Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ за словенечко „Дело“: Спорот со Бугарија мора да се решава низ призма на европските вредности

0
By Sashko on December 11, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 11, 2021 16:33
Министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју за словенечкиот весник „Дело“ ја истакнува важноста на проширувањето на Европската Унија да се одвива по претходно утврдени принципи, реални заслуги и испорачани резултати, но ја нагласува и потребата Унијата да даде временска рамка и план за проширувањето на земјите од Западен Балкан.
Ние навистина направивме сѐ и покажавме искрена желба за решавање на отворените прашања, водејќи се од европските вредности. Затоа верувам дека проблемот со Бугарија може да се реши низ директен дијалог. Но, она што за нас е важно е тој дијалог да се темели на европски вредности и принципи, а не на основа „кој е посилен” или, пак, кој е член на Унијата, а кој не е”, истакна Маричиќ во интервјуто за словенечко „Дело“.
Маричиќ додаде дека прашањето со Бугарија за него не е само билатерален спор, туку и ситуација за која Европската Унија во иднина треба да дефинира што може држава членка на Унијата да бара од држава кандидат.
Ние сме подготвени за дијалог и веќе разговараме за отворените прашања, но, исто така сме подготвени тие отворени прашања да ги третираме и во текот на преговорите со ЕУ. Но, во никој случај не сме спремни да се откажеме од македонскиот јазик и од нашиот идентитет, вели Маричиќ за „Дело“.
Македонскиот министер за правда додава дека Владата на Република Северна Македонија покажала дека е составена од прогресивни сили кои навистина веруваат во политиките на ЕУ и нејзините вредности и очекувааат од Унијата, од нејзините институции и од земјите членки да дадат свој придонес и заложба за нашата евроинтеграција.
Бојан Маричиќ Бугарија ЕУ интервју Македонија решение спор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.