Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Зоран Заев денеска во општинскиот штаб на партијата во Струмица го оствари правото на глас на вонредните внатрепартиски избори.

СДСМ денеска го бира заменикот на Заев. За претседател на партијата има тројца кандидати и тоа Димитар Ковачевски, кој е актуелен заменик-министер за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ, Фросина Ременски, поранешна пратеничка и екс-потпретседателка на СДСМ и Јован Деспотовски, актуелен директор на Дирекцијата на ТИРЗ.