Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ ги засилува бариерите против мигранти на источната граница

0
By Sashko on December 1, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 1, 2021 19:47

Иако ситуацијата на границите на ЕУ со Белорусија се нормализира, Европската комисија денеска, на барање на земјите членки предложи привремени вонредни мерки за Полска, Летонија и Литванија во граничното управување, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Ситуацијата со барателите на азил на границите меѓу Белорусија и трите засегнати земји членки на ЕУ деескалираше, но во транзит зоните илјадници лице сѐ уште чекаат да аплицираат за заштита во ЕУ.

Во меѓувреме Полска изгласа вонредна состојба и им забранува на новинарите и невладините организации пристап до чувствителните зони.

Вонредните мерки што денеска ги предлага Европската комисија конкретно се следните:

Трите засегнати земји членки на ЕУ ќе имаат можност да го продолжат периодот на регистрација за барателите на азил од сегашните три до десет дена на четири недели. Тие ќе можат, исто така, да ја применат процедурата за азил на самата граница во рок од максимум 16 недели освен за оние баратели во тешка здравствена состојба. Приоритет треба да им се даде на најранливите.

ЕК, исто така, предлага трите земји членки да применат поедноставени и побрзи национални процедури вклучително и враќањето назад на лицата чија апликација за азил е отфрлена.

Комисијата вели дека сите овие предложени исклучоци се во согласност со правото на ЕУ, и дека сите процедури мора да бидат спроведени со целосно почитување на темелните права на ЕУ.

Вака денеска еврокомесарката за миграција, Илва Јохансон и потпретседателот на ЕК, Маргаритис Схинас, ги бранеа нивните предлози пред новинарите.

Сепак тие не одговорија на едно од најклучните прашања кои се поставуваат во контекст на оваа криза на границата, а тоа е дека Полска со вонредната состојба речиси ги легализира насилните протерувања, а  притоа со забраната за пристап на новинарите во чувствителните зони, е нетранспарентна пред јавноста.

Сите сме свесни дека ситуацијата е без преседан на овие граници, тешко беше за засегнатите земји членки да се справат со ова затоа побараа од нас легално разјаснување за тоа што може, а што не може да се прави и се надеваме дека ќе го почитуваат тоа, рече комесарката Јохансон но без повеќе детали за прашањето на новинарите за протерувањата на мигрантите, пракса забранета според меѓународното право.

Јохансон исто така додаде дека жали што Варшава не даде дозвола за пристап на новинарите во зоните каде се наоѓаат барателите на азил.

Предлозите на Европската комисија наидоа на силна критика од страна на хуманитарните организации.

Амнести Интернешнл попладнево реагираше преку соопштение нарекувајќи го овој предлог “дехуманизација“ на бегалците.

Пристигнувањето на луѓе на границите на ЕУ со Белорусија може да се менаџира со постоечките правила. Денешните предлози дополнително ќе ги казнат луѓето заради политички поени, ќе ја ослабнат заштитата на азилот и ќе ја поткопаат репутацијата на ЕУ дома и во странство. Ако ЕУ може да дозволи малцинство земји членки да ги погазат правилата поради присуството на неколку илјадници луѓе на нивната граница, тогаш таа го гази својот авторитет во областа на човековите права и владеењето на правото, истакнуваат од „Амнести Интернешнл“.

Гневот на граѓанското општество со денешниот предлог ги натера и синдикатите да реагираат.

Одговорот на ЕУ и нејзините земји членки на пристигнувањето на мигранти не може да биде распоредување на гранична полиција и бодликави жици, нивна депортација и притворање. ЕУ треба да го прави она што го прави од почеток: да го организира приемот на овие луѓе со целосно почитување на нивните права и да ги поддржи во апликациите за азил и меѓународна заштита и да ги распореди во земјите членки на ЕУ, изјавија од Европската Конфедерација на Синдикати.

Европската комисија денешните предлози за заобиколување на постоечките правила за азил ги презентираше на барање на Европскиот Совет.

Предлогот сега треба да биде усвоен од Советот. Европскиот Парламент ќе биде само консултиран. 

Бариери Граници ЕУ Мигранти Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.