Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска напладне ќе излезе на протест пред Собранието и пред Стопанската комора на Северна Македонија како израз на незадоволство од неизгласувањето на законското решение со кое недела се прогласува за неработен ден и со барање минималната плата да изнесува 60 проценти од просечната плата, а со тоа и спирално зголемување на сите останати плати согласно колективните договори. Протестот ќе започне пред зградата на ССМ, а учесниците ќе се движат кон Собранието на Република Северна Македонија, а потоа и кон седиштето на Организацијата на работодавачи на Македонија и Стопанската комора на Македонија каде што ќе…
Времето денеска ќе биде со слаб локален дожд, особено претпладне, претежно на југоистокот и со повремен снег во планинските региони. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5 степени, а максималната од 2 до 9 степени. Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветар. Минималната температура ќе се спушти до 1 степен, а максималната ќе достигне до 7 степени. Како што информираат од УХМР, во понеделник ќе има услови за слаб снег на северот и ќе започне период на умерено до значително облачно и студено време,…
ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одржи редовен партиски Конгрес на кој ќе се избира новиот лидер на партијата. По Конгресот, од партијата најавуваат нова доктрина и сериозни кадровски освежувања. Конгресот ќе се одржи во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје, со присуство на над 500 делегати. Од десет до 12 часот е предвидена регистрација на гостите и на делегатите. Конгресот во 12 часот ќе го отвори Ѓорѓи Сајковски, а претседавач на работното претседателство ќе биде Александар Николоски. Потоа ќе следува затворен дел на кој ќе присуствуваат само делегати. Од 16 до 17:30 часот ќе биде паузата за гласање, по што е предвидено…
Вонредните внатрепартиски избори во СДСМ на кои ќе се избира нов претседател на партијата ќе се одржат денеска, а гласањето ќе се одвива по електронски пат. Сите членови кои поседуваат електронска членска картичка на СДСМ ќе може активно да се регистрираат и да гласаат на овие втори внатрепартиски избори. За претседател на партијата се кандидираа тројца кандидати и тоа Димитар Ковачевски, кој е актуелен заменик-министер за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ, Фросина Ременски, поранешна пратеничка и екс-потпретседателка на СДСМ и Јован Деспотовски, актуелен директор на Дирекцијата на ТИРЗ. Еден од нив ќе го заземе местото на досегашниот…
Вонредни внатрепартиски избори во СДСМ и седница на највисокото партиско тело на ВМРО-ДПМНЕ. Најголемите политички сили во државата утре (12 декември) со обемни активности во чија основа се лидерите – владеачката бира наследник на Зоран Заев кој најави оставка на функциите претседател во партијата и премиер во Владата по поразот на локалните избори. Во трката за наследник на Заев се пријавија тројца кандидати – Димитар Ковачевски, Фросина Ременски и Јован Деспотовски. Сите членови на партијата кои поседуваат електронска членска картичка ќе можат да го искористат своето право на глас на 194 избирачки места ширум земјата кои ќе бидат отворени од…
Доколку не се преземат дополнителни рестриктивни мерки, Велика Британија во јануари ќе се соочи со голем бран на заразени лица со новиот сој омикрон, изјавија британски научници врз основа на спроведени студии и предвидувања, објави денеска „Би-Би-Си“. Доктор Ник Дејвис од лондонскиот Факултет за хигиена и тропска медицина (LSHTM) и еден од врвните британски истражувачи, истакна дека омикронот „се шири многу брзо“, тоа е „прилично загрижувачка варијанта“ и веројатно ќе биде доминантна форма на коронавирус во Англија до крајот на годинава. Во извештајот на влијателна група научници кои го предвидуваат текот на настаните врз основа на математички модели, вклучително и…
Околу 44.000 луѓе излегоа на улиците во главниот град на Австрија на денешниот протест против сертификатите за вакцинација и воведените мерки против ковид-19. Само неколку минути по почетокот на протестот, десничарски екстремисти и насилни демонстранти направија инцидент, јавуваат австриските медиуми. Полицијата пријави напад врз минувачи и новинари. Нападнат е новинар. Бил гаѓан со грутки снег и парчиња мраз, објави виенската полиција на Твитер, додавајќи дека напаѓачот е уапсен. Полицијата, исто така, соопшти дека се спроведени уште неколку апсења на демонстранти. Пристигнуваат пријави за употреба на пиротехника и одбивање да се носат маски, тврди полицијата во Виена. За собирот биле ангажирани…
Регионалниот пат Дебар – Маврово е пуштен за сообраќај, а укинати се и забраните за движење на камиони што беа воведени претпладнето на повеќе места низ државата поради снежни врнежи. Како што информира АМСМ, од 12:25 часот е укината забраната за сообраќај на тешки моторни возила на патниот правец Битола – Ресен преку планинскиот премин „Ѓавато“, во 14:10 часот е укината забраната за патниот правец Струга – „Ќафасан“ и сообраќајот е нормализиран. Во 15:25 часот е укината забраната за движење на тешки товарни возила на планинскиот премин „Стража“ и во 15:35 часот е укината забраната за камиони на патниот правец…
Министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју за словенечкиот весник „Дело“ ја истакнува важноста на проширувањето на Европската Унија да се одвива по претходно утврдени принципи, реални заслуги и испорачани резултати, но ја нагласува и потребата Унијата да даде временска рамка и план за проширувањето на земјите од Западен Балкан. Ние навистина направивме сѐ и покажавме искрена желба за решавање на отворените прашања, водејќи се од европските вредности. Затоа верувам дека проблемот со Бугарија може да се реши низ директен дијалог. Но, она што за нас е важно е тој дијалог да се темели на европски вредности и принципи, а…
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска ги опиша социјалните мрежи како една од главните закани за демократијата. Неговата влада планира да воведе закони со кои се криминализира ширењето на лажни вести и дезинформации на социјалните мрежи, но критичарите оценуваат дека предложените измени ќе ги заострат ограничувањата на слободата на говорот. Социјалните мрежи, опишани како симбол на слободата кога првпат се појавија, станаа еден од главните извори на закани за денешната демократија. Се обидуваме да ги заштитиме нашите луѓе, особено чувствителните делови на општеството, од лаги и дезинформации без да ги нарушиме правата на нашите граѓани да добиваат точни и непристрасни…
Лидерот на ГЕРБ, најголемата парламентарна опозициска партија во Бугарија, Бојко Борисов, изјави дека нема да ја поддржат новата влада на Кирил Петков на гласањето што е закажано во Народното собрание во понеделник. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Борисов, владата во која е Бојко Рашков (технички министер за внатрешни работи) и мрачен шеф на комунистичката истражна служба и кандидат на БСП за државен обвинител, нема да добие поддршка од ГЕРБ во собраниската сала. Тој предвиде дека новата влада ќе биде катастрофа за Бугарија, објаснувајќи дека е зависна и неспособна. Борисов ги даде овие коментари на состанокот со…
Во последните 24 часа се регистрирани 377 нови случаи на ковид-19 од 3.608 направен и тестови од кои 164 во Скопје. Оздравеле 307 пациенти, а починале 12 лица, соопшти Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Покрај главниот град, новозаразени лица се евидентирани и во Кавадарци – 31, во Прилеп – 30, во Битола – 24, во Охрид – 16, во Велес – 15, во Куманово – 11, во Штип – 10, во Кичево – девет, во Тетово – седум, во Струмица и во Крива Паланка – по шест, во Радовиш и во Валандово -…