Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека подготвеноста на Вашингтон да разговара за безбедносните предлози за ограничување на експанзијата на исток е „позитивна“.

Русија минатата недела достави нацрт-предлози до САД и НАТО, сумирајќи ги нејзините барања во замена за деескалација на тензиите околу Украина. Во документите се вели дека „НАТО не смее да прима нови членки во воената алијанса и повика да не се формираат воени бази во поранешните советски земји“.

Не смее да има никакво проширување на НАТО кон исток. Топката е на нивни терен. Тие треба да ни дадат одреден одговор, но генерално гледаме позитивна реакција. Американските партнери ни кажаа дека се подготвени да се започне таа дискусија на почеток на наредната година во Женева, рече Путин на неговата годишна прес-конференција, додавајќи дека веќе се назначени претставници од двете страни.

Западните влади ја обвинија Москва дека распоредува војници во близина на нејзината граница со Украина.