Author: Sashko

Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски се годинешните добитните на државната награда за промоција, заштита и унапредување на човековите права „Мето Јовановски“. Нова ТВ на 31 август во 2017 година направи интервју со Лазаревски што во оваа прилика го реобјавуваме во целост.  Во тој период се создаде амбиент на приватизација на институцијата. Во еден момент јас бев во очај и мислев дека ова никогаш веќе нема да се сруши…За среќа преживеавме, но јас не можам да се повратам, едноставно не сум веќе истиот човек…Веројатно за еден живот вреди да се помине тоа, да си речеш „барем не сум живеел залудно“, вели…

Read More

Бројот на активни ковид случаи во земјава изнесува 5.620 пациенти, посочуваат од Министерството за здравство, согласно податовите на ИЈЗ, и апелираат до граѓаните да се вакцинираат, бидејќи, како што посочуваат, само така ќе се дојде до колективен имунитет и ќе се спречи ширење на мутации на коронавирусот. Делта сојот останува доминантен во земјата во која засега не е регистриран случај со омикрон мутацијата. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 433 случаи на ковид-19 од направени 3.028 тестирања, а починаа осум лица. Досега во земјата се направени вкупно 1.496.479 милиони тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во…

Read More

Денеска со почеток во 12 часот во „Сити Хол Центар“, во рамки на објектот на МКЦ во Скопје, здружението „Достоинство“ постхумно ќе додели признанија на четворицата починати армиски и полициски генерали, Панде Петровски, Ристо Галевски, Јосип Бошевски и Атанас Јовчески за покажана лична храброст, самопрегор и извонредни успеси во организирање и командување со безбедносните сили при одбраната на татковината во 2001 година. На церемонијата, покрај членови на семејствата на четворицата починати генерали, ќе присуствува претседателот на Република Северна Македонија и врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, како и поранешни армиски и полициски генерали и други старешини, вклучувајки и припадници на…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски денеска, заедно со вработените во Кабинетот, ја прими третата доза вакцина против коронавирусот. Да бидеме одговорни, да го заштитиме своето здравје и здравјето на другите, пишува Пендаровски на својот фејсбук-профил. Тој додава дека масовната вакцинација е најсигурен и најбезбеден начин за справување со ковид-19.

Read More

Заврши гасификацијата на Општата болница во Куманово, со здравствената установа целосно ќе се загрева со природен гас, напиша министерот за здравство, Венко Филипче на неговиот Фејсбук профил. „Ова е втора гасификација на јавна здравствена установа за неполни две години. Во септември лани ја завршивме гасификацијата на Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ во Чаир. Последните четири години интензивно инвестиравме во кадар и во опрема, обидувајќи се, со децении уништуваниот здравствен систем, да го направиме подостапен и пофункционален како за пациентите, така и за здравствените работници, се вели во постот на Филипче. Тој нагласува дека во тек се зафати…

Read More

Во процес на врачување се првите 100 биометриски пасоши на Република Северна Македонија што се мобилно издадени преку Амбасадата во Лондон. Со воспоставување на базната станица во оваа амбасада, се поедностави и скрати постапката на стекнување со нова патна исправа за нашата дијаспора во Обединетото Кралство на само три недели, која претходно траеше четири до шест месеци, посочи амбасадорката Александра Миовска која моментот го опиша како историски за конзуларната пракса и изрази задоволство од позитивниот фидбек (feedback) на нашите државјани кои живеат и работат таму. Ова е историски момент за конзуларната пракса во оваа амбасада. Нашите граѓани кои живеат и…

Read More

Зголемување на минималната плата по Нова Година најавуваат од Владата, што за Синдикатите е неопходно, но и дека потоа треба да следи спирално зголемување и на останатите плати. Работодавачите, пак, се на став дека секое, како што нагласуваат, вештачко неусогласено зголемување, како најавеното, само ќе ја наруши рамнотежата во стопанството и економијата. Поделени се во оценките колку бизнисот може да го одржи зголемувањето на минималната плата. Минималната плата по Нова година ќе се зголеми на 18.000 денари. Платите не стојат. Просечната во 2016 година беше 22.000-23.000 денари, а сега е 28.820 денари и ќе се зголемува во континуитет. Зголемување на…

Read More

Северна Македонија ги исполни сите услови за почеток на пристапните преговори за членство во Европската Унија (ЕУ), поради што активностите на Германија ќе бидат решително насочено кон остварување на заедничка стратешка цел – одржување на првата меѓувладина конференција на земјава со Унијата. Ваква пораки вчера испрати новата германска државна министерка за Европа, Ана Лирман по средбата со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во Берлин и амбасадорката на Германија во Северна Македонија, Анке Холштајн, што се оценува како знак на континуитет на позициите на Берлин во насока за изградба на Европа базирана на вредности и принципи и со фокус на…

Read More

Претседавачот со Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ го повика Обвинителството на БиХ да го гони Милорад Додик, кого го нарече поттикнувач и водач на група „обединета во уништување на уставниот поредок на БиХ и поткопувањето на државните институции“, откако парламентот на Република Српска вчера усвои заклучоци со кои на владата ѝ се наложува да подготви закони за извлекување на ентитетот од уставниот поредок на Босна и Херцеговина. НСРС го напушти Дејтонскиот договор, наведува Комшиќ, соопшти неговиот кабинет. Комшиќ го повика Обвинителството на БиХ да покрене постапка против лицата кои донеле заклучоци во ентитетскиот парламент „кои директно го поткопуваат уставниот поредок…

Read More

Бугарскиот претседател Румен Радев утринава ќе го врачи мандатот за формирање на нова влада на мандатарот предложен од најголемата пратеничка група во 47. Народно собрание – „Промените продолжуваат“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, церемонијата ќе се изврши во 10 часот во бугарското Претседателство. Коалицискиот договор вчера го потпишаа победниците од „Промените продолжуваат“, „Демократска Бугарија“, „Има таков народ“, како и од БСП, откако нејзината лидерка во оставка, Корнелија Нинова, доби мандат од партиското раководство да го потпише. Во зградата на бугарското Народно собрание подоцна ќе бидат претставени составот и структурата на новата бугарска Влада предложена од „Промените продолжуваат“.…

Read More

Над 43 случаи заразени со омикрон сојот на коронавирус во САД се целосно вакцинирани, а третина дури добиле и дополнителна доза, соопштија Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). ЦДЦ соопшти дека меѓу 43-те инфекции со омикрон сојот, 34 лица биле целосно вакцинирани, а 14 добиле и т.н. бустер доза, пренесоа британските медиуми. Иако станува збор за мал број случаи на овој тип инфекција, извештајот на ЦДЦ придонесува за загриженоста дека вакцините што во моментот се користат обезбедуваат помала заштита од овој високо пренослив сој на коронавирус. Омикрон сојот досега е откриен во 22 земји, откако кон крајот на…

Read More

Здравствените власти на Нов Зеланд отворија истрага за маж кој наводно 10 пати се вакцинирал против ковид-19 во само еден ден, јавија локалните медиуми, пренесува агенцијата ДПА. Се смета дека човекот бил платен да ги добие вакцините во име на други луѓе, јави денеска интернет сајтот „Stuff“. Министерството за здравство сериозно го сфати ова прашање, изјави за „Stuff“ менаџерот за вакцина и имунизација за ковид-19, Астрид Курнеф. Ние сме многу загрижени за оваа ситуација и работиме со соодветните агенции. Да се има неточен вакцинален статус не само што ве става во ризик, туку ги става во ризик и вашите пријатели,…

Read More