Author: Sashko

Поранешниот долгогодишен претседател на Олимпискиот комитет на Бразил, Карлос Артур Нузман е осуден на казна затвор од 30 години и 11 месеци поради корупциски активности при изборот на Рио де Женеиро за домаќин на Олимписките игри во 2016 година. Нузман (79), кој повеќе од две децении беше на чело на Бразилскиот олимписки комитет, е прогласен за виновен по сите точки од обвинението за корупција, злосторничко здружување, перење пари и даночно затајување. Во истата постапка на затворски казни се осудени и поранешниот гувернер на Рио де Жанеиро, Сержио Кабрал, бизнисменот Артус Соареш и главниот оперативец во Организацискиот комитет за Игрите 2016.,…

Read More

Копретседателката на „Зелените“, Аналена Бербок ќе биде нова министерка за надворешни работи на Германија, а со тоа и прва жена на таа функција во земјата, соопштија од нејзината партија. Аналена Бербок на функцијата ќе стапи на почетокот на декември, како дел од владината коалиција формирана во средата заедно со социјалдемократите и либералите. „Зелените“ објавија дека и нивниот втор копретседател, Роберт Хабек ќе го предводи Министерството за економија и клима. Според договорот „коалициски семафор“ за формирање на влада, Социјалдемократската партија на Германија (СПД) ќе добие шест министерства, „Зелените“ пет и Либералната демократска партија (ФДП) четири. Поранешниот вицеканцелар и министер за финансии,…

Read More

Цените на акциите на европските берзи утрово паднаа за околу три отсто, бидејќи инвеститорите стравуваат од последиците од ширењето на новата варијанта на коронавирусот. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше намален за 3,3 отсто во 9:30 часот. Истовремено, лондонскиот FTSE индекс падна за 2,95 отсто, на 7.093 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за три отсто, на 15.439 поени, а париски CAC за 4,25 отсто, на 6.775 поени. Цените на акциите драстично паднаа и на азиските берзи, па индексот на азиско-пацифичките акции MSCI, без јапонските акции, беше во минус за околу два отсто околу 9:30 часот. На токиската…

Read More

Бројот на жртвите од експлозијата на метан во рудникот за јаглен „Листвјажнаја“, во областа Кемерово во југозападен Сибир, се искачи на 57, јави агенцијата ТАСС. Меѓу загинатите има и спасувачи. Вкупно 57 луѓе загинаа, вклучително и спасувачи вклучени во операцијата за пребарување и спасување, изјави неименуван извор од руската служба за брза помош. Поради вчерашната експлозија на метан во рудникот за јаглен, 50 лица се хоспитализирани, додека други 13 лица добиле амбулантска нега, според зборовите на регионалниот заменик министер за здравство, Виталиј Керасков. До 10 часот, лекарска помош побарале вкупно 63 лица. Тринаесет добиле амбулантна нега, а останатите се пренесени…

Read More

Екипа од бугарското Државно јавно обвинителство денеска треба да пристигне во Скопје за подигнување на изработените ДНК-профили од роднини на настраданите во автобуската несреќа, што потоа ќе се искористат за идентификување на починатите. Ова вчера го најави бугарскиот заменик-главен обвинител и директор на Националната истражна служба, Борислав Сарафов, посочувајќи дека по направената анализа и споредување ќе може телата на жртвите да им се предадат на нивните семејства. Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вчера потврди дека македонските власти земале биолошки материјал во Северна Македонија од роднини на загинатите за да се направат ДНК тестови и да се идентификуваат телата. Јовески во…

Read More

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ќе одржи итен состанок по откривањето на новиот сој на коронавирусот во Африка, што може да има зголемен број на мутации, јави британски „Фајненшл тајмс“. Тулио де Оливеира, директор на Центарот за одговор на епидемијата и иновации во Јужна Африка, на претставниците на СЗО им ја пренесе својата загриженост во врска со новиот сој на коронавирус Б.1.1.529, за кој се стравува дека е досега најлошата идентификувана варијанта на вирусот. СЗО потоа одлучи да одржи вонредна седница, изјави Де Оливеира за „Фајненшл Тајмс“. Експертите на СЗО, наводно, ќе разговараат дали новиот вид треба да се дефинира…

Read More

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ), Бранко Азески, во придружба на Извршниот директор, Антони Пешев, Даниела Михајловска Василевска, менаџер за односи со јавност и Нена Николовска, експерт во Комората, ќе реализира работна посета на Општина Кавадарци каде ќе се сретне со градоначалникот Митко Јанчев, раководствата на „Еуроникел“ и на Регионалната комора на СКСМ во Кавадарци. Посетата, Азески ќе ја искористи да му го честита новиот мандат на градоначалникот Јанчев, долгогодишен претседател на Регионалната комора во Кавадарци, а на средбата ќе се дискутира за врвните приоритети од значење за бизнисот кој ги дефинира Комората како што се: децентрализацијата како…

Read More

Ракетниот разорувач УСС „Арли Бурк“ (ДДГ-51), водечки брод од оваа класа американски разурнувачи, вплови во Црното Море, соопшти американската морнарица. Додека е во Црното Море, разурнувачот на американската морнарица ќе дејствува заедно со сојузниците и партнерите на НАТО во регионот за да се обезбеди безбедност и стабилност на овој витален меѓународен пат, се вели во соопштението на Шестата флота на американската морнарица. Силите на Црноморската флота потврдија дека почнале да ги следат движењата на американскиот разурнувач, а руското Министерство за одбрана неодамна предупреди на активни операции на бродска група на американската морнарица и на извидувачки летови на НАТО во северозападниот дел на…

Read More

Во Националната опера и балет (НОБ) вечерва ќе биде изведено ремек-делото на Жорж Бизе, операта „Кармен“. Изведбата на една од најпознатите опери во историјата е во рамки на манифестацијата „Есенски музички свечености 2021“. Диригент е гостинката од Украина, Оксана Мадараш, режисер Нина Најденова од Бугарија, сценограф нејзината сонародничка Елена Иванова, костимограф Марија Пупучевска, а кореограф Олга Панго. Во насловната улога ќе настапи Николина Јаневска, во улогата на Дон Хозе, Зоран Сотиров, Ристе Велков како Ескамилио, Сандра Митровска во улогата на Микаела, а во останатите улоги настапуваат Ана Ројдева Талевска, Соња Пендовска – Мадевска, Драган Ампов, Дејан Стоев и Ернес Ибраимовски.…

Read More

Канадскиот рок-пејач Брајан Адамс објави дека е во Италија и оди в болница, откако вторпат за помалку од еден месец бил позитивен на тест за ковид-19. Тука сум, штотуку пристигнав во Милано и по вторпат за еден месец имам позитивен тест на ковид. Затоа одам во болница, напиша рокерот на Инстаграм. Тој, иако наводно вакциниран, бил позитивен на 31 октомври, но без симптоми.

Read More

Македонските власти остануваат на ставот дека во претстојниот период активно ќе се бара решение за отворените прашања со Бугарија. Софија, пак, порачува дека нејзината позиција кон Северна Македонија останува непроменета и очекува конкретни резултати од дијалогот со Скопје. Шефот на дипломатијата Бујар Османи вчера во интервју за БГНЕС рече дека добрите односи со Бугарија и европската перспектива за Северна Македонија се без алтернатива. Прашан што ќе направат властите во Скопје по реафирмираниот став на Бугарија во однос на почетокот на преговорите за членство во ЕУ, Османи нагласи дека во следниот период активно ќе се бара решение по однос на политичките…

Read More

Собраниската Комисија за финансирање и буџет ќе го одржи последниот ден од општата расправа за Предлог-буџетот за наредната година, а утре треба почне и амандманската расправа што се очекува да заврши в среда. За Предлог-буџетот се поднесени вкупно 223 амандмани. Расправата за буџетот не продолжи неделава поради откажувањето на сите собраниски активности по автобуската несреќа во Бугарија. Се предвидува, според информации од пратениците, амандманската расправа да заврши в среда, а потоа текстот да се достави до Владата, која треба да ги вгради прифатените амандмани. Откако ќе биде вратен во Собрание, дополнетиот Предлог-буџет оди на пленарна седница, а таму расправата трае…

Read More