Author: Sashko

Во случај на распад на Русија, последиците би биле многу подраматични и покрвави отколку во поранешна Југославија, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин во интервју емитувано на ТВ каналот „Русија-1“. Дефинитивно може да се каже дека би се чувствувале многу лошо, би се бореле да преживееме, наместо да го зголемуваме наталитетот. Трагичниот пример на Југославија покажува дека во случај да миневме низ истото, и знаејќи го менталитетот на нашиот народ и не само на рускиот, туку и на сите народи кои живеат во Русија, конфликтите би биле многу поопасни и покрвави отколку во Југославија, истакна Путин. Тој додаде дека имало…

Read More

Лидерот Шкупи со победа ја заокружи есенската полусезона во Првата македонската фудбалска лига (ПМФЛ), триумфирајќи над Борец во Велес со убедливи 3:0, во рамки на некомплетното 18 коло. Фудбал попладнево немаше во Струга поради лошите временски услови и одложен беше дуелот меѓу истоимениот домаќин и Ренова. ПМФЛ, 18 коло, резултати Академија Пандев – Пелистер 1:0 Борец – Шкупи 0:3 Работнички – Македонија Ѓ.П. 1:2 Шкендија – Скопје 1:0 Струга – Ренова (одложено) Тиквеш – Брегалница 1:3 (одиграно во сабота). Табела: Шкупи 42, Академија Пандев 35, Шкендија 34, Брегалница 29, Ренова 27 (-1), Македонија ЃП 27, Струга 23 (-1), Работнички 22,…

Read More

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска излезе на протест пред Собранието и пред Стопанската комора на Северна Македонија како израз на незадоволство од неизгласување на законското решение со кое недела се прогласува за неработен ден и со барање минималната плата да изнесува 60 проценти од просечната плата, а со тоа и спирално зголемување на сите останати плати согласно колективните договори. ССМ бара од пратениците да ги усвојат измените и дополнувањата на Законот за работни односи со кои се прогласува недела за ден на неделен одмор, измена и дополнување на Законот за минимална плата, потпишување на Општ колективен договор за јавен сектор…

Read More

Папата Франциск денеска повика на сериозен меѓународен дијалог за решавање на тензиите меѓу Русија и Украина и ги повика двете страни да избегнуваат вооружени конфликти. Британските медиуми забележуваат дека ова е прв коментар на папата во врска со тензиите меѓу Западот и Русија околу прашањето за Украина. „Оружјето не е начин. Нека овој Божиќ донесе мир во Украина“, рече папата во неделното обраќање пред илјадниците верници собрани на плоштадот „Свети Петар“ во Рим.

Read More

Шефовите на дипломатиите на групата седум најразвиени демократии (Г7) денеска ја предупреди Русија за „тешките последици“ доколку претседателот Владимир Путин ја напaдне Украина, се наведува во нацрт-изјавата што ја добија британските медиуми. На Самитот во Ливерпул, претставниците на Г7 изјавија дека се обединети во осудата на руското трупање сили во близина на Украина и ја повикаа Москва да ја смири ситуацијата. Русија не треба да се сомнева дека натамошната воена агресија против Украина ќе има големи последици и голема цена“, се наведува во нацрт-изјавата, наведуваат извори од Г7. Украина е во центарот на кризата во односите Исток-Запад и ја обвинува…

Read More

Бугарското Народно собрание утре во 13 часот ќе одржи вонредна седница на која пратениците треба да гласаат за предложената коалициска влада на чело со Кирил Петков. Како што јави дописникот на МИА од Софија, на дневниот ред предложен и одобрен од претседателот на Народното собрание е изборот на премиер на Република Бугарија, усвојување на структурата на редовната влада и нејзиниот избор од пратениците. Кирил Петков, копретседавачот на најголемата политичка сила во новиот парламент – „Промените продолжуваат“ вчера од претседателот Румен Радев го доби мандатот за состав на новиот кабинет. За да се прифати предложената влада и кандидатурата за нов премиер,…

Read More

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска најави дека земјата во 2022 и 2023 година ќе набави околу 30 хеликоптери и дека ќе биде хеликоптерска велесила во регионот, јави дописникот на МИА од Белград. Голем број хеликоптери се набавени годинава и претходните години, а очекувам големи набавки на хеликоптери следната година и во 2023 година. Очекуваме уште вкупно 18 плус 12 хеликоптери, изјави Вучиќ по демонстрацијата на хеликоптерски единици на Воздухопловните сили и ПВО и 63-та падобранска бригада во Ниш. Вучиќ порача дека Србија ќе има и 11 хеликоптери Х-145, потоа четири Ми-35, три Ми-17, плус 11 или 12 Ми-35 кои…

Read More

Во последните 24 часа се регистрирани нови 308 случаи на ковид-19 од направени вкупно 2.643 тестирања, информираше Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Оздравени се 246 пациенти, а починале осум лица. Од новите случаи, во Скопје се 155, во Охрид – 26, во Битола – 21, во Струмица – 19, во Куманово – 15, во Штип – 10, во Кавадарци – осум, во Прилеп и во Велес по седум, во Тетово – шест, во Кичево и во Богданци по пет, во Кочани, во Гевгелија и во Свети Николе по четири, во Неготино и во…

Read More

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) апелира до мрежните оператори за електрична енергија да ги преземат сите мерки за враќање на нормалното напојување со електрична енергија во целата држава, изјави денеска претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски. Тој напомена дека во одредени делови веќе е вратено напојувањето со електрична енергија, но апелира за преземање на дополнителни мерки. „Занеме дека веќе се преземаат сериозни активности, и дека во услови каде што има и снег, во одредени делови е вратено напојувањето со електрична енергија, но, уште еднаш апелираме да се врати напојувањето на територијата на целата држава“, изјави Бислимоски.

Read More

На денешниот редовен 17-ти Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, покрај изборот на претседател на партијата, ќе се донесе и доктрина која ќе биде платформа за идните делувања на партијата. Првата тема во оваа доктрина е како да останат граѓаните во државата, а има теми и од областа на образованието и на енергетиката, изјави денеска пред почетокот на Конгресот, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски. На Конгресот ќе учествуваат вкупно 517 делегати, а како што рече Сајкоски, доставена е една кандидатура за претседател и тоа од Христијан Мицкоски, кој и досега беше на таа функција. Покрај изборот на претседател на партијата, Конгресот ќе…

Read More

Гласањето на денешните вонредни внатрепартиски избори за претседател на СДСМ се одвива непречено и без застој. Сите 194 гласачки места во 80 општини се отворени навремено, во 8 часот, а избирачките места ќе бидат отворени до 19 часот, информираше на прес-конференција претседателката на партиската Централна Изборна Комисија, Викторија Мадиќ. Таа додаде дека за три часа од отворањето на сите избирачки места излезноста е 12 отсто. СДСМ постави нови највиски стандарди на македонската политичка сцена. Денеска се одржуваат вонредните внатрепартиски избори за претседател на СДСМ. Гласањето на сите гласачки места се одвива непречено, без застој, во демократска атмосфера и со почитување…

Read More

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Зоран Заев денеска во општинскиот штаб на партијата во Струмица го оствари правото на глас на вонредните внатрепартиски избори. СДСМ денеска го бира заменикот на Заев. За претседател на партијата има тројца кандидати и тоа Димитар Ковачевски, кој е актуелен заменик-министер за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ, Фросина Ременски, поранешна пратеничка и екс-потпретседателка на СДСМ и Јован Деспотовски, актуелен директор на Дирекцијата на ТИРЗ.

Read More