Министерството за внатрешни работи (МВР), во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, вчера на територијата на град Скопје изрече се вкупно 218 мерки од кои 53 за возење под дејство на алкохол, 22 за возење без возачка дозвола и 20 за возење повеќе од дозволената брзина.

Изречени се 10 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 14 санкции за некористење сигурносен појас, 11 мерки за возач почетник, девет за користење мобилен телефон, информираат од МВР.

Оттаму најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитувааат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта.