Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Sashko
Пишува: Кејт Мери Брнз, амбасадорка на САД во Северна Македонија Украина, земја која трпи напади од Русија уште од 2014 година, издржа половина година на масовни бомбардирања, опсади на градови и злосторства врз нејзиниот народ. Украина се бори за да ја одбрани не само својата демократија, туку и сопствениот опстанок како независна земја. На 24 август Украина одбележа 31 година независност. За жал, на истиот ден се одбележаа и шест месеци од неиспровоцираната општа инвазија на Украина од страна на Владата на Русија, напад што толку ја шокираше меѓународната заедница што беше осуден од Генералното собрание на ОН и поттикна…
Годинава е постигнат договор за историски најголемо зголемување на откупната цена на грозјето од 30 отсто, рече на денешната прес-конференција претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски. „Смедеревката ќе се откупува по 13 денари за килограм, а вранецот по 15 денари за килограм, што е за 3 денари повеќе споредено со ланските откупни цени. Верувам дека и винариите и лозарите се задоволни од постигната цена и дека договoрите ќе бидат испочитувани од двете страни“, додаде Ковачевски. Премиерот Ковачевски, на заедничката прес-конференција со министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, рече дека Владата ја демонстрира посветноста и грижата за извозно ориетнитеаните…
Иван Тричковски, како капитен на АЕК Ларнака, ќе го предводи кипарскиот претставник во групата Б на мегдан со Динамо Киев, со Рен и со Фенербахче во претстојната сезоната во фудбалската Лига Европа. Трабзонспор, пак, чиј член од неодамна е Енис Барди ќе игра во групата Х, заедно со екипите на Црвена звезда, на Монако и на Ференцварош. Ова е епилогот од ждрепката за групната фаза за новата сезона во второто по ранг фудбалско клупско натпреварување. Од поинтересните групи ги издвојуваме А во која силите ќе ги одмефрат Арсенал, ПСВ Ајндховен, Бодо/Глимт и Цирих, потоа Ц конкуренцијата која ги обедини Рома,…
Советникот во Град Скопје и син на починатиот пратеник Амди Бајрам, Габриел Бајрам доби казна затвор од три месеци, откако пред Кривичниот суд во Скопје ја призна вината за сторено насилство во угостителски објект во Скопје, потврдија за МИА од судот. Кривичната пријава за Бајрам беше поднесена, откако на семејна веселба во угостителски објект во Скопје, заедно со неговиот син, повредил еден од вработените и го кршел инвентарот во објектот. Неговиот син доби условна казна затвор од три месеци која нема да се реализира доколку во рок од една година не стори ново кривично дело. Бајрам, кој веќе помина еден…
Топлотниот бран во Европа од 2022 година ќе се претвори во „нормално лето“ до 2035 година, независно дали човештвото ќе успее да ги намали стакленичките гасови и штетните емисии, покажа ново истражување. Анализата е направена од Британската метеоролошка агенција, која истражуваше колку брзо се зголемија температурите на Стариот континент од почетокот на набљудувањата во 1850 година. Податоците потоа беа споредени со модели. Типичното лето во централна Европа до 2100 година ќе биде потопло за повеќе од четири степени Целзиусови. Според истражувањето, сите моментални топлотни бранови се предизвикани од глобалното затоплување, главно од согорувањето на фосилните горива. Велика Британија евидентираше рекордни…
Времето на чекање за излез од државата на граничниот премин „Табановце“ е меѓу 40 минути и еден час, додека на граничниот премин „Богородица“ се чека околу 30 минути за излез од државата, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ). Од АМСМ додават дека на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Во првата половина од 2022 година, германските власти депортирале вкупно 6.198 странски државјани од земјата. Најбројни меѓу нив биле државјаните на Северна Македонија и Албанија. Mакедонските државјани го држат неславниот рекорд според бројот на депортации од Германија во првите шест месеци од годинава, покажуваат податоците на германската влада. Меѓу 6.198 странски државјани кои биле депортирани од Германија во првата половина од годината, најбројни се оние кои присилно биле упатени кон Северна Македонија – 454, јавува „Дојче веле“. Податоците беа откриени на барање на пратеничката група на Левицата во германскиот Бундестаг. Втора најчеста дестинација за депортациите била Албанија со вкупно 402,…
Длабоко вкоренетите историски, културни и човечки врски на нашите народи ги прават нашите односи исклучителни. Нашите односи, базирани на цврсти основи, продолжуваат да се развиваат во сите области, е заедничкaта оценка на министрите за надворешни работи на Северна Македонија и на Турција, Бујар Османи и Мевлит Чавушоглу по повод 30-годишнината од воспоставување на дипломатските односи меѓу двете земји. „Зајакнување на меѓусебната соработка со разбирање што води кон стабилност, просперитет и напредок на Балканот. Во наредниот период ќе продолжиме да придонесуваме за развој на регионалната соработка во областите како што се трговија, инвестиции, енергетика, транспорт, култура и образование. Како сојузници во…
Руските сили на 25 август убиле двајца цивили и раниле уште шестмина во регионот на Доњецк, изјави Павло Кириленко, шеф на регионалната воена управа на Доњецк на својот канал Телеграм, пренесува агенцијата „Укринформ“. „На 25 август Русите убија двајца цивили во регионот на Доњецк: во Сиверск и Зеленопилија. Уште шестмина беа повредени“, напиша тој. Според него, во моментов е невозможно да се утврди точниот број на жртви во Мариупол и Волноваха. Руските трупи во текот на ноќта девет пати ја гранатираа областа Днипропетровск, напиша ова на својот Телеграм канал Валентин Резниченко, шеф на регионалната воена управа на Днипропетровск. „Ноќ со…
Пишува: Џабир Дерала „Нормализацијата на односите меѓу, од Русија поддржуваната Србија и Црна Гора, би била проблематична за Вашингтон, бидејќи тогаш би го изгубиле упориштето во балканскиот регион, што дополнително би му наштетило на и онака намаленото присуство на НАТО во Јадранското Море“ – пренесува црногорскиот интернет медиум АнтенаМ текст од ТФИ Глобал, индиски интернет медиум со проруска уредувачка политика. Ете една трансконтинентална густа каша од медиумски прилог. Ништо особено, ќе речете, ова е свет на глобални комуникации, сите се вклучени. Тоа е точно. Глобалните комуникации овозможуваат глобализирање на вестите, но и на пропагандата. Во овој случај се работи за пропаганда, и тоа…
Акциите на руските агресори предизвикаа целосно исклучување на нуклеарната централа Запорожје од електричната мрежа на Украина – прва во историјата на централата, објави Државниот нуклеарен регулаторен инспекторат на Украина на Телеграм, пренесува агенцијата „Укринформ“. „Според информациите обезбедени од „Енергоатом“, од 25.08.2022 година во 12:12 часот, како резултат на воени дејствија во близина на нуклеарната централа Запарижја, надземниот вод „Днипровска“ од 750 kV е исклучен“, се вели во извештајот. Како резултат на тоа, енергетската единица бр. енергетскиот блок бр. 6 на ЗНПП е префрлен „за да ги задоволи сопствените потреби“. Регулаторот додава дека во 12:29 часот, по обновувањето на оперативната моќност…
Законот за забрана за абортус стапи во сила во уште три американски држави. Како што пишува „Вашингтон пост“, на 21 милион жени сега им е забранет или значително ограничен приспапот до абортус во најмалку 13 држави. Тенеси, Тексас и Ајдахо, каде на власт се републиканци, се придружија во низата држави што донесоа привремени забрани. Одлуката предизвика политичка бура и го стави прашањето за абортусот во центарот на кампањата за среднорочните парламентарни избори, закажани за ноември.