Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Теми на средбата Спајиќ – Битиќи во Подгорица: Јавните финансии во функција на граѓаните, нови инвестиции и повисоки плати

0
By Sashko on December 2, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 2, 2021 17:20

Привлекување на нови инвестиции, подобрување на животниот стандард преку раст на платите и поддршка за компаниите во услови на корона-криза, беа главни теми на денешната средба меѓу вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и црногорскиот министер за финансии и социјална грижа, Милојко Спајиќ.

На средбата во рамки на официјалната посета на Битиќи на Црна Гора, соговорниците се согласија дека Западен Балкан има голема шанса во пост ковид периодот да биде препознаен како атрактивно поднебје за нови инвестиции на компании од регионот, но и на големите меѓународни корпорации поради близината до земјите од ЕУ и поради тековните процеси со што ќе се подигне и конкурентноста.

Според Битиќи и Спајиќ, покачувањето на минималната плата влијае на подигнување на животниот стандард на граѓаните и на зголемување на сите плати во стопанството.

Во текот на разговорот Битиќи нагласи дека Владата на Северна Македонија во изминатите четири години, во инклузивен дијалог со синдикатите и стопанските комори, успеа да ја зголеми минималната плата за околу 56 отсто. Инклузивноста и транспарентноста, оцени тој, е процес што се применува при носење на сите стратегии, политики, програми и мерки, во насока на нивна ефикасност и ефективност.

Како што соопшти Кабинетот на Битиќи, на состанокот се размениле и искуства за поддршката на стопанството и граѓаните за време на ковид-кризата. Буџетите на државите, беше речено, се ставија во функција на поддршка на здравствениот систем и на одржување на ликвидноста на стопанството, како и на задржување на работните места, но и на развојни проекти за забрзано пост ковид опоравување.

Министерот Спајиќ го информира вицепремиерот Битиќи за програмата „Европа сега“ и со сите бенефити кои што ќе ги добијат граѓаните со реализација на оваа програма. На состанокот се констатираа одличните односи меѓу двете земји и беше искажана недвосмислена определба за натамошно продлабочување на соработката на сите нивоа.

Македонија Милојко Спајиќ средба Фатмир Битиќи Црна Гора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 7, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

ВЕСТИ July 7, 2026

Францускиот Апелациски суд ја потврди пресудата со која Марин Ле Пен е прогласена за виновна…

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.