Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Средба Шахпаска – Донев: Економските мерки за справување со ковид 19 со позитивни резултати во двете земји

0
By Sashko on December 1, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 1, 2021 17:36

Политиките што ги водат двете земји во делот на работните односи, но и мерките што ги преземаа со цел да се олеснат економските последици врз работниците и стопанството, од здравствената криза предизвикана од пандемијата ковид-19, беа тема на разговор на денешната работна средба на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска со вицепремиерот за економски и социјални политики и министер за труд и социјална политика на Република Бугарија, Галаб Донев.

Како што информираат од МТСП, министерката Шахпаска посочи дека нашата држава преку шесте пакети економски мерки и вложените 1,2 милијарди евра како помош помогна да се зачуваат околу 80.000 работни места. Тоа, додаде таа, придонесе дури и за намалување на невработеноста на историски 15,9 проценти.

Преку Оперативниот план на активни програми и мерки за вработување, нагласи министерката Шахпаска, со дополнителни 25 милиони евра,  Владата посвети внимание не само на оние кои го загубија работното место поради пандемијата, туку и на тешко вработливите, ниско квалификуваните и на оние лица кои подолго време се надвор од пазарот на трудот, особено на жените и Ромите.

Министерот Донев, презентирајќи ги економските мерки на Бугарија, оцени дека исто така, во време на економска криза, успеале да задржат ниско ниво на невработеност и на некој начин да го заштитат стопанството.

Двајцата министри разговараа и за начинот на кој го водат социјалниот дијалог со претставниците на работниците и работодавачите, но и за процесот на хармонизирање на законската регулатива во делот на работните односи со европското законодавство.

Министерката Шахпаска информираше дека во завршна фаза е подготовката на новиот закон за работни односи, кој го подготвуваме во соработка со експерти од Меѓународната организација на трудот, но и дека Министерството за труд и социјална политика, работи на целосно нова регулатива за безбедност и здравје при работа.

Министерот Донев нагласи дека Република Бугарија, во рамките на Европската Унија, важи за држава која на добар начин го имплементира прашањето за безбедност и здравје при работа и понуди поддршка за нашата држава во овој сегмент.

На средбата се разговараше и за можноста за регулирање на миграцијата на работната сила меѓу двете земји, со што ќе се овозможи поголема слобода и гаранции за граѓаните на двете земји, но и за можноста за продлабочување на меѓусебната соработка.

Бугарија Галаб Донев Економски мерки Јагода Шахпаска Ковид-19 Македонија последици
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.