Author: Sashko

Иако ситуацијата на границите на ЕУ со Белорусија се нормализира, Европската комисија денеска, на барање на земјите членки предложи привремени вонредни мерки за Полска, Летонија и Литванија во граничното управување, јавува дописничката на МИА од Брисел. Ситуацијата со барателите на азил на границите меѓу Белорусија и трите засегнати земји членки на ЕУ деескалираше, но во транзит зоните илјадници лице сѐ уште чекаат да аплицираат за заштита во ЕУ. Во меѓувреме Полска изгласа вонредна состојба и им забранува на новинарите и невладините организации пристап до чувствителните зони. Вонредните мерки што денеска ги предлага Европската комисија конкретно се следните: Трите засегнати земји…

Read More

Министерот за надворешни работи Бујар Османи при учеството на редовниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО, кој се одржа во Рига, ја истакна потребата за заедничко, стратешко делување и пристап на НАТО и ЕУ кон Западен Балкан како основен предуслов за стабилноста и просперитетот на регионот. Како што соопштуваат од МНР, за време на дводневните работни сесии биле разгледани прашања од стратешко значење на Алијансата, како што се состојбите во Авганистан, справување со актуелните и идни безбедносни предизвици, како руското воено групирање околу границата со Украина и хибридните предизвици кои доаѓаат од Белорусија. Исто така, како што се…

Read More

Светската здравствена организација (СЗО) очекува за неколку дена да има повеќе информации за тоа колку е заразен новиот омикрон сој на коронавирусот, изјави денеска техничката директорка на СЗО, Марија ван Керхове. Во соопштението на СЗО се посочува дека организацијата ќе ги има податоците за Омикрон многу побрзо од предвиденото, откако во седиштето во Женева претходно беше соопштено дека ќе бидат потребни недели за да се добијат потребните податоци, пренесуваат британските медиуми. Некои од главните прашања се дали оваа мутација е позаразна и дали ја избегнува постојната заштита од вакцините и дека треба да се почека на одговорите, се додава во…

Read More

За правдата не се доволни само законите, политичките одлуки и институциите. За правда е потребна промена на свеста. Затоа, сите ние, политичари, судии, обвинители, правобранители мора да се согласиме околу една работа, а тоа е дека не смее да се тргува со правдата. Ако една генерација ја изгуби вербата во правдата, таа ја изгубила довербата во државата, порача претседателот Стево Пендаровски на одбележувањето на 15-годишнината од формирањето на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“. Тој нагласи дека за судството да биде заштитено од потенцијални политички и економски влијанија, независноста треба да биде не само формално-правна, туку функционална и…

Read More

На средбата на премиерот Зоран Заев и лидерот на „Алтернатива“, Африм Гаши е констатиран евидентен напредок во усогласувањето на ставовите околу дополнувањето на содржинскиот дел на програмата на Владата, а разменети се и идеи и видувања од двете страни за споделување на одговорностите на највисоко ниво во институциите на централната власт, информираат од Владата во соопштение за денешната четиричасовна средба на Заев и Гаши што се одржа во Клубот на пратениците. Заев и Гаши, со своите тимови, имаа нова работна средба во рамки на разговорите за можно формирање заедничка Влада и заедничко парламентарно мнозинство. Разговорите, како што стои во соопштението,…

Read More

Џош Кавало и сите други хомосексуалци се добредојдени на Светското првенство во Катар, но треба да избегнуваат јавно искажување на својата сексуална ориентација, порача денеска директорот на Организацискиот одбор Насер ал Катер, одговорувајќи му на австралискиот фудбалер, кој рече дека како хомосексуалец „се плаши да дојде во Катар“ Хомосексуалците можат да дојдат во Катар како и сите други навивачи, но мораат да се однесуваат според нашите закони. Знаеме дека Светското првенство е можна бина за протести по тие прашања, но не сме загрижени“, изјави Ал Катер во интервју за западните медиуми. Британската невладина организација „Kick It Out“ изминатите денови ја обвини „BeIn Sport“ за разгорување хомофобија, откако…

Read More

Осум неисправни возила, од кои три во Тетово и пет во Гостивар, откриле и санкционирале полициски службеници на СВР Тетово во акциската контрола на техничката исправност на возила што вршат jавен превоз на патници, претежно автобуси и комбиња. Шест од санкциоираните возила, по три од Тетово и Гостивар, имале неисправни сопирачки. Едно возило од Гостивар било со неисправен уред за управување, а едно со неизвршен технички преглед. „Сите неисправни возила се исклучени од сообраќај и за нив се изготвени соодветни поднесоци. При контролата, исто така, санкционирани се и четири други видови сообраќајни прекршоци, по два во Тетово и во Гостивар“,…

Read More

Светската економија оваа година ќе закрепне од пандемиската криза, предвиде денеска Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), но оттаму воедно предупредуваат дека оптимистичката перспектива може да биде загрозена од продолжениот период на висока инфлација. Проценката на ОЕЦД е дека светската економија годинава ќе порасне за 5,6 отсто, во 2022 година би требало да забави на 4,5 отсто, а во 2023 година на само 3,2 отсто, потврдувајќи ја всушност претходната проценка. Економијата силно закрепнува, а компаниите тешко го одржуваат чекорот со бранот од зголемена побарувачка предизвикан од олеснувањето на епидемиолошките мерки, предизвикувајќи стагнација во глобалните синџири на снабдување и поттикнувајќи…

Read More

Политиките што ги водат двете земји во делот на работните односи, но и мерките што ги преземаа со цел да се олеснат економските последици врз работниците и стопанството, од здравствената криза предизвикана од пандемијата ковид-19, беа тема на разговор на денешната работна средба на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска со вицепремиерот за економски и социјални политики и министер за труд и социјална политика на Република Бугарија, Галаб Донев. Како што информираат од МТСП, министерката Шахпаска посочи дека нашата држава преку шесте пакети економски мерки и вложените 1,2 милијарди евра како помош помогна да се зачуваат околу 80.000…

Read More

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска учествуваше на панел- дискусијата „Денес со ХИВ се живее“, по повод одбележувањето на 1 декември – Светски ден за борба против СИДА. На панелот се дискутираше за успешното партнерство на институциите и граѓанскиот сектор во справување со ХИВ инфекцијата, сервисите за ХИВ тестирање на граѓанските организации, важноста од навременото тестирање, клучните параметри околу епидемиолошката состојба и трендовите на ХИВ-инфекцијата во Северна Македонија, а воедно беа презентирани и сведоштва од пациенти. Ѓоргиевска изрази поддршка до сите наши сограѓани кои живеат со ХИВ, до нивните пошироки семејства и до сите институции и организации кои се грижат…

Read More

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) соопштија дека се прва земја во светот што вакцинирала 100 отсто од своето население против коронавирус со најмалку една доза, јави агенцијата ДПА. Околу 90 отсто од населението досега примиле вкупно две дози вакцини против вирусот, според Управата за управување со кризи и катастрофи (НЦЕМА). Според податоците од Универзитетот Џонс Хопкинс во САД, ова исто така ја прави заливската држава светски лидер во целосната вакцинација. Земјата администрирала речиси 22 милиони дози на вакцини кај нејзините речиси 10 милиони жители, објави NCEMA преку Твитер. Земјата веќе дава и трета, засилувачка доза.. Обединетите Арапски Емирати сега имаат двоцифрени…

Read More

Европската комисија минатата недела препорача да се забрани патување од Јужна Африка во ЕУ поради појавата на сојот омикрон, што предизвика гнев во африканската земја. Како што јави дописничката на МИА од Брисел, Европската комисија оваа мерка ја оправдува како “мерка на претпазливост“. Оваа мерка на претпазливост мораше да се донесе не затоа што ќе ја стопира мутацијата која е веќе во Европа, тоа не е возможно, туку за да се обезбеди забавување на ширењето за да им се даде на здравствените власти во ЕУ и на фармацевтските добавувачи време да се адаптираат, изјави портпаролот Ерик Мамер. Јужна Африка смета…

Read More