Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комшиќ со порака до меѓународниот фактор: Ако вие не го спречите Додик, ќе го спречиме ние

0
By Sashko on December 23, 2021 РЕГИОН
Фото: predsjednistvobih.ba
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 23, 2021 12:09

Актуелниот претседавач со Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ изјави дека доколку странците не го спречат српскиот член на трипартитното тело, Милорад Додик, кого го нарекува „разбојник“, ќе нема друг избор освен да го спречат сами.

Комшиќ тоа го кажа во интервју за Радио Сараево и додаде дека, БиХ „никогаш всушност не била оставена на мир од оние кои го загрозуваат опстанокот на државата“.

Не треба да се споменува за кого се работи, ќе се пронајдат. Но, и покрај сите напади на Босна и Херцеговина, таа преживеа и ќе опстане, изјави Комшиќ, додавајќи дека не се сомнева дека, како што вели, „ќе направиме се во таа смисла“.

„Веќе ни се случи сето најлошо што можеше да ѝ се случи на една земја и нејзините граѓани, од агресија, геноцид и злосторства што историјата на човештвото не ги памети. Државните непријатели го убија стравот во нас и на тоа треба да размислуваме ако повторно насилно ги нападнат нашата држава и граѓаните“, рече Комшиќ.

Тој изјави дека стравот не парализира, освен неколкумина кои својата лична удобност сакаат да ја претстават како рамнодушност на народот кон судбината на државата.

„Странците, без разлика дали се наши пријатели или непријатели, мора да го знаат тоа. Со разбојник нема да преговараме за постоење институции чие формирање е извршено согласно Уставот и закон во Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина. Сум кажал еднаш и ќе кажам уште еднаш. Подобро е странците да го запрат Додик, отколку ние да го спречиме. Ако не го спречат тие, нема да имаме друг избор освен самите да го спречиме. Тој го ризикуваше мирот во регионот и Европа. Нема да се коцкаме со нашата земја“, порача Комшиќ.

БиХ Жељко Комшиќ Милорад Додик Порака регион
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.