Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѓоргиевска: Едукацијата е клучна за спречување на стигматизација и дискриминација на ХИВ позитивните лица

0
By Sashko on December 1, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 1, 2021 17:05

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска учествуваше на панел- дискусијата „Денес со ХИВ се живее“, по повод одбележувањето на 1 декември – Светски ден за борба против СИДА.

На панелот се дискутираше за успешното партнерство на институциите и граѓанскиот сектор во справување со ХИВ инфекцијата, сервисите за ХИВ тестирање на граѓанските организации, важноста од навременото тестирање, клучните параметри околу епидемиолошката состојба и трендовите на ХИВ-инфекцијата во Северна Македонија, а воедно беа презентирани и сведоштва од пациенти.

Ѓоргиевска изрази поддршка до сите наши сограѓани кои живеат со ХИВ, до нивните пошироки семејства и до сите институции и организации кои се грижат за лицата со ХИВ/СИДА. Сопругата на претседателот посочи дека во услови на оваа продолжена пандемија на ковид-19, овие дискусии и размена на искуства се одлична можност да се запознаеме со сите предизвици и проблеми со кои се соочуваат институциите, како и лицата со ХИВ позитивен статус.

Во своето обраќање, Ѓоргиевска се осврна на дискриминацијата и стигмата со која се соочуваат лицата со ХИВ во остварувањето на своите права од областа на здравствената и социјална заштита, како и предрасудите од страна на заедницата.

Клучниот момент во спречување на дискриминацијата и стигматизацијата е едукацијата и поттикнувањето на свеста од најмали нозе. Најважно е да ги научиме децата на правилни навики и сфаќања, порача Ѓоргиевска.

Посочувајќи дека ова е глобално здравствено прашање и дека приближно 38 милиони лица во светот живеат со ХИВ/СИДА, Ѓоргиевска истакна дека во нашата земја е постигнат исклучителен напредок во справувањето со ХИВ/СИДА. Во однос на статистиката дека бројот на новоинфицирани лица бележи пад, таа изрази надеж дека тој надолен тренд ќе продолжи и во наредните години.

Јас се надевам дека до крајот на 2030 година, ќе успееме да ги исполниме оние глобално зацртани цели, а тоа е да имаме нула нови случаи инфицирани со ХИВ во нашата земја, порача сопругата на претседателот.

Потенцирајќи ја важноста од чести, навремени и анонимни тестирања и важноста од откривање на инфекцијата во рана фаза, Ѓоргиевска апелираше да се тестираат не само ризичните групи, туку и сите оние кои имале ризично однесување. Воедно, таа изрази силна поддршка на платформата на граѓанските здруженија, кои се ангажирани во имплементацијата на ХИВ програмата и ја поздрави нивната одлична соработка со државните институции.

Сакам да дадам јавна поддршка на сите граѓански здруженија кои соработуваат со државните институции во пружањето на психосоцијална помош, помагаат со тестирањата, давањето на терапија и даваат поддршка на сите лица, не само на оние кои живеат со ХИВ, туку и на нивните пошироки семејства и пријатели, со цел практично да им се овозможи нормален живот и  тие да можат нормално да функционираат без разлика на нивниот ХИВ статус, истакна во дискусијата Ѓоргиевска.

На панел дискусијата учествуваа докторка Милена Стевановиќ, медицински директор на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Весна Илиевска, проектна координаторка од Здружение ХЕРА, Андреј Сених, извршен директор на здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ „Заедно посилни“, Ангела Александровска, едукаторка и волонтерка од ХЕРА Млади и амбасадорот Дејвид Гир, шеф на делегацијата на ЕУ во Скопје.

дискриминација Едикација Елизабета Ѓоргиевска Македонија Светски ден Стигма ХИВ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 19, 2026Updated:July 19, 2026

Иран се повлече од договорот со САД

ВЕСТИ July 19, 2026

Иран соопшти дека рамковниот договор со Соединетите Американски Држави повеќе не важи, објави иранската агенција…

Кочани: 47-ми Марш на Ангелите – одговорните не ги заштитиле младите животи

July 18, 2026

Брисел: Марко Маковец во името на ЕУ ќе го мири Балканот

July 18, 2026

ЕК за Македонија: Мешање и притисок врз судството

July 17, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.