Author: Sashko

Обвинувањата на претседателот на Федерацијата на вработените во државните болници во Грција (ПОЕДИН), Михалис Јанакос дека на Одделите за интензивна нега во грчките болници се чуваат празни кревети за ВИП пациенти, предизвика реакции во земјата. Од Владата категорично демантираат, а министерот за здравство на Грција, Танос Плеврис за целиот случај и тврдењата поднел пријава, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за здравство на Грција соопштија дека „против претседателот на ПОЕДИН и против сите одговорни за ширење лажни вести и клевети за наводно постоење кревети на интензивна нега, што се чуваат за одбрани личности и не им се на…

Read More

Светската здравствена организација (СЗО) денеска изрази загриженост дека богатите земји, кои се загрозени поради појавата на сојот Омикрон, би можеле да ги зајакнат напорите за складирање на вакцини против ковид-19. Ова, како што се претпоставува, повторно би предизвикало проблеми во глобалниот синџир на снабдување и би ги усложнило напорите за сузбивање на пандемијата. По состанокот на својот експертски панел за вакцинација, здравствената агенција на ОН го повтори своето несогласување за широката употреба на засилувачки дози во некои земји, тврдејќи дека земјите со доволно резерви можат да испратат дози во земјите со ниски приходи кои генерално немаат пристап до вакцини. „Она…

Read More

Нов Зеланд планира целосно да го забрани пушењето. Според „Би-Би-Си“, Нов Зеланд ќе ја забрани продажбата на цигари и тутунски производи на своите помлади генерации во обид постепено да се откаже од пушењето. Според предлог-законот што треба да се донесе следната година, никој што е роден по 2008 година нема да може да купува цигари или тутунски производи. Сакаме младите никогаш да не почнат да пушат, рече министерката за здравство Ајша Верол. Лекарите и медицинските експерти ги поздравија плановите на владата. Нов Зеланд, инаку, е решен да ја намали националната стапка на пушење на 5 проценти до 2025 година, со…

Read More

И Словенија, како и Австрија, е под обилни врнежи од снег кој на места, особено во северозападниот дел на земјата, достигнаа и до 80 сантиметри. Во прекин е снабдувањето со електрична енергија во некои делови на Корушка и Штаерска, а имаше и проблеми во сообраќајот. До утрово во Велење наврнаа од 15 до 40 сантиметри снег, а во Бохињ околу 30 сантиметри. Во Крањ снежната покривка изнесува 24 сантиметри, во Љубљана 20, во Марибор 13, во Птуј и Цеље по 12 сантиметри.

Read More

Владите ширум светот беа принудени да преземат итни и вонредни мерки во врска со пандемијата на коронавирусот што го зголеми ризикот од корупција, и затоа мора да го почитуваат законот и да дејствуваат транспарентно и одговорно, соопшти антикорупциското тело на Советот на Европа, ГРЕКО (Група држави против корупција). Во изјавата по повод 9 декември, меѓународниот ден за борба против корупцијата, претседателот на ГРЕКО, Марин Мрчела, предупреди дека ризикот од корупција поврзана со пандемијата останува висок, особено во здравството и мерките што ги преземаат владите за ублажување на економските последици од пандемијата. Додека владите се соочуваат со последователните бранови на пандемијата…

Read More

Европската Kомисија (ЕК) ги поздравува санкциите на САД поврзани за организираниот криминал на Западен Балкан, изјави попладнево портпаролот за надворешна политика, Петер Стано. Тој го коментираше твитот на шефот на ЕУ дипломатијата објавен утрово во кој Жосеп Борел ја поздравува одлуката на САД да изрече санкции против 16 лица и 24 ентитети вмешани во организиран криминал во Европа и западната хемисфера. Означувањето од САД е важен чекор во борбата против организиран криминал на Западен Балкан, отплеткувањето на транснационалните криминални мрежи придонесува кон безбедност, стабилност и подобрување на владеењето на правото во целиот регион, напиша Борел на Твитер. Европската Комисија стои…

Read More

Доскорешниот лидер на Народната партија на Австрија (ОВП), Себастијан Курц, нема да ја добива платата на шеф на пратеничкиот клуб на партијата на која би има право шест месеци по напуштање на функцијата. Курц за виенскиот весник „Кронен цајтунг“ изјави дека се откажува од правото на овие гарантирани приходи. Тој има право на 75 отсто од платата што месечно е повисока од 15.000 евра бруто, колку што земал како шеф на пратеничкиот клуб. Тоа значи дека за шест месеци со божиќен бонус од државата би можел да добие повеќе од 75.000 евра. Меѓутоа, Курц изјави дека нема намера да аплицира…

Read More

Девет лица се повредени во снежното невреме што утрово ја зафати Австрија. Силните снежни врнежи предизвикаа огромни проблеми во сообраќајот, а во Виена отежнато се одвива и градскиот превоз. Девет лица се повредени од кои едно со потешки повреди, откако автобус во Виена се излига и удри во столб. Во други делови на Австрија, голем број камиони се излизгаа и се испречија на автопатот, што го отежна сообраќајот. Неколку сообраќајни незгоди се случија и низ државата која е целосно покриена со снег. Во Виена се очекуваат рекордни врнежи од снег.

Read More

Данската безбедносна служба денеска соопшти дека уапсила четири лица, меѓу кои и двајца разузнавачи, под сомнение дека оддавале тајни информации на разузнавачката служба. Данската служба за внатрешна безбедност и разузнавачката служба (ПЕТ) соопштија се работи за поранешни и сегашни вработени во две безбедносни агенции, пренесуваат американските медиуми. До апсењата дошло вчера, а во операцијата асистирала и данската полиција. „Истрагата е резултат на долгорочна операција за протекување разузнавачки информации и таа сè уште не е завршена“, соопшти разузнавчаката служба ПЕТ.

Read More

Седумкратната гренд слем шампионка во Мелбурн, Серена Вилијамс нема да учествува на претстојното издание на Австралија опен. Следејќи ги советите на мојот медицински тим, одлучив да се повлечам од претстојнотио издание на Австралија опен. Ова не беше лесна одлука, но, јас не сум на нивото на кое што треба да бидам за да се натпреварувам, изјави Вилијамс. Таа вели дека Мелбурн е нејзиното омилено за посета и со нетрпение очекува да игра повторно таму. Ќе ми недостига да ги гледам навивачите, но возбудена сум што ќе се вратам и ќе се натпреварувам на моето највисоко ниво, вели Вилијамс. Тенисерката со…

Read More

Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата сопруга Кери го објавија раѓањето на нивното второ дете. Двојката сега доби ќерка. Премиерот и г-ѓа Џонсон со задоволство го објавуваат раѓањето на здраво девојче во болница во Лондон. И мајката и ќерката се во многу добра состојба. Двојката сака да му се заблагодари на родилиштето за сета грижа и поддршка, се наведува во соопштението. Девојчето е седмо дете на премиерот, што тој го потврди дури во септември по многу гласини за тоа колку деца има. Со поранешната сопруга Марина Вилер има четири деца, а едно дете од врската со Хелен Мекинтајер. Со сегашната…

Read More

Германија ќе продолжи да се спротивставува на плановите на Франција да ја категоризира нуклеарната енергија како „зелена“, соопшти денеска германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок во Париз, за време на нејзината прва посета на француската престолнина по преземањето на функцијата. Познато е дека имаме различни ставови за нуклеарното прашање, рече Бербок по средбата со францускиот министер за надворешни работи Жан-ив ле Дриан. Ден откако положи заклетва како член на новата германска коалициска влада, Бербок ја истакна големата важност на германско-француските односи за Европската унија. Таа ги поздрави плановите на Франција за конференција за иднината на Европа по преземањето на…

Read More