И Словенија, како и Австрија, е под обилни врнежи од снег кој на места, особено во северозападниот дел на земјата, достигнаа и до 80 сантиметри. Во прекин е снабдувањето со електрична енергија во некои делови на Корушка и Штаерска, а имаше и проблеми во сообраќајот.

До утрово во Велење наврнаа од 15 до 40 сантиметри снег, а во Бохињ околу 30 сантиметри. Во Крањ снежната покривка изнесува 24 сантиметри, во Љубљана 20, во Марибор 13, во Птуј и Цеље по 12 сантиметри.