Девет лица се повредени во снежното невреме што утрово ја зафати Австрија. Силните снежни врнежи предизвикаа огромни проблеми во сообраќајот, а во Виена отежнато се одвива и градскиот превоз.

Девет лица се повредени од кои едно со потешки повреди, откако автобус во Виена се излига и удри во столб. Во други делови на Австрија, голем број камиони се излизгаа и се испречија на автопатот, што го отежна сообраќајот.

Неколку сообраќајни незгоди се случија и низ државата која е целосно покриена со снег. Во Виена се очекуваат рекордни врнежи од снег.