Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Путин: Распадот на Русија ќе беше многу покрвав од оној на Југославија

0
By Sashko on December 12, 2021 СВЕТ
Фото: politico.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 12, 2021 16:14

Во случај на распад на Русија, последиците би биле многу подраматични и покрвави отколку во поранешна Југославија, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин во интервју емитувано на ТВ каналот „Русија-1“.

Дефинитивно може да се каже дека би се чувствувале многу лошо, би се бореле да преживееме, наместо да го зголемуваме наталитетот. Трагичниот пример на Југославија покажува дека во случај да миневме низ истото, и знаејќи го менталитетот на нашиот народ и не само на рускиот, туку и на сите народи кои живеат во Русија, конфликтите би биле многу поопасни и покрвави отколку во Југославија, истакна Путин.

Тој додаде дека имало бројни надворешни притисоци врз Русија во текот на 90-те години од минатиот век и дека земјата загубила добар дел од нејзиниот суверенитет во тоа време.

Имаше многу инструменти на притисок. Русија беше прилично слаба, зависеше од различни финансиски инструменти и механизми, политички и внатрешни. Со жалење може да се каже дека Русија тогаш изгуби поголем дел од својот суверенитет, нагласи Путин.

Рускиот претседател се потсети на ситуацијата во 1999 година кога беше премиер.

Што се однесува до губењето на суверенитетот, го видов тоа кога бев премиер во 1999 година, кога по почетокот на нашите воени операции во Северен Кавказ, мисијата на Меѓународниот монетарен фонд побара да ги прекинеме акциите, откри Путин.

Тој додаде дека прашал каква врска има ММФ со операциите во Северен Кавказ и му било кажано дека тоа ќе има негативно влијание врз економијата.

„Тврдевме дека ја зајакнавме нашата државност и со тоа создадовме можност за поефикасна работа во економската сфера, но нашите аргументи беа игнорирани“, истакна Путин во интервјуто.

Владимир Путин интервју Распад Русија Свет СФРЈ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.