Јосиповиќ зборува за актуелните состојби во ЕУ во однос на проширувањето, хрватските искуства од процесот на преговорите за членство и состојбите во регионот на Западниот Балкан. Нова ТВ: Како ја гледате перспективата на регионот со оглед на колебањата во ЕУ и ова статус-кво во процесот на проширувањето? Јосиповиќ: Европа испадна нефер кон Македонија, бидејќи Македонија направи се што беше нејзина задача за да ги започне преговорите за членство. Мене ме изненадија барањата на Бугарија…
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека подготвеноста на Вашингтон да разговара за безбедносните предлози за ограничување на експанзијата на исток е „позитивна“. Русија минатата недела достави нацрт-предлози до САД и НАТО, сумирајќи ги нејзините барања во замена за деескалација на тензиите околу Украина. Во документите се вели дека „НАТО не смее да прима нови членки во воената алијанса и повика да не се формираат воени бази во поранешните советски земји“. Не смее да има никакво проширување на НАТО кон исток. Топката е на нивни терен. Тие треба да ни дадат одреден одговор, но генерално гледаме позитивна реакција. Американските партнери…
Германскиот авиопревозник „Луфтханза“ мораше да откаже неколку интерконтинетални лекови за време на божиќните празници, бидејќи голем број пилоти заболени од ковид-19. Тоа посебно влијаеше на летовите кон Бостон, Хјустон и Вашингтон во периодот од 23 до 26 декември, изјави портпаролот на „Луфтханза“, додавајќи оти летовите можат повторно да бидат резервирани. Тој истакна дека компанијата вовела мерки да се избегне таквата ситуација „но, очигледно тоа не било доволно со оглед на високата стапка на заразени лица“.
Постои опасност Бугарија да стане ковид гето, никој нема да сака да дојде овде ниту на патување, ниту на деловен план. Ова го вели бугарскиот вирологот Радка Аргирова во разговор со премиерот на таа држава, Кирил Петков. Според Аргирова, опасноста доаѓа од многу ниската стапка на вакцинација во Бугарија, јави агенцијата БТА и затоа, како што самата вели, „најверојатно ќе станеме земја со ендемично ширење на вирусот“. Ова значи дека вирусот е тука, има кластер овде, кластер таму, ние го запираме, но избувнувањето се зголемува наредниот ден со овој ковид. Нови вакцини можеби ќе треба да бидете подготвени за такви…
Актуелниот претседавач со Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ изјави дека доколку странците не го спречат српскиот член на трипартитното тело, Милорад Додик, кого го нарекува „разбојник“, ќе нема друг избор освен да го спречат сами. Комшиќ тоа го кажа во интервју за Радио Сараево и додаде дека, БиХ „никогаш всушност не била оставена на мир од оние кои го загрозуваат опстанокот на државата“. Не треба да се споменува за кого се работи, ќе се пронајдат. Но, и покрај сите напади на Босна и Херцеговина, таа преживеа и ќе опстане, изјави Комшиќ, додавајќи дека не се сомнева дека, како што вели,…
Четири лица се повредени во пожар што избувна во рафинеријата „Ексонмобил“ во близина на Хјустон, во американската сојузна држава Тексас. Окружниот шериф Ед Гонзалес на Твитер напиша дека дошло до „голема индустриска несреќа“ во фабриката што го предизвикала пожарот. Како што наведе тој, според прелиминарните извештаи, имало „некаков вид на експлозија“ во фабриката, пренесува „Си-Би-Ес њуз“.
Податоците од Јужнa Африка укажуваат дека Омикрон сојот е 70 до 80 отсто послаб од Делта варијантата на ковид-19, изјави денеска шефот на Африканските центри за контрола на болести (ЦДЦ) Џон Нкенгасонг, но додаде дека тоа не мора да значи дека е исто во сите земји. Треба внимателно да ги толкуваме податоците од Јужна Африка. Ова е само почеток на сојот Омикрон и станува збор за локални медицински резултати, нагласи Нкенгасонг. Тој додаде дека треба да се земе предвид и факт како што е возраста, бидејќи добар дел од јужноафриканската популација е помлада.