Додека целиот свет е во неизвесност од опасноста на Омикрон, новиот вид на коронавирус, научниците од Кина влеаја нова надеж тврдејќи дека изолирале антитело што може ефикасно да ги неутрализира сите варијанти на коронавирус.

Авторите на студијата, која, според руски RT, беше објавена во вторникот, тврдат дека е докажано оти моноклоналното антитело 35B5 во лабораториски услови, но и во студиите спроведени врз живи организми (хуманизирани глувци), го неутрализира типот на ковид-19 без мутации кои предизвикуваат загриженост.