Author: Sashko

Вереницата на Џулијан Асанж, Стела Морис, денеска откри дека основачот на Викиликс на 27 октомври доживеал мозочен удар во затвор. „Дејли Мејл“ пишува дека на Асанж му бил дијагностициран транзиторен исхемичен напад по едно негово појавување пред Високиот суд во октомври. На Џулијан му е тешко и јас се плашам дека овој инцидент може да биде претходник на поголем напад. Тоа само ги зголемува нашите стравови за тоа дали тој ќе може да ја преживее оваа долга правна битка, што сè уште трае, рече Морис, кој има две деца со Асанж. Мозочниот удар се случил во октомври, месецот во кој…

Read More

Израелските научници вчера објавија дека откриле оти тројната вакцина против коронавирус со вакцината на „Фајзер“/„Бајонтек“ обезбедува значителна заштита од нова варијанта на омикрон. Заклучоците од истражувањето се слични со оние што претходно неделава беа презентирани од „Бајонтек“ и „Фајзер“, што беа првиот знак дека дополнителните дози на вакцината би можеле да бидат клучни за заштита од новоидентификуваната варијанта на коронавирус. Истражувањето, спроведено од медицинскиот центар „Шеба“ и Централната виролошка лабораторија на израелското Министерство за здравство, ја спореди крвта на 20 лица кои примиле две дози од вакцината пред пет-шест месеци со исто толку луѓе кои ја примале третата доза пред…

Read More

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа прогласи вонредна состојба во Кентаки, јавија американските медиуми. Според последните информации, најмалку 70 лица го загубија животот во серијата од над 30 торнада што ја погодија оваа и уште четири други сојузни држави. Бајден вчера нареди федералните ресурси да се насочат кон најпогодените локации, а претходно разговараше со гувернерите на Арканзас, на Илиноис, на Кентаки, на Мисури и на Тенеси за да изрази сочувство и да ја потврди посветеноста за брза испорака на помошта, соопшти Белата куќа, а пренесоа британските медиуми. Во разорните бури што ги погодија американскиот Среден Запад и Југоисток, кои Бајден ги…

Read More

Американскиот помошник државен секретар за европски прашања, Карен Донфрид во текот на наредната недела ќе ги посети Украина и Русија за да разговара за воените тензии на границата меѓу двете земји, соопшти американското Министерство за одбрана. Донфрид од понеделник до среда ќе престојува во Киев и во Москва, а со претставници на земјите домаќини ќе разговара за посветеноста на САД за суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина, се наведува во соопштението на Пентагон. Таа ќе „инсистира на можностите да се постигне дипломатски напредок за да заврши конфликтот во Донбас, во источна Украина, со спроведување на мировниот договор усвоен во…

Read More

Нова Каледонија денеска по трет и последен пат излегува на референдум за независност од Франција. На земјата, која се наоѓа на приближно 2.000 километри источно од Австралија, со договор од 1988 година ѝ беше дозволено да одржи три референдуми за независност за да ги намали тензиите во архипелагот на Пацификот. Откако на референдумите во 2018 година и во 2020 година беше отфрлена опцијата за отцепување од поранешните колонијални владетели, 185.000 гласачи денеска повторно ќе бидат прашани „Дали сакате Нова Каледонија да добие целосен суверенитет и да стане независна?“. Во позадина на гласањето се сè позаладените односи меѓу Париз и неговите…

Read More

Најмалку едно лице загина откако поради истекување на гас дојде до експлозија што предизвика уривање на неколку згради на Сицилија, соопштија утринава италијанските служби за итни случаи, јавува агенцијата ДПА. „Едно тело беше извлечено од урнатините, додека две жени се спасени, а уште осум лица се водат како исчезнати“, соопшти единицата за цивилна заштита на Сицилија (DRPC Sicilia) утринава, нешто пред 5 часот. „Голем број згради“ се урнаа по експлозијата што се случи синоќа околу 20:30 часот во Равануса, град на околу 110 километри југоисточно од Палермо, соопшти ДРПЦ Сицилија. Според агенција АНСА, три згради се урнале, а уште три…

Read More

Неколку стотици лица вчера протестираа во Луксембург против анти-ковид мерките, јавија француските медиуми, додавајќи дека полицијата која го обезбедуваше протестот употребила водени топови и го растурила собирот, притоа апсејќи и неколку демонстранти. Хеликоптери и дронови ги надлетуваа демонстрантите кои извикуваа „Слобода“, а на помош на луксембуршката полиција дојде и полицијата од соседна Белгија, поради нередите што на сличен собир избија на 4 декември. Полицијата ја потисна групата демонстранти кои фрлаа петарди и димни бомби во поставените полициски барикади во центарот на градот. Приведени се повеќе од 10 лица. Властите ги заострија мерките против коронавирусот. Во Луксембург е задолжителен ковид сертификат…

Read More

Германскиот канцелар Олаф Шолц повика на флексибилност во преземањето на мерките во борба против пандемијата на коронавирус, јави агенцијата ДПА. Не смее да има црвени линии. Оваа пандемија навистина ни го покажа тоа. Секогаш мора да бидеме подготвени повторно да размислиме доколку околностите тоа го бараат, рече канцеларот за неделното издание на весникот „Билд“. Тогаш, додаде тој, мора да се дејствува брзо и одлучно. „За да можат болниците да понудат доволно кревети за интензивна нега поради многу пациенти со ковид-19, ние штотуку ставивме на располагање многу пари. Забраната за огномет на новогодишната ноќ има за цел да спречи повеќе повредени…

Read More

Министерството за внатрешни работи (МВР), во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, вчера на територијата на град Скопје изрече се вкупно 218 мерки од кои 53 за возење под дејство на алкохол, 22 за возење без возачка дозвола и 20 за возење повеќе од дозволената брзина. Изречени се 10 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 14 санкции за некористење сигурносен појас, 11 мерки за возач почетник, девет за користење мобилен телефон, информираат од МВР. Оттаму најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитувааат сообраќајните правила и прописи…

Read More

Со назначување на Михајло Донев за в.д. оперативен директор за развој, иновации и знаење, Стопанската комора на Северна Македонија го заокружи промовирањето на концептот „Комора на иднината“. Донев доаѓа на функцијата по пет и пол години работа во Комората на различни позиции во областа на образованието, едукацијата и работата на проекти. Според претседателот на Комората, Бранко Азески, постојано се води сметка за кадровската политика и тоа е еден од клучните приоритети. Денес, дополни тој, по градењето свои кадри во изминатите 15 години, Комората брои 40 високобразовани кадри од кои три доктори на науки, 18 магистри и 10 експерти од сите сфери.…

Read More

Забрана за тешки товарни возила утрово има на патниот правец Крак Маврово – Жировница, патниот правец Тетово – Попова Шапка, каде дополнително забраната важи за камиони и автобуси, а за останатите е задолжителна употребата на зимска опрема, информираат од АМСМ. Патниот правец Македонски Брод – Скопје, кај село Близанско сè уште е блокиран за сообраќај за сите возила, поради одрон на патот. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Поради голем број на одрони на патните правци Делчево – Кочани, Делчево – Пехчево и Делчево – граничен премин Делчево се препорачува да не се користат овие патни правци…

Read More

Најмногу снег утринава има на Попова Шапка каде се измерени 88 сантиметри, потоа во Маврово 49 см., во Пожаране 22 см., во Крушево 19 см., во Гостивар 7 см., во Тетово 5 см. и во Дебар 4 см. Најстудено утрово било на Попова Шапка каде се измерени -5 степени целзиусови и во Маврово со измерени – 2 степени, а најтопло во Скопје-Петровец, Струмица, Гевгелија, Дојран, Штип, Демир Капија, каде се измерени 4 степени целзиусови.

Read More