Податоците од Јужнa Африка укажуваат дека Омикрон сојот е 70 до 80 отсто послаб од Делта варијантата на ковид-19, изјави денеска шефот на Африканските центри за контрола на болести (ЦДЦ) Џон Нкенгасонг, но додаде дека тоа не мора да значи дека е исто во сите земји.

Треба внимателно да ги толкуваме податоците од Јужна Африка. Ова е само почеток на сојот Омикрон и станува збор за локални медицински резултати, нагласи Нкенгасонг.

Тој додаде дека треба да се земе предвид и факт како што е возраста, бидејќи добар дел од јужноафриканската популација е помлада.