Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Избори во владеачката партија и Конгрес на опозициската: СДСМ по наследник на Заев, Мицкоски по нов мандат во ВМРО-ДПМНЕ

0
By Sashko on December 11, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 11, 2021 19:26

Вонредни внатрепартиски избори во СДСМ и седница на највисокото партиско тело на ВМРО-ДПМНЕ. Најголемите политички сили во државата утре (12 декември) со обемни активности во чија основа се лидерите – владеачката бира наследник на Зоран Заев кој најави оставка на функциите претседател во партијата и премиер во Владата по поразот на локалните избори.

Во трката за наследник на Заев се пријавија тројца кандидати – Димитар Ковачевски, Фросина Ременски и Јован Деспотовски. Сите членови на партијата кои поседуваат електронска членска картичка ќе можат да го искористат своето право на глас на 194 избирачки места ширум земјата кои ќе бидат отворени од 8 до 19 часот.

Изборите ги спроведува Централна изборна комисија, Општински изборни комисии и Одбори во сите општински ораганизации. Вонредните внатрепартиски избори, нагласуваат од СДСМ, ќе бидат целосно безбедни по здравјето на сите, со почитување на протоколите за заштита од ковид-19.

Опозициската партија, пак, за утре го закажа 17-от Конгрес во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје што е најавено дека ќе почне во 10 часот со регистрација на гостите, на делегатите и на претставници на медиумите.

Отворениот дел за јавноста ќе трае до 13 часот по што ќе следи затворен дел. Во рамки на затворениот дел на Конгресот е планирано и гласање и избор на претседател на ВМРО-ДПМНЕ за што единствен кандидат е Христијан Мицкоски кој ќе очекува нов мандат од делегатите.

Конгресот во 17:30 часот ќе продолжи со „второ полувреме“ на отворениот дел за јавноста, во чии рамки ќе има и обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

С.Д.

ВМРО-ДПМНЕ Зоран Заев избори Конгрес Македонија СДСМ Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.