Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Откако лидерот на Австриската народна партија (ОВП), Себастијан Курц најави повлекување од политиката и по најавата на актуелниот канцелар, Александер Шаленберг дека функцијата ќе ја препушти на идниот лидер на ОВП, вечерва оставка најави и министерот за финансии Гернот Блимел. Блимел се води како еден од обвинетите покрај Курц во истрагата за проневера и поткуп, поврзана со нарачување наводни лажни истражувања. Се шпекулира дека ОВП не сака да чека да види дали ќе се појават дополнителни онлајн разговори кои дополнително би можеле да го оптоварат Блимел. Во Австрија се шпекулира дека министерот за внатрешни работи Карл Нехамер би можел да ја преземе функцијата лидер на ОВП, но и како канцелар и министер…
Позната е причината за пожарот и локацијата на неговиот првичен извор во автобусот со македонски туристи на враќање од Истанбул, што се случи на автопатот „Струма“, изјавија за БТВ обвинителот Бисер Михаилов и истражителот Маријан Маринов, кои работат на расветлување на трагедијата. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Маријан Маринов одби да ја открие причината за пожарот и рече дека „ќе им остави на експертите“ кои веќе имаат свои „тези“. Но, истражителот коментира дека во македонскиот автобус било „нанижано“ големо парче заштитна ограда за гумата до влезната врата, била пронајдена „свиткана хармоника“ и „уништена е пластичната цистерна“. Можете…
Триесет години не е инвестирано во македонскиот енергетски сектор. Нашите капацитети се стари, од поранешна Југославија. Но, државата има механизми да спречи ценовен шок, како и финансиски средства во Буџетот со кои ќе ја менаџира кризата, вели заменик-министерот за финансии и кандидат за претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски. Во гостување на ТВ Сител, Ковачевски повтори дека веќе им се прфлрени четири милијарди денари на енергетските комапнии за снабдување и производство на електрична енергија. Дадени се и задолженија сите енергетски капацитети, во Битола, Осломеј и Неготино, да бидат пуштени во употреба, рече Ковачевски, потенцирајќи дека државата нема да дозволи ценовен шок.…
Додека целиот свет е во неизвесност од опасноста на Омикрон, новиот вид на коронавирус, научниците од Кина влеаја нова надеж тврдејќи дека изолирале антитело што може ефикасно да ги неутрализира сите варијанти на коронавирус. Авторите на студијата, која, според руски RT, беше објавена во вторникот, тврдат дека е докажано оти моноклоналното антитело 35B5 во лабораториски услови, но и во студиите спроведени врз живи организми (хуманизирани глувци), го неутрализира типот на ковид-19 без мутации кои предизвикуваат загриженост.
Да дадеме силна поддршка за спречување на насилството врз жените и девојчињата, да ставиме крај на родово базираното насилство. Гласно да кажеме стоп за насилството над жените и девојчињата. Во ниту едно современо општество не смее да се толерира какво било прекршување на човековите права, каква било форма на дискриминација или насилство. Ова е пораката на Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на претседатлеот на државата Стево Пендаровски, која вечерва се обрати на настанот по повод годишната кампања „16 дена активизам за да се стави крај на насилството врз жените и девојчињата“ под глобалната тема „Портокалови на светот: Крај на насилството врз жените…
За да не се разочараме, подобро да не очекуваме добар исход, но мора да продолжиме да работиме, вели вицепремиерот Никола Димитров за очекувањата и најавите во декември да се случи деблокада на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ на состанок на Советот за општи работи на ЕК. Одговорно е од нашата страна да упатиме апел до граѓаните дека е подобро да бидеме изненадени од добар исход, отколку пак да бидеме разочарани од лош исход. Со оглед на краткиот период до Советот за општи работи на 14 декември, тогаш мислам дека е крајно неодговорно да создаваме било какви очекувања. Не…
Австрискиот канцелар Александар Шаленберг најави оставка по само два месеца од преземање на функцијата, но порача дека ќе остане на позицијата додека неговата партија не се договори за нов лидер по заминувањето на Себастијан Курц. Само неколку часа претходно, претходникот на Шаленберг и лидер на Народната партија, Себастијан Курц изјави дека ја напушта политиката и официјално ќе се повлече од функцијата претседател на партијата во петок. Информацијата за повлекување на поранешниот канцелар од политиката е потврдена и од партиски кругови, а на местото на лидер на ОВП треба да дојде министерот за внатрешни работи, Карл Нехамер. Курц донесе ваква одлука,…
Полицијата во Њујорк опколила маж со пиштол кој се појавил пред зградата на Обединетите Нации (ОН) на Менхетен. На снимката од надзорните камери се гледа како маж, утрово по локално време, шета пред зградата на ОН, а по одредено време се гледа како и вооружена полиција како пристигнува на местото на настанот, пишува американски „Фокс5“. Набрзо пристигнале неколку амбулантни возила. Полицијата ги замоли граѓаните да ја избегнуваат областа и го затвори сообраќајот пред комплексот згради на ОН. Полицаец за „Си-Ен-Ен“ изјави дека надлежните служби разговарале со маж пред зградата на ОН. Тој додаде дека човекот изгледа како да зборува сам…
По повод одбележувањето на еврејскиот празник Ханука, во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски се одржа виртуелен настан на кој учествуваа претставници на државата Израел и потомци на преживеани македонски Евреи од Холокаустот. Претседателот Пендаровски упати порака со која го честита празникот на светлината, а како централен чин во одбележувањето на Ханука, традиционално беа запалени свеќите на Менората. Република Северна Македонија е особено горда на својата Еврејска заедница, која заедно со Меморијалниот центар на Холокаустот на македонските Евреи, е нашата симболична Ханукија, бидејќи нè потсетува на конечната победа на животот над уништувањето и на сеќавањето над заборавот, порача претседателот Пендаровски во…
Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, електрична енергија утре од 8 до 13 часот ќе немаат корисниците од дел од ул. „Мите Богоевски“ во општина Аеродром. Од 10 до 14:30 часот утре струја ќе немаат и корисниците од дел од село Горно Лисиче, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје по добиено известување од ЕВН. В сабота, 4 декември, од 8 до 14 часот струја ќе немаат корисниците од дел од населбата Илинден, поточно улиците бр. 32 и бр. 34 и објектите во околината на хотелот „Белви“ во општина Илинден.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено и по наместа влажни коловози. На одредени патни правци кои минуваат низ клисури е можна појава на поситни одрони. ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината. Дежурните екипи се постојано на терен и сите патни правци ги одржуваат проодни.
Привлекување на нови инвестиции, подобрување на животниот стандард преку раст на платите и поддршка за компаниите во услови на корона-криза, беа главни теми на денешната средба меѓу вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и црногорскиот министер за финансии и социјална грижа, Милојко Спајиќ. На средбата во рамки на официјалната посета на Битиќи на Црна Гора, соговорниците се согласија дека Западен Балкан има голема шанса во пост ковид периодот да биде препознаен како атрактивно поднебје за нови инвестиции на компании од регионот, но и на големите меѓународни корпорации поради близината до земјите од ЕУ и поради тековните процеси со што ќе…