Published: Thursday, December 9, 2021 13:27
Данската безбедносна служба денеска соопшти дека уапсила четири лица, меѓу кои и двајца разузнавачи, под сомнение дека оддавале тајни информации на разузнавачката служба.
Данската служба за внатрешна безбедност и разузнавачката служба (ПЕТ) соопштија се работи за поранешни и сегашни вработени во две безбедносни агенции, пренесуваат американските медиуми.
До апсењата дошло вчера, а во операцијата асистирала и данската полиција.
„Истрагата е резултат на долгорочна операција за протекување разузнавачки информации и таа сè уште не е завршена“, соопшти разузнавчаката служба ПЕТ.




